Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.05.2012, 14:58

(ФОТО) Србија ни подари копија од златна маска од Требениште



Копијата од златната маска треба да биде изложена во новиот Археолошки музеј во Скопје што би требало да биде отворен до крајот на годинава

ФОТО: Петр Стојановски

Музејска копија од една од двете златни маски од Требениште што се чуваат во Народниот музеј во Белград, денеска српскиот министер за култура Предраг Марковиќ и предаде на министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, гест што двајцата министри го посочија како продолжување на добрите односи меѓу двете земји.

Копијата од златната маска која е откриена во 30 тите години на минатиот век во познатата Требенишка некропола во близина на Охрид, треба да биде изложена во новиот Археолошки музеј во Скопје што би требало да биде отворен до крајот на годинава.

Надвор од Македонија има четири маски од Требениште, две се наоѓаат во Народниот музеј во Белград, а две во Софискиот археолошки музеј. Копијата на златната маска од Белград доаѓа по претходно барање од Министерството за култура, кое преку Управата за заштита на културното наследство, било упатено до српското министерство за култура.



"Овие артефакти, кои се определуваат како култни предмети, се поврзуваат со верувањата и ритуалите кои се правеле за време на погребувањата", рече меѓудругото министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, осврнувајќи се на големото значење на златните маски кои во македонската наука спаѓаат меѓу највредните откриени артефакти.

Според министерот за култура, Предраг Марковиќ, музејската копија на златната маска е подарок од Србија за македонскиот народ и македонската држава.

Тој при предавањето на подарокот, го нагласи големото значење на локалитетот Требениште како простор каде меѓу 6-5 век пр.н.ера постоела развиена култура, за што според него, и сведочи високата уметничка изработка на маската.



Првите истражувања на археолошкиот локалитет Требениште се започнати во 1918 година, кога случајно е откриен првиот гроб од истоимената некропола од страна на бугарска војска, по што богатиот археолошки наод подоцна бил префрлен во Софискиот археолошки музеј.

Од 1930 до 1954 година, испитувањата ги продолжил Никола Вулиќ, кога и била откриена златната маска и однесена во Белград. Во педесеттите години на минатиот век, истражувале В.Лахтов и Ј.Кастелиц, а во 1972 година истражувањата се вршени под раководство на археологот од Охрид, Владо Маленко.

Со децениските археолошки истражувања откриени се 56 гробни констр��кции, а првите откриени гробови биле исклучително богати поради што и биле нарекувани "кнежевски гробови". Во нив се пронајдени златните маски, сандали, нараквици златен и сребрен накит, бронзени кратери, сребрени пехари, бронзени шлемови и др. Освен во Белград и Софија, дел од овие артефакти се наоѓаат и во Заводот и Музеј во Охрид. (К.Б.)












Статијата е прочитана 1380 пати.

Испрати коментар



Уште едно признание за краткиот филм „Години на самотија“
„Златна палма“ за „Љубов“ на Михаил Ханеке
Филмот за племето Мурси ги засрами Европјаните
Македонка победи на „Мис Балкан 2012“
В година повторно на Евровизија
„Зад ридовите" и „Љубов" фаворити за „Златна палма"
Шведска победник на Евровизија, Калиопи дванаесетта
Калиопи под реден број 22 во финалната вечер
„Здраво млади“ - фестивал што ветува
Благој Нацоски со нова улога во Италија
Торстен Вогес и Ханес Вегенер во „Соба со пијано“
„Војводката на чардашот“ од Калман вечер во МОБ
(ВИДЕО) Калиопи во финалето на Евросонг!
„Астерфест“ започнува со „Бардо“
„Трето полувреме" доби во Кан светски продажен агент
Вечерва и утре фестивалот „Здраво Млади“
Спектакуларно отворен 31. Мал битолски Монмартр
Калиопи вечерва настапува втора
Новите модели на HP претставени и во Македонија



vasil, 26.05.2012 15:14:18
Sega shto ja imame ova kopia, mozeme da mu ja vratime na Srbija i da si ja posakame vistinskata maska. Taka e fer. Fifty-fifty.
JON, 26.05.2012 15:54:07
Vistinska potvrda na prijatelstvoto megju dvata naroda e koga ke ni gi vratat originalite a kopiite neka si gi zadržat.
Mitko, 26.05.2012 16:08:31
I nasava se smee da ne recam kako! Abe MASKATA treba da pokreneme inicijartiva i da ja barame! Sramota! E ova e prodavanje na kulturen identitet!
george mitev, 26.05.2012 17:17:37
nogu be kako mozheja da napravat takvo golemo nashto zasho nemozhat dogo dadat originalot pa nelie makedonska maska,
Bogoja, 26.05.2012 17:19:29
izvini ama treba da go vratat originalot isto kako sto i site drugi zemji si go baraat - i go dobivaat - nivnoto arheolosko bogatstvo da odneseno od drugi zemji. . Jas ne bi ja primil kopijata. Sramota.
GOA, 26.05.2012 20:07:10
nemam soodvetni zborovi so koi mozam da go iskomentiram ovoj neviden uspeh, od ovakvi uspesi ke emigriram, nemozam veke da izdrzam
Ljubotan Trade Name, 27.05.2012 07:38:54
Pametno,posigurno e. da maskata ostane vo Belgrad nego li vo Skopje~Se, Srbija Sto i ostavi na Makedonija skoro e izgubeno od Ilirida. Srbija, i Skopje Go Ostavi na Makedonija ,a eve stana Geto.i sigurno e ,ce se izgubi za desetina Godini! Eve samo tolku za nekoi komentari!
GO SAKAM SKOPJE, 27.05.2012 09:45:13
Nasite komshii, Srbite-Bugarite, bea nasi okupatori i za veme na okupacijata i po toa, sekoj drpase sé sto ke mu sakase dushata i zaminuvase.Taka pravea i *osloboditelite* okupatori vo Irak koi go unistija nivniot bogat muzej, a vrednostite gi odnesoo koj kade. E, sega seto toa mu go vratija nazat na muzejot ! Toa e napraveno bez golema pompa i slikanje so dvaicata ministri, ne kakosto se pofalija kaj nas. Ovaa maska kako i mnogu drugi raboti ukradeni od nasata istorija, najnormalno trebe da ni se vratat, po eden normalen pat,so zvanicno baranje, pa ako e potrebno i po sudski pat,BEZ MINISTERKATA DA SE FALI i bez sram da se fotografira, pred ovaa jadna kopija. Neka ne, sirokogrudo im ja podari na *prisvojuvacite*, a originalot- doma kaj nas! Isto, sé drpnato sto se navogja vo Sofija ili bilo kade,da da ni se vrati,bez prostacko nekulturno fotografiranje ,za mackanje oci, nam na rajata!Na ovoa ministerstvo za kultura mu fali osnovna kultura i * bon-ton* odnesuvanje!
tina, 27.05.2012 11:25:15
Abe treba da ja vratat originalot sto ni go ukrale i se drugo da si pobarame sto ni zedoja pred 21 god
Tina, 27.05.2012 11:37:22
Ocekuvam od Srbite poveke. Sum razocarana od vreme na otmicata na Prohor Pcinski, a da ne zboruvam za se sto si zemale kao memorandum. Ako sakat fer, treba da dadat sto e fer. Ovaa politika moze da sleduva i od Grcija za 16 sto, krako slnce od Kutles? So ova potega cuvsvuvam nekoje malecko priznavanje na Makedonskata anticka istorija i koj zna Grcite i Bugarite ke ne priznvat kao naslednici na anticki Makedonci. Koj zna, ova moze bi e pocekot na razbiranje. Mmm? Denes, se e mozno. Samo ako nie go primame praviot pat na vistina. A ne da ziveeme so lagi, koji se oste se stampani vo nasite knigi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |