Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
25.05.2012, 20:57

Саботни муабети

Калиопи, Р.Е.С.П.Е.К.Т. !

Огнен Јанески

Сонот од детството на Опи - гордост за Македонците! Калиопи на сите ни ги затна устите! Сите ние што се изнајадовме тоа што треба и не треба за неа - сега си го голтнавме. На здравје нека ни е!

Искрено, свесни бевме дека ќе поминеме фасцинантно! И сите тоа го знаевме, но Европа го знаеше тоа многу подобро од нас, уште од поодамна. Европа уште од старт реагираше позитивно на нејзините интервјуа, со симпатичното непознавање на англискиот јазик. Та нели на тој што признаваше - пола му се простуваше? Факт е дека хејтеризмот на нашиот народ не препознава (не)квалитет, туку едноставно сакаме секогаш да го избрукаме она што е наше, затоа што немаме доволно самодоверба во себе. Така правиме со сите наши спортски претставници, музички имиња, театарски групи, а истите тие подоцна ги величаме зашто не' направиле горди Македонци! Потсетете се на кошаркарите - како ги „испративме“ и како ги дочекавме. Но нејсе, така било - така и ќе остане. Само што народите, како и човекот мора да се прифатат со сите маани и доблести.

Што се однесува до Евровизијата годинава, страшен е фактот дека најскапата организација досега, колабрираше на првата полуфинална вечер. Азербејџан не беше подготвен за вакво нешто и тоа се забележа. Кристалната Палата е однадвор за восхит, со исклучок на ужасните графички решенија за знамињата на државите пред секој настап. Но, сцената внатре е чисто промашување, поради својата огромност и поради непрактичноста. Азербејџанците (или како што тие си го нарекуваат својот народ - Азерите) сакале нешто да направат, за да се издвојат од останатите организации, како што сака секоја земја, но, јавето лошо им излезе. Водителското трио е едно на најлошите во последните 20-тина години, со оглед на нивната неестетичност и изгубеност.

Тонската неподготвеност, пак, за покривање на една ваква величествена музичка манифестација се виде првата вечер, кога на неколку настапи им откажа контактот на изведувачите со своите режисери, како на пример на Романија. Факт е дека многумина ја „исплукаа“ лошата графика на многу земји, која требаше да има 3Д ефект, но уште поголем е против-аргументот дека тоа е должност исклучиво на режисерите кои ги реализираат настапите, испратени од сопствената држава. Секоја почит кон МТВ1 за годинашната организација за изборот, настапот и за преносот. За прв пат, многу од нас, истиот не го следеа преку РТС1 или ХРТ1.

Втората полуфинална вечер веќе беше далеку подобра и поподготвена, за разлика од првата. Исто така и конкуренцијата на композициите беше далеку поголема од првата, па така, можеме да бидеме посреќни зашто Калиопи триумфираше меѓу фантастични гласови. Единственото нешто, што во јавноста се „излеа“ како информација, а се смета за црна дамка на втората вечер е најавата на иранските терористи дека ќе ја кренеле Кристалната Палата во воздух за време на финалето, а како потврда за некаква закана е токму силното полициско обезбедување насекаде низ главниот град Баку. Нетрпеливоста меѓу етникумите, ете не била само дел од нашето политичко живеење, туку дел и од останатите околу нас.

Сепак, музиката, а особено Евровизија како настан има за цел да ги зближува народите. И има цврсти примери за тоа. Доказ повеќе, како изненадување на многумина е и повикот на бугарската претставничка, Софи Маринова, која јавно преку бугарската телевизија, веднаш по настапот побара од нејзиниот народ да гласа за нејзината сосетка, Калиопи. Македонците и тука повторно бевме со затнати усти! По втор пат вечерта, зашто претходно повеќето здраво ја исплукавме Маринова за нејзиниот лош изглед на настапот, споредувајќи ја со најстариот занает на светот. А баш таа ги повика оние за кои сметаме дека не не' сакаат да гласаат за нас. Иако многумина може ми се смеат на муабетите за тоа дека има многу да се научи од Евровизија и дека тоа не е само еден музички циркус, сепак, ако се погледне подлабоко во суштината на нештата, ќе се воочат големи политички и уметнички лекции. Би го научиле тоа, ако некогаш победиме. Се надевам дека тоа ќе биде годинава, зашто така Владата ќе мора да вклучи евровизиска арена во „Скопје 2014“ - конечно нешто употребливо.

На страна хејтањето - Калиопи, биди тоа што си - своја, единствена, дива, кралица и одживеј го својот сон да победиш на Евровизија. Може тоа нема да се случи, но за нас, твојата комплетност дефинитивно е победа, зашто конечно сите заедно бевме согласни околу едно нешто оваа година - Македонија има на што да се гордее, а тоа е Калиопи и сличните со неа, кои мора да се научиме да ги почитуваме. Со среќа и наклон!


Статијата е прочитана 3217 пати.

Испрати коментар



Калиопи ја внесе Македонија во финалето
Ако е А2, црно-бело во боја да е!
„Биди ин, користи рисајкл бин“ повторно во скопските градинки
Питомоста и бунтовноста на Хрватско Загорје
Што се случи со „XXL“? - Музиката остана само убав спомен



Matej, 26.05.2012 00:47:56
Ефтина патетика! Песната на Калиопи звучи музички ужасно, РЕСПЕКТОТ единствено оди на заслуга на маркетингот и лобирањата зад сцената на нејзиниот тим, кој излобирал дури 7мо место, па останува да видиме како ќе заврши овој евро циркуз за Калиопи.
stema, 26.05.2012 01:34:16
Ама ајде, луѓе, ви се молам... Истата таа Опи како што милувате да си ја викате во 2004 се бунеше за изборот на пејач што ние го испративме... Истата таа Опи неколку години подоцна плукаше по оваа земја и по нејзините граѓани... И сега ние треба да ја величаме???!!! Поминала во финале, и???!! Ај, ако не, па, споменик да и’ направиме... Жена, уметник од нејзин калибар, со тоа искуство, да плаче за да оди на Евровизија???!!! Ужас!!! Драго ми е што после долго време го скршивме малерот и влеговме во финале ама Калиопи... Дамките што ги оставаме зад себе, не се бришат лесно... А таа остави баајги... Сосема доволно за и нејзе и на госпожата Петровиќ којашто е дел од македонската делегација да треба да им биде срам да се сликаат пред сликата на други наши великани... Но, секој со својот образ... А ѓон образ, пустиот...
Vladimir, 26.05.2012 01:52:07
Од твојот текст може да се утврди дека повикуваш да го почитуваме своето и своите, а самиот ти не го почитуваш она најосновното - јазикот! И тоа и во самиот налсов и на повеќе места во текстот - Респект, хејтеризам, хејтање! Можеби за тебе непознавањето на англискиот јазик е „симпатично“ и за еден интелектуалец како Калиопи, но непозновањето на својот јазик е крајно несимпатично и непристојно. А сега малку и за текстот-ако нешто не чинеше на евровизијата тоа повторное катастрофалниот пренос на МТВ, евровизија има свои водители, така да не ни беше потребен наш водител туку само преведувач кој нема да зборува се што ќе му падне на памет, туку само она што треба најпрофесионално да го одработи - симултано да преведе. А тоа што си се изнајал што треба и не треба и на крај истото си го голтнал, навистина звучи одвратно, но ќе се согласам со тебе, на здравје да ти е и...бон апетит!
jas, 26.05.2012 13:59:24
Jas ne sum fan na Kaliopi i nemam visoko mislenje za nea kako čovek, no toa ne me sprečuva da i simnam kapa za izvonredniot benzin nastap. A bre gospoda komentatori do koga ke se odnesuvate vaka, pa zatoa i ne ni odi vo drzavava, samo konji vi se dopagaat. Se iznajadovte toa što ne e za jadenje. Tekstot na kolumnava ja odslikuva vistinata, a vam nazdravje neka vi e hadenjeto. Za kraj, napred Kaliopi, što i da se sluci večer, ti i tvojot poranesen soprug go napravivte vistinskoto. So sreka
demokrat, 26.05.2012 15:40:06
Ne znam avtorot sto e po profesija, no faktot deka ja izbegnuva recenzijata na samata pesna mi ostava prostor za somnevanje vo negovata strucnost i kompetentnost vo poleto na muzikata. Tocno e toa deka Kaliopi ima vonredni glasovni moznosti, iskustvo i sigurnost na binata, no samata pesna e nesto odamna videno i zastareno. Makedonija, ni se dopagalo toa ili ne, nema kapacitet za vrven muzicki produkt i celiot muzicki performans e na nivo na es-ju moznostite. Nastapite se festivalski so nemanje vistinska ideja za scenska izvedba a celokupniot paket e skromen i neatraktiven. Od seto toa ostanuva samo faktot, deka na ovaa evrovozija ke pomudine edinstveno dobar interpretator!
Makedonija e fantasticna, 26.05.2012 22:55:25
A zosto da nese gordeeme gledajte vo Svetska so iranka pa vika deka e Sveganka i site se gordeat pa kamoli da ima kako Kaliopi so Pozdrav i Sreka.............
Луда Мара, 27.05.2012 08:47:11
Ете,по освоеното и поделеното 12-то/13-то место,веќе треба да и`се направи простор под „Триумфалната“ порта и веднаш потоа кај преЦедателот Хорхе да си земе еден орден „Заслуги за Македонија“!Та,што е спортот толку поважен од музиката?
bb, 27.05.2012 09:29:22
kaljopi beshe odlichna kako i sto ochekuvav,da ne bea podobri babushkite cirkus vo boja

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |