Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Саботен Магазин
01.06.2012, 19:58

Саботни муабети

Секој со своите „бубачки“

Огнен Јанески

Балканската фолк-икона Цеца пред Задушница го задуши Скопје со огромниот број посетители на нејзиниот концерт одржан во четвртокот, во „Метрополис Арената“, за разлика од светски популарната французинка Заз кој три дена пред Цеца, скромно си ги собра своите обожаватели во „Универзалната Сала“. Секој со своите „бубачки“ би рекол во оваа пригода.

Вечерта на одржувањето на концертот на Цеца, пријателите бурно ми се подготвуваа за проследување на овој настан на годината, па ме прашаа дали сакам да одам со нив. Мојот одговор беше дека веќе се имам договорено за да ја проследам балетската претстава „Меѓусвет“ на Танцовата академија на Рисима Рисимкин, по што, секако, „сељакот“ во приказната испаднав јас, зашто бев можеби меѓу ретките кои не беа на Цеца, или кој не ги објавуваше нејзините песни на своите Фејсбук-профили. Секако од сечија страна, епитетот ми беше доделен на шега.

И додека Цецините фанови пееја како едно со неа, јас седев, следејќи балет, во публика која броеше максимум 30 луѓе, а седишта имаше баш толку. Тука некаде ми прелета и мислата за Заз, која беше долго најавувана и за која првенствено беше објавено дека ќе го одржи концертот во „Метрополис Арена“, но, разбирливо, поради страв од недоволна продажба, го преселија во Универзална. И со право! Вака барем Заз беше уважена како вистинска ѕвезда, со полна сала, која собира толку - колку и плоштадот на Монмартр во Париз.

Она што ми се јави како размисла не е прашањето на вкусови на младите или постарите. Факт е дека Светлана Ражнатовиќ – Цеца, му се допаѓало тоа некому или не, стана историја на Балканот, примарно преку музиката, секундарно преку поврзаноста со мафијата. И од моја гледна точка, морам да кажам дека имам почитување за неа само поради нејзината упорност и покрај се’ да се одржи со децении на сцена. Е добро де, има и една-две песни што би ги слушал, признавам.

Но, размислата што ја имам во главата се’ уште, е впрочем моментумот дека нашите културни работници од областа на класичната музика, операта, балетот, филхармонијата, филмот... се свесни за состојбата во која се наоѓаат, па прифаќајќи го тоа, прават претстави и прикажувања за мали публики, на мали сцени, опишувајќи го тоа како нешто што е интимно за нив и за публиката и притоа ни го натураат како нов видик во уметноста.

Чуден герила-маркетинг, кој следствено се јавува поради немањето поддршка од државните институции толку – колку што имаат Лепа Брена и Харис Џиновиќ, на пример, за настапот на очекуваниот Пиво-Фест во Прилеп, но и најмногу поради публиката која, или веќе не сака да се „преправа“ дека разбира што е всушност уметноста, иако многупати им е неразбирлива, или пак, веќе не е елитно да се оди на уметнички настани, каде што единствено (според стереотипите) пријатно се чувствуваат луѓето што изгледаат чудно. Можеби повеќето се веќе уморни од ставање маски, кои не им прилегаат.

Можеби на народот му е веќе смачено да се обидува да разбере нешто, што му е толку далечно, па потребата од забава ја наоѓа кај најупростените нешта, како што се турбо-фолк музиката, уметничките инсталации, кич-танците, стенд-ап комедиите и сличните појави на новото време.

Во случајот, се обидувам да зафатам нечија страна и да сфатам во која насока да оценувам, но, на крајот единствено ќе разберам дека секој си има право на свој личен избор и на свои вкусови. И никој, ама баш никој нема право да го критикува вкусот на другиот, зашто ќе треба да очекува дека истото ќе му се врати.

Времето кога требаше да се сопрат овие појави, особено кај нас на Балканот, замина, помина и не’ одмина. Тогаш кога некој требаше да реагира, не дејствуваше, па така сега, редно е да се прифатат желбите на луѓето. Впрочем, во ова општество во коешто живееме, единственото демократско право на избор е токму вкусот за забава, уметноста по свое видување и личното мислење, иако многумина се обидуваат и токму во тоа да завлезат со критика и автократност. Но, неуспешно е чинам, зашто економијата малку повеќе потпркнува од Брена и од Цеца, отколку од Заз или Дуран Дуран, па така, останува да се навикнеме и да си одбереме во која насока ние ќе одиме – кон малите и интимни, а сепак критички оценети како „фантастични“ претстави и филмови, или пак на масовно посетените и без никаква критика концерти.

Во секој случај, за да видите дека некогаш може да се спојат и двете страни во една, односно интимното и масовното – побарајте ја иконата на Цеца на Гугл или Фејсбук. Во тој стил ви ја честитам Естрадна Уметница (Ест. Ум) Цеца! Нека е за многу години и повеќе.


Статијата е прочитана 2651 пати.

Испрати коментар



Кралска пловидба низ Темза за дијамантскиот јубилеј
Моника и Бил од Кривогаштани
Часовничар на скапото време
По Цеца, во Скопје се' е исто
Јана Бурчевска и Тони Зен - заштитни лица на „јанг дерм“
Во името и за правата на граѓаните



Zoki, 02.06.2012 01:58:37
Uzasna kolumna, uzasen kolumnist... samo toa imam da go kazam... pozzz utrinski se nadevam deka ke se vratite vo kolosek i povtorno ke bidete vesnik sto nudi najdobri cetiva, a ne vakvi povrsni prikazni na luge sto sakaat da se narekuvaat kolumnisti! pozz
jas, 03.06.2012 01:26:09
Za vkusovite ne se diskutira Zoki, ne se kolumnite samo za bistrenje politika, ako ne priimeti ova se sabotni muabeti. Mene mi se dopadna analizata na ovoj balkanski fenomen. Utrinski podobro od nas znae što se čita
GO SAKAM SKOPJE, 03.06.2012 10:46:13
Kulmnite na Ognen Janevski,mozebi se premnogu intelektualni za komentatorot Zoki,pa smeta deka e *Uzasna kolumna,uzasen kolumnist..* davajki mu i soveti na Utrinsk da se vrati vo kolosek...!So ovoa,bash se potvrduvaat zaklucocite sto takareci vo site svoi kolumni,poucno i nenametlivo, ni gi dava Ognen, verijatno nadevajki se deka ke ni pomognat da go rafinirame i nasiot vkus. Od edna kolumna do druga, ne gledam nekakvo podobruvanje od nasata citacka publika! No , Ognen ne trebe da se obehrabri, neka prodolzi so svote viduvanja i diskretni siveti. belki nekomiu ke mu *vleze vo glavat* onoa sto Ognen saka da ni kaze!
Некоја, 03.06.2012 17:07:36
Зоки, оди одмори малку и поштеди не од твоите коментари. Колумните на Огнен секогаш се со поучен текст само кој колку е паметен да ја извлече таа поука.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |