27.05.2012, 18:24 Каква корист од уште една тужба
Проблемот не е во пресудите, туку во недостиг од политичка волја на членовите на НАТО и ЕУ
Светлана Унковска
Што би можело да и' донесе уште една тужба на Македонија против Грција во судот во Хаг или, пак, она што се наведува како можност, да се упати укажување дека нашиот јужен сосед не ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата? Според некои информации по Самитот на НАТО во Чикаго, правниот тим кој беше задолжен за составување на тужбата што Македонија ја поднесе против Грција за блокирањето на земјава да стане членка на Алијансата, одржал неколку средби за тоа кој чекор ќе биде преземен. Дилемата била дали само да се упати укажување или редоследно прво да се испрати известувањето до Меѓународниот суд, а потоа повторно да се поднесе тужба. Во исто време, се анализираат и изјавите и постапките на официјални грчки претставници и се собираат аргументи дека и покрај пресудата Грција повторно ја крши Привремената спогодба.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими во последното интервју се разидува со она што владиниот тим планира да преземе, истакнувајќи дека наједноставна стратегија е Македонија да го интензивира дијалогот со Грција. Како што истакна во интервјуто за Радио Слободна Европа, и покрај тоа што не добивме покана за членство, тој не го смета Самитот во Чикаго за неуспех. Но, запрашан дали откако не се остварија надежите дека ќе ја ефектуираме хашката пресуда, Бесими вели дека надежта ја гледа во идната влада на Грција со која треба интензивно да се води дијалог.
„Треба да се надеваме и да очекуваме дека со наредната влада, доколку биде брзо консолидирана, ќе можеме да имаме партнер со кој би можеле да го решиме ова прашање. Првата врата на која ќе тропаме е Грција, од која ќе побараме да го продолжи дијалогот, да ги надминеме разликите, за тоа сигурно ќе имаме поддршка од земјите членки на НАТО. Тоа е тоа што ќе го направиме во наредниот период“, вели Бесими.
Но, сепак, прашањето што лебди овие денови е дали Македонија ги испишува страниците на новата тужба против Грција? Колку е тоа рационално и каква корист би имале ако и пресудата што лани ја добивме од Меѓународниот суд во Хаг се покажа дека од неа имаме само морална сатисфакција. Експертската јавност недвојбено укажува дека такво нешто воопшто е непотребно бидејќи со тоа ништо не се постигнува.
„Беспотребно е повторно поднесување тужби“, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле. Тој укажува дека судот веќе лани ја донел пресудата за кршењето на Привремената спогодба, а тој работи според англиското право, што значи еднаш донесена одлука важи и доколку повторно се поднесе тужба судот само ќе се повика на претходната пресуда.
„Проблемот не е во пресудите, туку во недостигот од политичка волја на членовите на НАТО и ЕУ да ја дисциплинираат Грција да го применува она што доброволно го прифатила како договор со Привремената спогодба. На тој начин ќе се реши проблемот со нашето членство кое поради грчката уцена и диктат ги подрива темелните вредности и на НАТО и на ЕУ, а тоа е почитувањето на идентитетот и суверенитетот на државите. Така што, уште една тужба не гледам дека би ни помогнала многу“, вели Чашуле. Според него, методот на консензус и како што истакнува, грчката злоупотреба, се во престап и го кршат законот. Решението го гледа во нашиот прием под привремената референца.
„Ние би требало да добиеме нов предлог за членство на Македонија под Поранешна Југословенска Република Македонија и во тој случај Грција не треба да биде ниту прашана зашто еднаш веќе дала согласност и треба да се смета дека е постигнат консензус. Така бевме примени и во Светската трговска организација. Затоа велам дека ова е прашање на политичка волја на земјите членки на НАТО и ЕУ, но најстрашното од се' е што и НАТО и ЕУ покажуваат немоќ да се справат со очигледен пример на шовинизам до етничко чистење во однос на македонската нација од страна на Грција“, истакнува Чашуле.
Професорот Љубомир Фрчкоски вели дека новата тужба би била во функција на актуелната власт која повторно ќе биде за домашна употреба.
„Тоа би било само водење очајна политика која нема никакви перспективи и власта ќе се обидува со лажна динамика да остави впечаток дека нешто прави. Инаку, сето тоа нема никаква основа бидејќи е сосема познато дека Советот за безбедност ниту еднаш не активирал ниедна пресуда од Меѓународниот суд за правда ниту се обидел да ја натера земјата да ја спроведе. Се работи за впечаток на една лажна динамика и за тој правно празен спин треба да расправаме“, вели професорот Фрчкоски.
|
|
Статијата е прочитана 4740 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 28.05.2012 01:02:39 | Nie veke ispaga deka ne sme blokirani od Grcija, nego sme od samata EU(vo slucajov i NATO, po broj dominantno evropski). Grcija samo se koristi kako izgovor. Ne velam deka i Grcija nema udel, no ako sakaat, ke ne pokanat, pa potoa Grcija neka se buni i neka stava veto. Vo toj slucaj i presudata od HAG ke dobie druga tezina. Vaka EU-NATO ne ne kanat, ne ne ni spomnuvaat, Grcija ne stavila VETO, i ispaga deka Grcija nisto ne prekrsila. Nie si imame pogolemi problemi so Evropa. Ne tolku so Grcija. Grcija e samo alatka vo racete na Monarhisticka Evropa koja ne moze da smisli Makedonska drzava. Zemete ja za primer samo Srbija. Osven privrzanicite na kralot(cetnicite) koj ne mozat da ja smislat Makedonija, celiot drug Srpski narod e prijatelski nastroen kon Makedonija. Taka e i vo Evropa, no tamu tie kralski/monarhisticki strukturii se dosta pomokni. No ke im dojde krajot i na niv. Naskoro. Samo nie da ne propadneme do togas, a za toa sami ke si bideme krivi. Zatoa, mora da se izdrzi. |
| DRT, 28.05.2012 02:37:02 | Ljubomir Frckovski ekspert. Zar ne vi e smacecen be. |
| pile, 28.05.2012 03:44:08 | Posle izvestajot na Stejt Departmentot na SAD za 2011 godina, za sostojbata na covekovite prava i demokratskite vrednosti vo R.Makedonija,veke resenieto za nadminuvanje na sporot ne e edinstveno za deblokada za NATO integracija na zemjata,za sto bevne ohrabreni od Drzjavniot sekretar na SAD, G-gja Klinton.A posle intervjuto za politicko zbogum so koe se potvrdi stavot na G-dinot Papadimos, deka nema politicka klima za prodolzjuva na razgovorite, a so Gruevski i familijata R.Makedonija veke gi gubi i dokazjanite sojuznici, kako SAD, R.Turcija, Izrael i drugi zemji.Ako nekoj ne gi sfakase porakite na drzjenje na pres konferencii od trotoar vo Vasington i da ja napusti Vladata, po primerot na drugi politicari vo regionot kako Sanader, Gjukanovik i slicno,nekoj uporno tezjnee kon scenariata na padot na Causesku ili Milosevik.Za R.Makedonija veke ne e problem samo sporot so imeto so R.Grcija veke problemot ima ime i prezime, toa e Nikola Gruevski so familijata.OSTAVKA |
| Itar Pejo, 28.05.2012 06:52:27 | Nema potreba od nova tuzba, dovolna e prvata. Sega treba da se naznaci sudski izvrsitel. Predsedatelot, Premierot i ministrite da se rastrcaat po svetot i da lobiraat toa da bide Najdoska! Ponatamu sekoj znae sto ce se sluci! |
| Македонец во САД, 28.05.2012 07:49:39 | Единствентото нешто поради кое би имало смисол да се оди повторно пред судот во Хаг, е да се констатира дека поради повторната блокада на Македонија од страна на Грција, привремената спогодба од 1995 е неважечка, и со тоа да се отвори патот за гласање во Генералното Собрание на ОН за бришење на привремената референца како замена за официјалното име на државата. Грција ќе се бори со сите средства, да се задржи барем на хартија овој договор кои по сите правила е веќе мртов . Ваков развој на настаните, најверојатно ќе значи и дека членството на Македонија во НАТО и ЕУ се одложува на неодредено време, но според мене, Македонија е веќе навлезена во таа фаза, па останува само да се констатира реалноста. Македонскиот народ очигледно не е спремен да се понижи и обезличи себеси за да стане дел од Западот. |
| NG, 28.05.2012 08:15:44 | Каква корист од тој Суд, сметам дека е најисправно. |
| Istocna Makedonija, 28.05.2012 08:19:50 | Od togasna reprostektiva,eden fudbalski klub od
Mostar-Velez vo bivsata Ju drzava,mnogu silen i simpaticen so godini,bese proglasuvan deklarativ
no deka,bil moralen sampion vo nekolku prvenst-
va,ama nikogas ne bea oficijalni sampioni!Kel faj
da od Haski presudi so moralno znacenje i efekt?!
Kakva satiskakcija koga,po se izleda,GOLEMITE ne ne sakaat,uli seuste ne mislat nedozreani za
vlez vo NATO i EU.Da ne ispadne irelevantno sto
juznive ne ne sakaat i dali e pominmato vremeto
na asimilatorskite aspiracii na nasive sosedi? |
| Монарх, 28.05.2012 09:01:10 | Јоване , ај жити бога , кажи кои се тие монархистички земји? Франција , Германија , Италија,САД?!!!Кој да те издржува тебе. Малку ти е платата без работа? |
| Angel, 28.05.2012 09:08:32 | znaci toa e sud koj sto ne postoi vo realnosta....Eden vid maska pred evopadeka ima megjunaroden sud na pravda....realno se gleda deka nema pravda....samo dvojka na se ostanato i da terame na podobruvanje na ekonomijata,da ne gubime vreme so nepostoecki narod(grcite)i so nepostoecki sud(hag) |
| od ostrijot, 28.05.2012 09:14:39 | na nas neni treba nova tuzba nego ni treba dijalog
kako so juznijot sosed taka i so EU I NATO a vladata dase odvoji od sarlatanskata politika stoja vodeja dosega mozebi togas ke imame uspeh. |
| NIN, 28.05.2012 09:14:56 | Ретко во историјата на Македонците можеле да се претстават како субјект во меѓународната политика (пример Букурешт, 1913). Но овој пат Република Македонија има меѓународно правен легитимитет кој нема зошто да го штеди туку да го користи секаде каде има можност за себезаштита и промовирање. Енда ваква тужба беше добра да се запише во историјата дека има земја Република Македонија, која не само што може да тужи туку може и да добие тужба. А за оваа втората исто нема што да се штеди, ваквите „шанси“ се ретки во историјата каде сигурно можеш да постигнеш погодок. Но (за Чашуле), ова не треба да е втора иста тужба, туку тужба со барање на отштета за последиците од непочитување на договорите. Па како може нас Окта и ЕВН да не тужат, или САД го тужи Австриски Т-мобле. Така едноставно и јасно и гласно - спремајте тужба. А лесно ќе ја повлечеме ако нешто се исподоговараме со Грција (како што се откажавме од репарациите на Фашистичка Бугарија, во име на „братска“ социјалистичка Бугарија). |
| Goran, 28.05.2012 09:21:19 | Мислам дека со нова тужба нема да се успее да се натера НАТО да го смени мислењето, јасно и гласно ни беше кажано дека мора да се реши овој ирационален спор. Политика по принципот сами против сите или барање правда каде што единствена водилка е интересот нема да ни успее. Значи, немаме проблем само со Грција, туку и со останати земји (Германија, Франција и Германија) кои сакаат да го видат овој спор решен. Нашата енергија треба да се насочи ��он интензивни контакти со овие земји кои сепак не се толку непријателски настроени кон нас и буквално да побараме помош од нив како да го решиме проблемот кога другата страна не е заинтересирана за решение. Значи, упорно да се лобира кај нив, посебно кај САД, бидејќи не гледам друг начин. Потоа евентуално би дошло обраќање до Советот за безбедност при ОН, откако претходно сме обезбедиле поддршка од овие влијателни земји (и другите земји кои имаат право на вето) и сме ги убедиле во целите на резолуцијата, бидејќи без поддршка се би било залудно. |
| NACRT REZOLUCIJA na GSON potrebna kako reshenie, 28.05.2012 09:41:47 | NACRT REZOLUCIJA
Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g,
Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON,
Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat,
Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, ,
i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina,
Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON,
Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
|
| dedodimo, 28.05.2012 09:50:18 | So GAVOL nikoj ne mozi dogovor da napravi.Na zalost vladata na Makedonija ,napravi golema greshka koga prifati da zboruva za Imeto.Grcija si ima svoe ime a isto i Makedonija i nemashe zoshto da se razgovara . |
| девер, 28.05.2012 11:06:53 | Тужбата во Хаг е најдобар доказ дека премиерот не сака договор со Грција. Заедно со провокациите со спомениците и преименувањата се створи атмосфера во која договор не е можен. И на другите членки полека им станува јасно дека со влезот на Македонија ќе влезе и проблем во НАТО. Значи премиерот НЕ САКА да влеземе во НАТО и затоа продолжува со провокациите. Затоа одговорот на прашањето: „Што ќе прави опозицијата да го реши проблемот со името?„ е „Опозицијата САКА да влеземе во НАТО а Груевски НЕ САКА. Ако некој нешто не сака, тој секогаш ќе најде изговор и ќе ја префрли кривицата на другиот. |
| Zamajuvach, 28.05.2012 11:48:33 | Problemot ne e vo tuzbata, tuku vo zamajuvanje na javnosta. Toa i Goran go svatil, ako e istiot toj. |
| ФЕЛИКС, 28.05.2012 12:21:52 | Иако не сум правник,по мене ако се нема предлог-одлука на дневен ред,тогаш и нема оспореност,па нема ни повод или причина за нова тужба.Тука НАТО лукаво одигра во корист на соседот,оти да имаше предлог,ќе беше ставено вето и тогаш очигледен доказ за прекршување на ВС.Инаку веќе станува досадно да се прашува за мислење конфеералист,на кого вољата на народот не му представува ништо кога е спротивна на неговите очекувања. Инаку читам дека некој споменува шарлатани,па така би го надополнил.Исто шарлатани се оние кој секојдневно бараат некој друг да решава за името а тие ќе го бодрат.А при тоа да се нема сопствен став околу истото.П.С вчера во еден одговор кон моја пишана дилема се одговори со,,опозицијата нема легимитет да предлага решение за името,оти тоа не било нејзина опозициска работа,, Значи ако ова се земе како генерален став, опозицијата е како од Тунгузија а не од тука.Па така збунувачки делува,,ние сме сериозна партија,, а всушност несериозно се гледа на проблемот со името. |
| Boshko, 28.05.2012 12:27:24 | Povelbata od ON za privremenata spogodba megju Mak. I GR.Vlada i OH.Ne e pominata i prifatena od Grchkiot parlament,kolku e ova tochno ne znam no sum go prochital nekade po rano.
Ako ima nekoj da go potvrdi ova i da mi kaze kade bilo napishano ili nekoj da go dmantira ova moe kazuvanje. |
| ekspert, 28.05.2012 12:34:50 | Ovoja, specijalno za Utrinski, ekspert, Slobodan Chashule, koga ke si ja prevzeme ambasadorskata funkcija? Zarem ne ja zasluzhi do sega, pa mora ushte da dava ekspertski izjavi, za nezavisni mediumi kako Utrinski? |
| NEUEUINATO, 28.05.2012 14:23:08 | Raskinuvanje na spogodbata i povlekuvanje na aplikaciite za EU i NATO ima drugi alternativni kako za mnogu uspesni zemji vo svetot |
| do dever, 28.05.2012 16:24:45 | Pa sto ako vlasta ne saka clenstvo?I toa e legitimno.Sekoj si ima pravo na izbor dali saka ili ne clenstvo.I zosto bi vleguvale vo organizacii od studenata vojna?Pa i uste sme ucenuvani od niv. |
| patriot, 28.05.2012 18:19:24 | Ni Egejska, ni Vardarska nitu pak Pirinska Makedonija ne im se ni majkojna ni tatkojna ni na Besimi nitu pak na Casule. Nikoj ne barase ni od Grcija ni od Srbija i Crna Gora nitu pak od Bugarija da ja osloboduvaat Makedonija od Turcite. So tuzbata ke se baraat dve nesta da se utvrdi koj e koj. Nie od sekogas sme bile i ke si ostanime Makedonci a tie si bile i ke si ostanal Heleni a poradi svojata tvrdoglavost i nerazumnost od zapadnite zemji nareceni Grci. Sto praveja 46 godini beja li vo dlaboka koma ili pak ustite im bea zasieni. Tie imaja dovolno vreme kako clenka na NATo i EU blagovremeno da go postavat toj problem i vo Sovetot za bezbednost na Evropa i vo OON a ne po osamostojuvanjeto na Makedonija. Vremeto od deteto ke napravi starec no od budalata nikogas ne mozi da napravi mudrec. Zatoa tuka sudot vo Hag treba da utvrdi koj e budalata vo ovoj spor koj ni go nametnaja tie. A ne mozat da sedat na dva stola i da bidat i Grci i Makedonci. |
| Od Ohrid, 28.05.2012 18:37:38 | Makedonija e dolzna da ja afirmira haskata presuda, da bara da se pocituva, pocnuvajki od organite na ON /Generalnoto sobranie, Sovetot za ekonomski i socijalni prasanja i drugi/, od clenkite na ON, od drugite globalni i regionalni organizacii /od NATO, od EU.../. Vo toa treba da se angazira vlasta, opozicijata, nevladiniot sektor. Korisno e da se vodi siroka diskusija... |
| eden, 29.05.2012 02:20:59 | Sega veke nema sto da se pregovara so grcija,sakaa da go smenime znameto i go smenivme toa bese del od privrementa spogodba,sega i toa im e malce,treba da se vrati starto zname i da se prekine sekakvo pregovaranje so niv,ne ni treba ni nato ni eu,koga ke go vratime znameto togas ke pobudalat grcite,samo toa treba da gi nervirame zasto oni nas ne nerviraat vecito. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Претежно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|