Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Саботен Магазин
01.06.2012, 19:50

Смени го каналот

Моника и Бил од Кривогаштани

Јасминка Павловска

Секоја чест за „Фејсбук“, ама кој што сака нека каже, ако муабетот не излезе на телевизија, како да не отишол подалеку од селската чешма. Ако е можно тоа да биде во Дневникот на некоја телевизија со национална концесија, работата ќе добие на малограѓанска тежина и национален скандал! Веројатно тоа била логиката на дописникот на Канал 5 од Прилеп и уредникот на пладневниот Дневник на истата телевизија, во минатата сабота (26. мај), кога повеќе од пет минути одеше прилогот за љубовната фејсбук-дописка меѓу некојси новосоздадени политички „фактори“ од локален карактер. Па „недозволената љубов“ меѓу женетиот „моќник“ од Кривогаштани и немажената политичка „ѕвезда во подем“ од Прилеп, со потекло од Кривогаштани ( можеби беше и обратно), која според атрактивноста на ликовите не ги задоволува ни критериумите за сочна таблоидна приказна, дури и драмски илустрирана, пополни значително време во Дневникот. Така приказната која се одвивала на Фејсбук, што во денешно време го заменува значењето и влијанието на „селската чешма“, доби национален третман во минутажа веројатно и подолг од своевремено аферата на Бил Клинтон и Моника Левински. Заради Евровизијата што беше на програмата на МТВ, во истиот тој ден не бев во можност да го следам вечерниот Дневник на Канал 5, за да се информирам за евентуалното продолжение на кривогаштанската афера - дали „локалниот фактор“ има намера од „ѕвездата во подем“ направи „чесна и вистинска дама“, или ќе се „испонаша“ како Бил кон кутрата Моника. А од првиот прилог и покрај сочноста во презентацијата, останавме ускратени за реакцијата на кривогаштанската Хилари. А можеби таа ( Хилари) и не сфатила кои се нејзините блиски Бил и Моника? Навистина „интригантна“ афера!

Таблоидизирањето на централните информативни емисии, демек Дневниците, очигледно е тенденција што не може да спречи. Прво, заради тоа што телевизиите што емитуваат програма на територијата на Република Македонија секогаш го имаат албито дека „така се прави во светот“. Второ - општественото тернд, воопшто во земјава, тенденцијата за таблоидна афирмација ја доживува како престиж и прифатлив стил на живеење. Верувам дека најсреќни од минатосаботниот прилог во Дневникот на Канал 5 најзадоволни биле токму „Бил и Моника од Кривогаштани“, иако веројатно му праќале „предупредувачки абери“ на дописникот од Прилеп. Во кривогаштанската средина, но и во севкупниот општествен амбиент владее логиката дека пострашно од озборувањето е да не бидеш озборуван. Како трето, тоа е и логиката и „тајната желба“ не само на локалните „фактори“, туку и на политичките елити во државава. Иако обландата е парламентарна, или „ударнотерминска“, постојаните „провокативни“ изјави и дискусии за „ланскиот снег“, како на опозицијата, така и на власта, не се ништо повеќе од таблоид. Ако некогаш таблоидната логика беше дека „хартијата трпи се' - денес се' пишува утре се заборава“, денес таа е модифицирана во: „На Фејсбук се кажува се', ама на телевизија станува таблоид. А се заборава со следната афера.“ Затоа, секоја чест на Фејсбук, ама телевизијата се' уште си го има приматот на „глобална селска чешма“!

П.С. Навистина го очекувам продолжението на аферата на кривогаштанските Бил и Моника. И го очекувам „хепиендот“ на нивната свадба, па макар и за таблоидни потреби!


Статијата е прочитана 2608 пати.

Испрати коментар



Секој со своите „бубачки“
Кралска пловидба низ Темза за дијамантскиот јубилеј
Часовничар на скапото време
По Цеца, во Скопје се' е исто
Јана Бурчевска и Тони Зен - заштитни лица на „јанг дерм“
Во името и за правата на граѓаните



Istocna Makedonija, 02.06.2012 07:44:49
Non comment za ,,nacionalnimediumi i za nivnite malograganski ,,bravuri,koi opstojuvaat so slu-zenje i dodvoruvanje na sekoja AKTUELNA vlast.Taka bese vo minatoto,taka e sega,a vo idnina?!Cik pogodi?
stojko, 02.06.2012 07:54:13
ако го чекаш хепиендот спремисе за кума!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |