19.03.2012, 17:07 Поубави и посекси за само шест недели
Познато е дека јадењето екстремно големи количини на моркови, може да доведе до боење на кожата во портокалово
Ако фактот дека се хранливи не е доволен да ве натера да јадете повеќе овошје и зеленчук, следуваат неколку новини кои би можеле да ве убедат во тоа - имено, овошјето и зеленчукот може да направат да изгледате навистина добро. Истражувачите заклучија дека луѓето кои го зголемиле внесувањето на овие производи биле оценети како поатрактивни по само шест недели од почетокот на исхраната. Научниците од Универзитетот „Сент Ендрјус“ го следеа консумирањето на храна на 35 лица и ги фотографираа во текот на тој период. Јадењето во просек 2,9 повеќе порции овошје и зеленчук дневно, направи да изгледаат поздраво, додека екстра 3,3 порции ја зголеми нивната привлечност.
Овошјето и зеленчукот се богати со каротеноиди, кои ги штитат ќелиите од оштетување и од загадувањето и УВ-зраците, и може да спречат болести поврзани со возраста, вклучително и срцеви заболувања и рак.
Веќе е познато дека јадењето екстремно големи количини на одреден заленчук, како моркови, може да доведе до боење на кожата во портокалово. Меѓутоа, не беше познато дека мало зголемување во овие црвени и жолти пигменти во кожата може да биде забележливо и кај другите – или да се смета за привлечно.
Камера која може да ги забележи промените на црвенилото, жолтеникавоста и светлината на кожата, покажа дека тие забележително се зголемени кај луѓето кои го зголемиле консумирањето на овошје и зеленчук. Користејќи сензори за светлина, истражувачите покажаа дека овие црвени и жолти нијанси се поврзани со нивоата на каротеноиди во кожата.
Има стотици различни видови на каротеноиди. Но, ликопените се оние за кои се смета дека имаат најдраматично влијание на кожата – што им ја даваат на доматите и црвената пиперка нивната црвена боја, и бетакаротин, кој го има во морковите како и во брокулата, спанаќот и тиквата. На бојата на кожата, исто така, може да влијаат и хемикалиите наречени полифеноли, кои ги има во јаболката, боровинките и црешите, што предизвикуваат зголемен прилив на крв кон површината на кожата.
Рос Вајтхед, кој ја предводеше студијата, изјави: „Ние очекувавме, за почеток, промената на бојата да биде најдраматична кај луѓе кои јадат многу малку овошје и зеленчук, но се случи спротивното. Многу луѓе веќе ја консумираат препорачаната количина. Заклучивме дека неколку дополнителни порции би можеле да направат разлика во однос на нивната боја на кожата“. Тој вели дека тимот кој ги проучувал промените кај волонтери белци и азијати, ќе види дали ова е вистина и за други раси, и дали тоа има поголем или помал ефект на постари лица, бидејќи сите волонтери биле на возраст од 18 до 25 години.
|