27.05.2012, 18:13 Уапсен член на АНА кој планирал атентати во Македонија и ��осово
По распишана меѓународна потерница од белгиските власти, во Косово е уапсен лидерот на Партијата за албанско национално единство и политички претставник на т.н. АНА, Идајет Беќири (61), алијас Албан Вјоса, поради планирање атентати во Македонија и Косово. Како што јавуваат порталите, косовската полиција го уапсила на преминот Врмица, на границата со Албанија при рутинска контрола.
Тој бил осуден во отсуство на четири години затвор. На Беќири, според белгиските медиуми, му се припишува експлозијата пред судот во Струга и на Железничкиот мост во Митровица.
Во 2010 година судот од белгискиот град Намур го осуди Беќири на четири години затвор, во негово отсуство, поради организација на атентати во Македонија и Косово и издаде меѓународна потерница за негово апсење бидејќи тој живееше во Албанија. Тој имал статус на политички бегалец во Белгија во периодот од 1997 до 2003 година. |