Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
30.05.2012, 12:25
Убиен македонскиот ексолимпиец Гаџиханов



Освојувачот на седмото место во борење на Олимписките Игри 2000 во Сиднеј застрелан во Дагестан

Насир Гаџиханов (45), некогашен репрезентативец на Македонија во борење слободен стил, го загуби животот вчеравечер во Дагестан. Според Вјачеслав Гасанов, министер за внатрешни работи на руската автономна република, Гаџиханов, кој ја извршуваше функцијата заменик-министер за спорт на Дагестан, им подлегнал на повредите откако врз неговиот автомобил било пукано од автоматско оружје во главниот град Махачкала. Нема информација за мотивите за нападот во републиката во која често пати полицијата и државните функционери се цел на исламските бунтовници, а има и високо ниво на насилство поврзано со криминалните групи.

Гаџиханов своите најголеми спортски успеси ги оствари под знамето на некогашниот Советски Сојуз, освојувајќи го сребрениот медал во категоријата до 74 килограми на Светското првенство во 1990 година, а три пати беше и европски првак. За Македонија настапи на Олимписките игри 2000 во Сиднеј, каде што го освои седмото место во категоријата до 76 кг, а на следната Олимпијада 2004 во Атина му беше помошник на македонскиот селектор. Во Сиднеј можеше да дотурка и подалеку ако во својата прелиминарна група не загубеше од Александар Леиполд од Германија, кој на крајот триумфира во оваа категорија, но подоцна му беше одземен златниот медал поради допинг. Гаџиханов беше поразен од Леиполд со 5:2, а ги победи Радион Кертанти од Словачка со 3:2 и Јосмани Ромеро од Куба со 3:0, доволно само за второто место во групата, од која во четвртфиналето одеше само првопласираниот.

Од Дагестан уште двајца борачи ги бранеа боите на Македонија, Могамед Ибрагимов и Шихамир Османов, обајцата и на олимпијади. Ибрагимов се закити со бронза во Сиднеј, која е единствениот олимписки медал за самостојна Македонија, а Османов прв оствари норма за ОИ во Атина, но таму ги загуби и двете борби и остана без пласман. (Р.Д.)

Статијата е прочитана 7466 пати.

Испрати коментар



Прв пораз за Сан Антонио по 20 победи
Вардар доби дозвола од УЕФА за настап во еврокуповите
Горан Пандев останува во Наполи!
Страмачони на клупата на Интер до 2015 година
Ракометарките чекор поблиску до ЕП
Македонија е за промени во ФИБА-Европа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |