30.05.2012, 22:01 Молк за истрагата за Смилковци
Судот се' уште чека еден куп вештачења за случајот, а полицијата нема нови сознанија за двајцата осомничени убијци кои се во бегство
Љубиша Станковиќ
Затишје во истрагата за петкратното убиство во близина на селото Смилковци. Истекува и вториот месец од истражните дејства за масакрот на четирите момчиња и рибарот кој се случи на 12 минатиот месец во непосредна близина на Железарското Езеро. Судската истрага е во делумен застој поради тоа што и се чекаат наодите на експертите, откако со денот на отворањето на кривичната истрага издале еден куп наредби за постапување. Од полицијата, пак, се' уште немаат сознанија каде се двајцата избегани, осомничени за петкратното убиство, за кои постоеја сомневања дека се на Косово. И покрај потерницата која беше распишана за нив, одговор од косовските власти се' уште не пристигнал, дали се лоцирани бегалците од Смилковци.
Судот во меѓувреме чека на еден куп вештачења кои биле наложени да се извршат за случајот. „Се работат неколку вештачења, а потоа ќе треба да се направи нивна споредба. И ние чекаме на вештите наоди и мислења на балистичарите, а ги очекуваме и медицинските протоколи од Институтот за судска медицина.
Откако сите вешти наоди ќе бидат изработени и кога ќе ни бидат вратени, истрагата за овој случај ќе продолжи“, вели в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд, судијата Марјан Колишевски. Тој појаснува дека став на Кривичниот суд е дека се' што е ново и се однесува на случајот „Монструм“ ќе биде објавено во јавноста преку официјално соопштение.
Во недостиг од поконкретни информации за досегашниот тек на кривичната истрага, која се води за петтемина осомничени за бруталниот масакр кај скопското село Смилковци, неофицијално се дознава дека истрагата се' уште не ги прикажала доказите кои биле обезбедени со примената на посебни истражни мерки. Според истите сознанија, тројцата притворени и натаму остануваат на она што веќе го кажале. Двајца од нив негирале каква и да е инволвираност во трагичниот настан кој се случи на Велики четврток, а третиот го користел правото да се брани со молчење.
Информациите до кои дојдовме упатуваат на тоа дека лицето кое најпрво имаше статус на заштитен сведок, а потоа беше обвинето, во два наврати дало свое видување на крвавиот настан, но дека и двата искази му биле речиси идентични.
Она што засега е извесно е тоа дека за масакрот кај Железарското Езеро, односно за кривично дело тероризам се сомничат Агим Исмаиловиќ (33) и недостапните Африм Исмаиловиќ (32) и Алил Демири (27), а дека нивни помагачи се Фејзи Азири(54) и Рамиз Сејди (24).
Полициската истрага излезе со тврдење дека инволвираните во настанот од 12 минатиот месец настапиле од позиција на радикален ислам, но се' уште треба да се бара мотивот за бруталното убиство на младите Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и 45-годишниот Борче Стефановски, од скопското село Црешево.
Притворањето на осомничените иницираше серија протести кај младите од албанска националност, а протести имаше и од другата страна како одговор на настанот кој се одигра кај село Смилковци.
Опасност од нови напади
Ал Каеда имала три кампа во Македонија, а членови на партии од земјава се обучувале во Техеран, тврди Бабамовски
Македонија се наоѓа на крстопатот на сите видови радикализам во кои учествуваат и разузнавачките служби, кои користејќи одредени методи на радикализам и фундаментализам, настојуваат да ги заштитат сопствените интереси. Македонија се проценува како една од најслабите алки на Балканот, поради што „црната интернационала“ се организира и се подготвува. Моите процени се дека ќе има уште пожестоки акции и активности изведени на терористички план, ова се размислувањата на пензионираниот професор по безбедност, Иван Бабамовски, кој вчера присуствуваше на семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам, кој се одржува во Скопје. На него воени и полициски експерти, професори и претставници на дипломатскиот кор разменуваа сознанија и информации за состојбата со насилниот екстремизам, кој претставува се' поголема закана во светот.
Бабамовски смета дека по Смилковци, може да се очекуваат уште неколку такви акции, за кои би бил бил пресреќен доколку не се реализираат. „Тогаш нема да се срамам пред јавно��та да кажам дека сум погрешил во моите процени“, вели Бабамовски, кој повикувајќи се на своето долгогодишно искуство, нема дилема дека тоа што се случи на Железарското Езеро е терористички акт со јасна порака да се внесе страв кај населението и да им се создаде чувство дека Македонија не е безбедна земја за живеење.
„Додека криминалците вешто се кријат, терористите сакаат нивните акции да добијат одзив во јавноста. Во Смилковци се оставија такви жестоки траги како порака до граѓаните за да им се внесе страв дека државата не им ја гарантира безбедноста. Тоа покажува дека состојбата не е добра“, вели професорот во пензија.
Според него, нема тероризам без криминал, без финансии и без валкани пари. Тероризмот мора да се гледа во корелација со организираниот криминал.
„Го сменивме директорот на Агенцијата за борба против организираниот криминал само затоа што најави една невидена активност и спрега на тероризмот, на радикализмот, особено со оној исламски предзнак и парите кои доаѓаат во Македонија. На тој начин нема да дадеме придонес во антитерористичката коалиција која јас лично ја поддржувам“ критикува Бабамовски.
Тој изнесува сознанија дека во земјава постоеле три кампа за обука на припадници на Ал Каеда. „Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот“, тврди професорот во пензија. (Д.Т.) |
|
Статијата е прочитана 4534 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ne znam, 31.05.2012 00:38:11 | i nie? da se nadevame deka nam nema da ni se sluci? |
| viki, 31.05.2012 00:55:49 | Се знаеше дека сето ова ќе се заташка. Тешко на родителите и семејствата на сите петмина убиени. Ниту нешто дополнителни ќе се докаже ниту некој ќе одговара. Страшно е и тоа што доколку некој каже дека овој случај ќе нем�� разрешница, актуелната власт веднаш има одговор со изјава: Немојте да си поигрувате со чувствата на семејствата на загинатите и некој сака да си прави политички маркетинг. И тука државата затаи, незнам од кои причина. Се стиши таа ситуација и веднаш потоа не масираат со Чикаго, а после него, со Црвенковски-предавникот и Груевски-патриотот. Додека има ливади ќе има и овци. |
| Ljubotan Trade Name, 31.05.2012 03:11:13 | Hej! Sto vi e cudno ,odamna napisav i staviv opklada,deka ova ce se zaboravi,i se zaboravi; Sekoe cudo za tri dena i taka bidna. Ce se trazi-bara nekoj si nhevin Kiril Cesmen od Americkite 1960 godini da ja plati politickata ujdurma! I,taka; Noviot Makedonski Cesmen ce ja plati politickata Ujdurma na VMRO i DUI !! |
| Itar Pejo, 31.05.2012 06:25:09 | Sekade vo civiliziraniot svet vo vakvi slucai vlasta izleguva so soopstenija za scenarioto a novinarite od svoja strana anketiraat i objavuvaat svoi soznanija. Makedonskata javnost znae se za zlocinot na norvezanecot Brevik a nisto za domasniot zlocin! |
| Jovanka, 31.05.2012 08:24:13 | TISINA luge gordeto ke se naluti, ke kaze pak deka se iznesuvaat informacii, i ne moze da raboti, za greota za ubienite, inaku se znaese deka ova vaka ke ostane , tie sekoj den ke izmisluvaat novi aferi, i tka sekoja pominata da se zaborava. Bravo za vlasta, Pinoce moze voda da im nosi. |
| sime, 31.05.2012 08:25:04 | Zalosno e za ovoj narod da zivee konsumirajki vakvi vesti.Tri kampa na al kaeda vo Makedonija.Pa kolkava e Makedonija da krie takvi kampovi da ne mozat da se otkrijat ili e nesto drugo? |
| lekar, 31.05.2012 08:34:00 | Dali ovoj Babamovski ima vazhecko lekarsko uverenie? |
| bb, 31.05.2012 09:23:26 | zarem nashava zemja e tolku golema ,pa ne moze da se najdat kampovite na al kaeda ako veke gi ima kaj nas,i toj korov ne nanesuva shteta samo na hristijanite, se lazat,ako taka razmisluvaat nashite albanci |
| jovan, 31.05.2012 09:25:57 | Hronoloski gledano nanazad, ova bese ocekuvano deka se ke se zataska. Smiljkovci, pa Chicago, vo meguvreme *sitni afercinja* od tipot begstvoto na Danevski (koe ke zavrsi nesto slicno kako Daravelski)sega aktuelno e *driblanjeto* Gruevski-Crvenkovski, denovive ke smislat nesto novo, i se taka kako i izminative 20setina godini. Na kraj *molerot* Taci ke ispadne deka e najpametniot i najgolemiot vizioner koj mozebi e vo pravo koga kaza: Ova e samo fiktivna drzava. |
| mene, 31.05.2012 09:32:12 | Нема никој да се изненадиако и овј случај се заташка или одолговлечи.Да беа актери православни радикалисти досега пола Косово и Албанија ке се дигнеа на нозе.За нашиве ,македонски албанци , да не зборувам Тие воопшто немаше ни да клекнат.Постојано ке беа во стоечки став. |
| Ivan, 31.05.2012 10:43:03 | Секако дека сеуште имаме гнев во нашите души , но што можеме да направиме .. зар имате некоја идеа.. Едноставно треба да оставиме да си работат нашите власти , а Гордана верувајте дека го нема заборавено ова . Зар има некој што воопшто го заборави ова , овој масакар на тој голем празник ВЕЛИГДЕН. Да ги вратиме неможеме , да помогнеме исто така ни останува ..трпение , спасение . Верувајте бог е голем . |
| milena, 31.05.2012 10:46:00 | I ovie ce bidat oslobodeni..Ostanuva samo zal za izgubeni nevini mladi zivoti. uste ednas ce kazam..Da si dade ostavka Goca..Dali mirno spie |
| od citatel, 31.05.2012 13:11:44 | neznam sto barate od gordana i kampanija pa ete site od paezina gi zatvore za neplaten danok lybe boskoski za parite sto my gi podmetnaja farmero od bitola go navrede premiero licemereco gryjce pa cekajte 24 sati rabota nemoza da stigna ybistvata stana nevazni vo nasata drzava a i dagi fatat kegi amnestira nezaboravena bolka koi gi zagybija zivotite na veligden a gryjce kese rasprava so branko pozdrav |
| лудебит, 31.05.2012 14:21:28 | Него гледам Фаликс,ајде пријателе тресни некоја. Дали знаеш Гебелс првин кај удри, на нашата МРТВ, оди со далинското и најди еден сервис за ТВ информации, во соседството и подалеку во свет 12,00 сегде се вести а на нашава патриотска тв народни приказни и уште какви се глупости. сите сме померени за некој степен, а нашиот антички Гебелс ќени го пере мозокот со патриотизам, жална наша Македонија се што е фингирано ќе поминува. Ние одиме во МИНАТОТО. |
| Archelay, 31.05.2012 17:53:35 | Me cudi kako toa ovdesnive komentatori preku nok da postanat specijalisti za policiska strucnost?Tolku faktiiznesovte sto nema da me zacudi ako gi sretnam vasite iminje na demonstranskite plakati vo znak na pompeznost za vasite otkritija.Prodolzete da dolevate benzin na ognot i bidete ubedeni deka plamenite jazici ako ne do vas ama do vasite najbliski-sigurno ke stignat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 29°C
Делумно облачно
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 19°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|