Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.03.2012, 14:49
Струја удри дете во училишен двор



Деветгодишникот се допрел за необезбеден кабел, по што бил отфрлен од струјниот удар. За среќа, не е тешко повреден

Деветгодишно момче се здоби со повреди во струен удар во инцидентот што се случи во дворот од училиштето „Рајко Жинзифов“ во скопската населба Чаир кога детето си одело дома по завршување на часовите. Ученикот се допрел за неозбеден кабел од металниот столб за улично осветление и струјата го отфрлила. Куриозитет е што столбот не бил во функција веќе две години. Тоа го тврди директорот на училиштето, кој додава дека побарале да се отстрани опасниот метален столб околу кој секојдневно поминуваат децата.

Според полицијата, вчера околу 17,50 часот, детето додека излегувале од училиштето, случајно се допрело за електричниот столб во училишниот двор, настанал струен удар од кое момчето се здобило со повреди. Веднаш било префрлено во Градската болница.

„Повреденото дете е донесено во болницата завчера околу 18 часот. Како што разбравме момчето се фатило за необезбеден кабел, по што било отфрлено од струјата. Притоа се здобило со мала повреда на рамото, но имаше тахикардии, предизвикани од струјата која што поминала низ неговото тело. Тоа во моментов е сместено на Детската клиника и е во стабилна состојба. Очекуваме тахикардиите да се смират и за ден –два детето да биде пуштено дома“, велат во Градската болница во Скопје.

Во ОУ „Рајко Жинзифов“ велат дека ова не е прв инцидент што го предизвикал опасниот метален столб сместен во училишниот двор. Пред две и пол години се случила слична несреќа, по што било побарано да се острани дефектот.

„Дојдоа од општината и го средија проблемот. Ама ете сега пак се случи проблем, па пријавивме во полицијата и во ЕВН да се острани дефектот. Всусшност, ние бараме и дислокација на столбот, кој и онака не е во функција. Фала му на бога што детето е добро“, вели директорот на училиштето Кадри Агуши.





Статијата е прочитана 2986 пати.

Испрати коментар



Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Маскирани лица нападнале старец во неговата куќа во штипското село Драгоево
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попос��и – Хаџинасто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ



Сандра, 14.03.2012 18:26:56
Наместо да се тепаат за имиња на училиштата нека ја канализираат енергијата кон нешто навистина полезно. Да се чуди човек што народ сме....
T!, 14.03.2012 21:53:39
Кај живееме ние!?!? Нели пред некое време загина дете од струен удар, не се сеќавам дали беше во двор од градинка или училишен двор :( . Понесе одговорност некој????? Дивјаштво е самото игнорирање на овие опасности!!!!!
Opomena za IMETO!, 15.03.2012 02:54:01
Za tie koi veruvaat vo Boga, ova e opomena da se nemenuva imeto na ucilisteto vo Cair. Rajko Zinzifov ke si ostane Rajko Zinifov...a ako go smenat i celata vlada ke ja udri struen udar!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |