30.05.2012, 21:40 Повторно „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ
Повторно ќе излегува весникот „Глас“, гласило н�� ВМРО-ДПМНЕ, но отсега во електронско издание. Новото издание на „Глас“ излегува по пауза од речиси десет години, односно неговата последна печатена верзија беше објавена по парламентарните избори во 2002 година.
Директор на „Глас“ ќе биде пратеникот Илија Димовски, кој го раководи и Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој го издава весникот. Главен и одговорен уредник на новиот „Глас“ е Борче Стамов, а извршен уредник Луке Галески.
Колумнисти во првиот електронски број се вицепремиерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Првиот број на „Глас“ се појави на 31 декември 1991 година, а како главен и одговорен уредник го потпиша поетот Јордан Даниловски.
|