Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Саботен магазин
25.05.2012, 21:02

Калиопи ја внесе Македонија во финалето

По четиригодишна пауза, македонската претставничка со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира меѓу финалистите

Катерина Шекеровска

Македонската претставничка Калиопи со песната „Црно и бело“ се пласираше во финалето на 57. издание на изборот за Песна на Евровизија во Баку, Азербејџан.

По четиригодишно отсуство од главната вечер на најголемиот европски музички натпревар, Македонија оваа година ќе ги одмери силите со најуспешните од двете полуфинални вечери и земјите на големата петорка (Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Шпанија), како и претставникот на земјата домаќин - Азербејџан, кои заедно ја сочинуваат комплетната листа на 26 изведувачи.

„Конечно, по четири години, еве не' повторно во финале. Туку, јас за вас имам едно прашање...“, се обрати Калиопи на прес-конференцијата по завршување на втората полуфинална вечер. „Каде е сега мојот поранешен сопруг? Ромео, ти благодарам. Сега знам дека беше исправна работа да се остане во добри односи со бившиот сопруг. Ми направи песна и ме направи среќна. Но, не само мене, туку и многу други. Примив многу пораки вечерва, мојот народ е вечерва многу среќен!“, додаде Калиопи. На прашањето за кого и' е жал што не се пласирал во финалето, Калиопи одговори дипломатски велејќи дека доколку е таа на местото на ЕБУ (Европската радиодифузна унија), би направила финална вечер со сите 42 земји учеснички!

Калиопи вечерва има фантастичен број на настап - ќе пее со реден број 22. Покрај директните финалисти, вечерва на сцената во Кристалната сала во Баку ќе настапат и најуспешните од првата и втората полуфинална вечер меѓу кои се најдоа: Исланд, Грција, Албанија, Романија, Кипар, Данска, Русија, Унгарија, Молдавија, Ирска, Србија, БиХ, Литванија, Норвешка, Украина, Шведска, Естонија, Малта и Турција.

Последно евровизиско финале Македонија го имаше во 2007 година во Хелсинки со настапот на Каролина и „Мојот свет“, додека останатите наши претставници не успеаја да го поминат полуфиналето во изминатите четири години, на изборите во Дизелдорф 2011, Осло 2010, Москва 2009 и Белград 2008.

Според обложувалниците, фаворитите и во финалето остануваат исти - првите три места се резервирани за претставниците на Шведска, Русија и Италија, веднаш по нив, на 4. место се споменува името на српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ, а на Калиопи и' предвидуваат 21. место, додека за Маја Сар (БиХ) се шпекулира со 24. место.

Цветин со поддршка за Калиопи

Познатиот македонски сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин создаде дело со кое ја изрази својата поддршка за Калиопи во финалната вечер, а воедно ги повика и сите Македонци вечерва да гласаат за неа. На црна заднина со бели букви го испиша текстот на „Црно и бело“, врамувајќи го во посебна рамка со цвеќиња.

Во интервју за официјалниот евровизискиот сајт, Жељко Јосимовиќ изјави дека неговиот вечерашен настап ќе биде последен како солист на Евровизија. „Дефинитивно ова е мој последен настап на изборот“, изјави Јоксимовиќ, кој пее „Није љубав ствар“

Нина Бадриќ не успеа да обезбеди влез во финалето со песната „Небо“, а на својот профил на Твитер напиша: „Најдраги! Дојдов во соба уморна, но мирна. Дадов се' од себе вечерва и бескрајно ми е жал што не сме во финале. Ве сакам и ви благодарам на довербата“

Ќе оди ли Евровизија 2013 во Шведска? Шведската претставничка Лорин се' уште важи за фаворит број еден на изборот


Статијата е прочитана 693 пати.

Испрати коментар



Калиопи, Р.Е.С.П.Е.К.Т. !
Ако е А2, црно-бело во боја да е!
„Биди ин, користи рисајкл бин“ повторно во скопските градинки
Питомоста и бунтовноста на Хрватско Загорје
Што се случи со „XXL“? - Музиката остана само убав спомен



G. Stojanovic, Holandija, 26.05.2012 14:14:50
Bravo za Kaliopi i cestito vlez vo finale (na site nas) a pred se komplimenti za fantasticniot nastap! Ova e ubedlivo najdobriot nastap na nas pretstavnik na Evrovizija i e poln pogodok. Se nadevam deka vecerva ke pobedime i v godina festivalot ke se odrzuva kaj naj. Za kraj: ajde vecerva site da i dademe edna silna poddrska na Kaliopi i celiot tim bidejki pesnata i izvedbata se navistina kvalitetni! Prijatelski pozdrav,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |