30.05.2012, 21:12 Си велам
Северна Македонија не е сензација
Ерол Ризаов
Дали и по седум години ке се караме кој повеќе е виновен Груевски или Црвенковски што не можеме да станеме членка на НАТО како Р. Северна Македонија
Предлог со име Република Северна Македонија веќе не е првокласна сензација, дури и кога го дава познат политичар и јавна личност. Во неделникот „Граѓански“ Владо Поповски во интервју со новинарот Васко Попетревски за ова име со географска додавка ќе каже: „ За мене лично тоа решение е прифатливо, апсолутно. Вие откочувате процес и предрасуда што ги создаде Грција, ги елиминирате комплетно, влегувате како членка во НАТО, релативно брзо и во ЕУ, со што амбиентот за инвестиции станува многу подобар. Нацијата живее од иднината, не од минатото....“ Натаму во извонредно интересен и храбар јавен настап Поповски прецизно ги образложува и прашањата околу идентитетските предрасуди, заблуди и нивните политички злоупотреби. Во тоа интервју има и многу други сериозни пораки и критики до власта и до опозицијата и до актуелни политичари на високи функции. Секако најсилно е предупредувањето дека опасноста за опстанок на Македонија не е помината. И Поповски го јадат истите јанsи како многумина од нас: „Срамота би било да ја изгубиме државата“.
Требаше да поминат цели пет дена да се слушне првата реакција по овој по многу нешта неочекуван јавен настап на Владо Поповски. Со голема доза на љубопитност чекав да видам кој прв ќе реагира. Дали тоа ќе бидат познатите медиумски јастреби на ВМРО ДПМНЕ, или дежурните за одржување на хигиената на СДСМ. Кога гледај чудо, целосен молк. Човек да не знае што да мисли по толку години работа во оваа проклета, ама интересна професија. Си велам Владо не е човек што гази на гнила штица. Неговата политичка и професионална биографија е многу интересна и за време на транзицијата, но и за време на претходниот општествено политички систем. Неговите противници би го нарекле контроверзна личност, играч за сите тимови со широкорастеглива иделогија од лево кон десно. Но, она што останува како факт, и што добро го нотира Попетревски, е што Владо Поповски универзитески професор е човекот што учествува во пишувањето на првиот Устав на самостојна Република Македонија, но и на неговите измени 2001 година, учествуваше и во охридските преговори и во подготовката на Рамковниот договор, министер е во владите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, во клучни ресори, соработник е на претседателите на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, прв директор на агенцијата за разузнавање, има зад себе многу научни трудови и е општопозната јавна личност. Но за оваа сторија, кога тој јавно се изјаснува дека апсолутно е прифатливо името Република Северна Македонија е најважно што тој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, член на Советот на Скопје, а многумина го сметаат за еден од главните идеолози на десницата. Зошто сега ова испаѓа најважно, кога човекот има богата биографија. Затоа што ваквиот настап не се совпаѓа со едноумието околу ова прашање кое владее во ВМРО- ДПМНЕ, каде изјави за името на државата не смеат да даваат ни на сон највисоките партиски и владини функционери, без да го прашаат премиерот Никола Груевски.
И еве сега серија прашања и дилеми кои ме следеа оваа недела во врска со ова интервју. Дали можеби и Владо Поповски е нешто лут и веќе му е смачено што не добил во последно време некоја поголема функција. Неговото име се споменуваше за уставен судија. Ја отфрлив оваа можност како малку веројатна за силен мотив на еден пензиониран научник. А, да не е ова пробен балон во консултација со Никола Груевски. Ова веројатност отпадна побрзо од првата, иако јастребите можеби заради тоа молчат. Ако пак се заспани новинарите и ги фатило шаховско слепило, па за пион, губат дама. Можеби, предлогот Република Северна Македонија не е веќе таква сензација од која се крева коса на глава како порано. Чинам дека во прашање се овие две последни категории, малку турска гимнастика кај новинарите и доста страв кој обично се лекува со рамнодушност и апатија.
Неисе, прв се огласи дневниот Фокус, а потоа уследија видно воздржани реакции од центарот на комункации на ВМРО-ДПМНЕ дека тоа се лични ставови на Поповски. Јастребите уште молчат. Чекаат сигнал.
И на крај еве го доказот зошто мислам дека во Македонија спласнува и се разгорува тензијата околу името кога тоа го посакуваат политичарите, особено тие кои ја држат власта со регулаторот во раце нивелирајќи ја висината на температура околу името на државата. Тоа најдобро го покажа предлогот на Владо Поповски за Република Северна Македонија и интервјуто на Бранко Црвенковски за Канал 5 дека 2005 година имало поповолни решенија кои не ги прифатила ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Додека Поповски мина мирно и без сензации, џокерот на Црвенковски предизвика лавина и откри неколку работи кои сме ги заборавиле, а кои своевремено биле достапни на јавноста, а сме ги примале со многу емоции и револт. Прво, се соочивме со една смешна типична македонска работа: тоа што е прогласено за државна тајна е објавено уште 2005 година во сите медиуми тогаш кои нешто значат, а јавниот обвинител не покренал никаква постапка. И сега со неколку клика во архивите на весниците ќе ја добиете на екран големата државна тајна од запирка до запирка. Второ, она што нас посебно не' интересира за тезите во овој текст е одговорот на Минстерството за надворешни работи на соседна Грција по повод предлогот на медијаторот Метју Нимиц кој стасал за неполни три часа откако Грците го виделе и прочитале. Се надевам дека Грците ова не го третираат како нивна државна тајна. Еве што напишале нашите судбински комшии: „Предлогот на медијаторот Нимиц е едностран и пристрасен т.е. ги поддржува ставовите на Скопје што не е во согласност со концептот за посредништво на ОН. Целта на посредништвото е да се дојде до компромис што ќе биде прифатлив за двете страни и кој ќе ја олесни билатералната релација меѓу двете држави и комуникацијата меѓу двата народа , но со ваквиот предлог тоа не е случај. Атина ќе го блокира барањето на БЈРМ за членство во која било меѓународна организација ако се обиде тоа да го стори под друго име што не е Поранешна Југословенска Република Македонија“.
Читајте внимателно не е грешка: ни' се заканиле дека ќе не' блокираат Грците за членство во сите меѓународни асоцијации ако тоа не е со името БЈРМ. Споредете колку многу сме напредувале во преговорите со Грција и колку многу големи поддржувачи сме стекнале во светот од 2005 година наваму. Сега, со хашка пресуда бараме членство во НАТО и во ЕУ со БЈРМ, па не' откачуваат мазно. Во 2005 година тоа сме го имале во џеп. Но тогаш членството со БЈРМ ни' изгледало страшно. Сега тоа е голем успех, дури и со грдата привремена референца која стана главен адут по хашката пресуда. Дали по седум години ќе има уште една хашка пресуда во наша корист и ќе се караме кој повеќе е виновен Груевски или Црвенковски поради неправдата што не можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ како Република Северна Македонија. |
|
Статијата е прочитана 4165 пати.
|
Испрати коментар
|
|
gragjanin, 31.05.2012 00:48:00 | Odlichna poenta, toa e sushtinata na problemot:zadocneta pamet! No, taka e koga ne razmisluvame so ladni glavi tuku gledame i veruvame vo politichki reklami |
| USA, 31.05.2012 01:52:07 | Ustavot na Republika Makedonija ne e tajna i tamu glasi imeto sto ni pripadja. Namesto driblanje, dovetnite sto lefteruvaat kompromisni resenija, neka baraat promena na Ustav so nekakvo si drugo ime...........pa da vidime togas kakvi ke bidat reakciite. Se drugo se PROTIVUSTAVNI aktivnosti. |
| Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES, 31.05.2012 02:06:28 | Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски и Иванов! |
| pameten, 31.05.2012 05:58:20 | Суштината на предлогот на Нимиц од 2005 и клучот за решавање на спорот е точка 9: Ниту една земја нема да инсистира на екслузивност во однос на поимот Македонија, (на ниту еден јазик), во историски, георгафски или трговски аспект. Ако ово се прифати, спорот е решен. Ако не се прифати, по 20 година може да не остане ниту Македонија, ниту Македонци во смисла која што има денес во земjава. |
| Itar Pejo, 31.05.2012 06:32:01 | Erole, promena na imeto (dodavka) nieden politacar vo Makedonija nemoze da prifati. Toa bi bilo kako da prifati amnestija za haskite slucai! Megutoa po prasanjeto Republika Severna Makedonija moze sekogas da se dade avtenticno tolkuvanje. |
| ФЕЛИКС, 31.05.2012 06:44:55 | Има тука две работи кој пречат.Првата е онаа ,,поволна понуда,, која селективно со џиткање ја обзнани лидерот илузионист а не спомнувајќи го анексот на тој предлог.Па така г-дине Ризаов анксираниот предлог со ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА и МАКДК не е воопшто добра предлог,туку очигледна деиндентификација и јазично оспорување. Како второ кога ќе прочитаме од вас како мислите би се решил проблемот со името па да се сложиме или критикуваме. Воодушевување на тоа кој како рекол говори за бојазност за јавен настап со предлог ваков или онаков.Образложете го веќе еднаш својот став а не аналитика на тоа кој што кажал некаде и од кои поводи. |
| Istocna Makedonija, 31.05.2012 08:05:06 | Koj e kriv?!Krivi sme site sto gi glasame!Ili,pak sme hendihepirani sto mal ni e izborot.Nema asalni i doblesni politicari,ili malku gi ima.I koja e
fajdata ako zgradata padnala,a nekoj si e kriv!
Posledicite se teski,nema kade da se zivee.Nema izlez,perspektiva,nema pristoen zivot,se e siro-
mastija. |
| Miki, 31.05.2012 08:26:18 | Po sedum godini, ako dotogas ne se resi problemov, nema da ima NI KOJ ni ZA STO da se rasprava ni da se kara..Makedonija ke bide samo eden tazen spomen za site nas i kraj na dosadniot problem za sosedite.. |
| Dragica Lapajkoska-Belchevska, 31.05.2012 08:27:23 | Pofesor,za sekoja cest,no nestabilen politicar.
Najprvo ce se vratam na negoviot tatko, partizan,a mislam od bugarskite okupatori i predavnici bese otepan negov rodnina,a nasiot profesor Popovski mi fali nekoj si Aleksandov Todor,sto mrtvite vo grobot ce se prevrtuvaat na negovata izjava.
Za Ustavot na RM da ne zboruvame
Taka da poagjajci od samata sebe koga ce napravam greska bi bilo necesno da kritikuvam drug.
Popovski veruvam deka vo sebe znae deka ne treba vakvi izjavi da dava,no mozebi e pod necie vlijanie. |
| Veselin, 31.05.2012 10:40:03 | Rizaov sekogas bara spremni za promena na imeto,a toa znaci i na nacijata i jazikot.A zosto Grcija ne imenuva Juzna ili Dolna Makedonija?Pa tamu nema etnicki makedonci,samo so geografska odrednica,kako na pr. Grci Korintjani.Inace taa oblast bese zvanicno Severna Grcija i naprasno kon krajot na 1980-te pocnaa da ja imenuvaat Makedonija .Inace nema drzavna teritorijalna edinica Makedonija.Od osum tri se -Zapadna,Centralna i Istocna Makedonija so Trakija.I neka mi objasni dr.Rizaov do kakva zabuna moze da dojde so Republika Makedonija.A dodavkata Severna ke se prenese i na nacijata,jazikot i se dr.Grcite toa ne go krijat.Ili ne e taka? |
| Za se se treba akal., 31.05.2012 11:34:21 | Da bevme itri i lukavi kako Danajcite,nie togas trebase da kazeme deka predlogot na Nimic e dobra osnova za postiganje na nekakov kompromis. So toa Grcite koi vo rok od 3 casa go otflile vo celost ,ce gi isteravme na cistina ,a nie ce dobievme mnogu simpatii kaj SAD i drugite znacajni zemji.Namesto toa se fativme so inaet i antikomanija i eve dokade doteravme. No koga se nema um taka i se postapuva.Sto se odnesuva za g-not Popovski, istiot e poznat politicki ekvilibrista ,vetrokaz ili narodski kazano, vrtikapa. Toa uste se narekuva politicko kameleonstvo.I na kraj sto ima tajno vo objaveniot predlog na Nimic? Pa neli narodot na kraj treba na referendum da odluci dali go prifaca kompromisot ili ne? Dali nekoj se plasi od narodot ili se saka da se resava toa vo tesni elitisticki krugovi? |
| Коста Стоименовски, 31.05.2012 11:41:44 | Потсетете се кој велеше „Разумен компромис е разумен компромис“. Значи постои подготвеност за компромис околу името!!! По бројните средби со екс-грчкиот премиер Ј. Папандреу, премиерот Н. Груевски најавуваше брзо решавање на проблемот со името! М. Велиновска како безрезервен подржувач на политиката на Премиерот изрази подготвеност за прифаќање „прекар“ во името на нашата држава! По катастрофално лошите резултати во економијата, образованието, здравството, социјалата.... името останува единствен „столб“ за победа на изборите и за одржување на оваа власт. Уривањето на овој столб ќе го означи и крајот на актуелната власт. Само политичар без визија може да ја „напали“ „рајата“ дека со промена во името ќе се означи и крај на државата и сега главен проблем е како да се запре оваа вештачки создадена непромислена инерција! А, притисоци за решавање на проблемот околу името од сите страни, освен од „преродбниците“, кои најверојатно наскоро ќе ја променат „плочата“ и ќе запеат нова песна! |
| Kocin, 31.05.2012 12:02:23 | Gospodine Rizaov, dovolno kazavte za sposobnostite na profesorot koj uchestvuval vo Ramkovniot-ohridski dogovor so koj ja izgubivme drzavnosta na zemjata. Sega negoviot predlog Severna Republika Makedonija e najdobro reshenie za nego i za Vas g.Rizaov. I ushte velite ne se zivee od minatoto tuku od idninata. Navistina me chudi i zagrizuva edno takvo mislenje od Makedonci ako ste vistinski Makedonci!!!??? |
| Jован АН, 31.05.2012 12:39:22 | Северна Македонија = Северномакедонци (а не Македонци!) како Белорусија = Белоруси ( а не Руси).А што ќе бидат Македонците во другите држави?Северна Македонија е можно само ако има и држава Јужна Македонија.Прашањето е з о ш т о јужниве сакаат промена на името на Република Македонија?Зарем има и такви на кои сеуште не им е јасно па сакаат да им угодиме? |
| Dzitkachot Feliks, 31.05.2012 12:46:49 | Da ne bea ovie patriotite, ke se v chlenivme vo NATO i EU so *sramnata referenca*, kako i vo site drugi svetski organizacii i drushtva. Shto mu trebashe taa antika na premierot? Pa ne smee toa sam sebe da si go pravi, a kamoli na cel narod i drzava. Se ponasha tochno kako nekoj od negovite komentatorite/inatchii, ne orientiran i nedokvakan, pa imame prashanja od tipot: shto Grcija ne si go smeni imeto na nivnata (za nekoi nashata) pokraina, da gi prekineme razgovorite i sl. Pa da sme taka silni, nie voopshto nemashe da pochneme da razgovarame so Grcija ili potochno, na Grcija nemashe da i tekne da ni go pravi ova shto ni go pravi. Kako nekoi ne mozat da ja svatat realnosta? Ne mozam da gi razberam. PS: Feliks, Erol dade predlog, ti slabo chitash ili teshko svacash. A da ne beshe referencata, seushte ke bevme nadvor od ON, kako shto sme so NATO i EU. Ke ne *dzitnea*. |
| naumce srbinoski, 31.05.2012 13:01:17 | Ima dosta luge sto ne se profesori, ama podobro znaat od profesori sto znaci da se zivee gordo so krenata glava. Vlado Poposki e bolen za funkcii, se razbira vrvni, i zatoa se seta od levo na desno, i dojde duri do magister Nikola Grueski da mu bide mentor. A,za imeto? Toa ke go promenime koga Dolno Dupeni ke stane Severno ili Juzno, seedno. |
| Vinci, 31.05.2012 14:58:58 | Ima li kurtul od ovoj Failix, nema kade go nema, da te fati ,,macnina,, kako sto izjavuva negoviot lider.Na vakvo uporno servilno verglanje bi im predlozil vo Centarot za komunikacii (manipulacii)
na DPMNE da go postavat za portpar(t)o(a)l, pa kolku saka neka lae i vergla za tie sto go najmile.... |
| canberra, 31.05.2012 15:28:27 | Sepak dali denes ili utre ke go smenime . Samo se zamajuva narodot . |
| do pameten, 31.05.2012 17:00:38 | Imeto Makedonija e nase ime i samo nie Makedoncite go koristime za nasata drzava i nikoja druga drzava.Zatoa imeto Makedonija e samo nase ekskluzivno,no i etnicko i istorisko pravoToa ime e etnicko.I sekako drzavata ke si opstane zasekogas.Tvojot omilen Ljubco ne se vrakja na vlast,a ovaa vlast ke si ja pee istata pesna.Taa e deka ne go davaat imeto. |
| Kriticen, 31.05.2012 20:33:35 | Ne e senzacija, ama e genocidno predavstvo kon Makedonskiot narod! |
| Mirko, 31.05.2012 22:35:23 | Macedonia timeless.Tocka |
| wd40, 01.06.2012 00:41:54 | Ama nema pravo nikoj da mi menuva imeto...Jas sum uspesen imam jaka rabota ne custvuvam kriza taka da nekoj da mi menuva ime vo ime na podobar zivot ne fala jas veke imam ubav zivot a sit onie nesposbni ako ne im cini odete nadvor....Erole ti dosta komentiras za ova ti ne si makedonec tuku Turcin taka da site sto ne se Makedonci moze slobodno da si odat od RM |
| Sasa, 01.06.2012 07:46:49 | Bilo kako neka se vika samo da ne pustat da izlezime i da zarabotimo nekoja paricka za da mozeme da preziveeme inaci ovde posobeno ova vlast ni e.. majceto nemame ni za LEB a ista e i vlasta na sdsm. PROKLETSTVO |
| Aleksandar, 01.06.2012 14:18:22 | Cel svet nauci da igra kako sto sviri USA, nie uste ne mozeme da go naucime oroto.....mozebi ke i se sprotistavime na USA?????..hrabrost ludost.... |
| Avstriec, 01.06.2012 18:17:36 | Imeto Makedonija e ime na poshirok region koj opfakja povekje drzavi. Ako kaj niv se narekuva Egejska, kaj drugite Pirinska.... kaj nas moze da bide Vardarska ili Severna (nisto protiv).Megjutoa licno ne mozam da prifatam da istiot toj narod bide zaloznik na grst politicari koi kupuvaat poeni vo predizborni kampanji vrz osnova na toj problem koj trae vekje 20 godini a kje trae uste tolku, ako narodot konecno ne zeme stap vo raka pa ga gi istera istite poenteri od SDSM i VMRO. Poglednete malku vi okruzuvanjeto ....do 1991 site ni bea pod noze a sega site ne gazat i se 100 godini ponapred od nas.. Treba da se sramime od vakviot presvrt.... |
| Makedonec, 01.06.2012 18:55:55 | Каков било „прекар„ „неколкумесечна додавка“,односно, каква било промена на „Република Македонија“, извршено од кого било, од која било партија, ќе доживее судбина на насилно отфрлен дел што некој ќе се дрзне и ќе се обиде да му го импутира на живото ткиво на македонскиот народ и македонската држава. Кој било политичар, кој било политичар, нека си се викаат дома како сакаат, но нека ги газат честа и достоинството на Македонија. Никој нема право да не преименува мене и моите потомци како „Северномакедонци“, „Горномакедонци“ ... Засекогаш и никогаш. А за проблемите околу влегувањето во НАТО и ЕУ има чаре да се надминат, без да се напуштат, туку да се задржат како
приоритетни цели. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
|
Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
|