Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
30.05.2012, 22:13

Поглед

Тајната на „Астерфест“

Сунчица Уневска

„Астерфест“ е успешна приказна. Осум години овој фестивал на краток и документарен филм, сплотен со прекрасната Струмица, покажува дека е можно и поинаку. Можно е да ги мотивирате луѓето ако им покажете дека верувате во нивните приказни и можно е да ги трогнете ако вистински го вреднувате нивниот влог и творештво.

Неслучајно, во Струмица токму средбите со авторите од сите страни на светот се негово обележје. Но, тоа се оние автори кои не се толку често присутни во јавноста, не, тоа се луѓе кои животот го посветиле на својата работа и кои, без оглед на одгласот, уживаат на свој начин во делата да го преоткриваат светот.

„Не сакам овде да зборуваме за мене“, рече бугарскиот режисер Рангел В’лчанов. Во дворот на прекрасниот манастир во Велјуса тој сметаше дека треба да ја слушаме тишината и вековните молитви, а не да зборуваме за нешто минливо, како што е филмот. Лаила Пакалнина, пак, од Латвија рече дека Венеција и црвениот килим е ништо во споредба со ова чувство и фактот дека народот во Струмица ја открил убавината во нејзините дела.

Затоа Струмица и „Астерфест“ се посебни, затоа што неверојатно се надополнуваат, затоа што умеат во секој агол од градот да откријат нови кинематички простори и затоа што народот го сака овој фестивал. „Астерфест“ има публика која ја вреднува големината на она што фестивалот и го носи. Не заборавајќи ги нашите творци и нивното наследство, олицетворено во наградите „Ацо Алексов“ и „Ѓорѓи Абаџиев“, не заборавајќи ги и младите македонски автори, кои често фестивалот ги открива и промовира пред нашата, но и странска публика.

„Астерфест“ е успешна приказна, која Струмица умее да ја препознае, но која со уште поголема поддршка лесно би била препознаена и многу пошироко.


Статијата е прочитана 939 пати.

Испрати коментар



Волерс
Попоски
Уште една рунда дриблање на јавноста
Има ли тортура во затворите
Молк за истрагата за Смилковци
Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
„Пелистер“ го почна походот од Охрид
Сите чудни коалиции во македонската политика



zoran, 31.05.2012 11:34:16
Ne zaboravajte deka festivalot zapocna vo prviot mandat na zaev, znaci nekoj imal ideja i ponudil pomos.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |