15.03.2012, 17:24 Судијката Неделковска се сели во Врховен
Унапредување во повисокиот апелационен суд доби и судијката од скопскиот кривичен суд што го осуди Љубе Бошкоски на 7 години затвор
Гордана Дувњак
Претседателката на скопскиот Кривичен суд Лидија Неделковска заминува во Врховниот суд. Зад нејзиниот избор вчера застанаа 11 од 14 членови на Судскиот совети (отсутен беше само министерот за правда, кој и без тоа нема право на глас). Предлагајќи ја за највисоката судска функција, членот на Советот, Крсте Сиваков, во своја подолга аргументација не штедеше зборови на пофалба и ја претстави како „исклучителна личност како човек и професионалец“, која за својата кандидатура ја имала едногласната поддршка од целиот колектив.
На вчерашната седница, внимание предизвика и унапредувањето во повисокиот Апелационен суд на уште една скопска судијка. Кривичарката Радица Василевска јавноста ја запозна како судијката што го осуди лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 7 години затвор. Таа прв пат се јави на конкурсот само една недела по изрекувањето на првостепената пресуда, но тогаш беше избран друг судија. За Василевска гласаа едногласно сите 14 членови на Судскиот совет, што не беше случај со други кандидати, поради што еден од членовите процедурално забележа дека изјаснувањето треба да биде за или против, а не со негласање. На ова реплицираше претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска, која рече дека „не може членовите насила да ги тера да гласаат“. Сепак, при следното изјаснување ги повика членовите да гласаат.
И покрај тоа што првиот филтер за врховен судија го поминаа повеќе кандидати, од кои повеќето судии од второстепениот Апелационен суд, при конечното гласање, сепак, членовите и' дадоа предност на енергичната шефица на скопска „единица“. За Неделковска подолго време се говори дека има силна политичка поддршка од владејачката гарнитура и е сигурен кандидат за преселба во највисокиот суд. Неделковска се јави на двата конкурса за избор на судии, во кои на првиот требаше да се пополни едно место, а на вториот кој допрва треба да се случи има три слободни места. Во судските кругови извесно време се шпекулира дека изборот на Неделковска е првиот чекор, но дека нејзините амбиции се поголеми. Имено, се говори дека таа претендира и за претседател на Врховниот суд, бидејќи четиригодишниот мандат на актуелниот прв човек Јово Вангеловски завршува во јули оваа година. Сега поранешната претседателка на судска „единица“ судеше повеќе големи случаи, како „Пепел“, „Бродец“, „Јака Табак“... Во времето кога почна истрагата за „Пајажина“, токму Неделковска се пожали дека добивала анонимни телефонски повици од Германија, но случајот не го пријавила во МВР.
Судскиот совет вчера избра и неколку судии во пониските судови. Тројца нови судии беа избрани во битолскиот основен суд: Дејан Крстанов, Александар Илиевски и Беџет Мехмети. Во скопскиот кривичен суд е избрана Васка Николовска-Масевска, а пополнети се и двете празни места во граѓанскиот суд со Весна Трајанова и Јахона Садику. За судија во Основниот суд во Гостивар е избран Реџеп Асани, а во тетовскиот суд – Хуриете Цека и Хасан Асани. Претседател на гостиварскиот Основен суд, пак, стана судијата Ќирко Михајловски.
Бонбониера за Василевска
Изборот на Василевска беше повод за собирање на најблиските соработници на лидерот на Обединети за Македонија, кои пред судската зграда се појави со бонбониера за да ја почестат за унапредувањето. Наталија Ивчева во изјавата пред влезот на судот рече дека „и пред да биде објавена пресудата на Бошкоски, предвидувале дека Василевска ќе биде наградена, а очекуваат наскоро да се вработи и нејзината ќерка како судија“.
|
|
Статијата е прочитана 2052 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goce, 16.03.2012 02:00:14 | Sekoj,sto raboti pravilno,treba da bide nagraden.
Sekako deka toa vazi, i za sudijkata Vasilevska. |
| usa, 16.03.2012 05:04:14 | bravo be Goce,dali toa sto si go pisal sam go izmisli ili ti go kaza nekoj? STARM e ova Goce za site nas,samo ova sega sto se slucuva od vakvi poslusnici i unapreduyvanja ke plajka malubrojniot narod sto ke ostane vo mk zatoa sto sekoj gleda sto pobrzo da se kurtuli od pravilnoto rabotenje na vladata,,, |
| albanec, 16.03.2012 05:18:50 | Pa uspesno ja zavrsi dadenata rabota i e mnogu poslusna na Grujo pa posle seto ova zasluzuva i povisoko nivo.Dedo mi lesna da mu e dusata sekogas mi vikase dete najteska rabota e koga rabotis so vaga, koga meris.Samo tvrda lisnost moze da raboti na vaga i da ne krade.Sudike vie kako poslusnik na grujo kolku bolka ste nanele na nevini luge.Vo ovoj svet narodot ke dojde vreme koga ke ti sudi tebe licno a vo drugiot svet ke goris od nepravdite sto si gi napravila.SMRT NA NEPROFESIONALNITE POSLUSNICI. |
| sando nepartijec, 16.03.2012 07:15:54 | toa e prava sudijka koja sudi po zakonot samostalna takvi treba ušte čestitki |
| Alek®, 16.03.2012 08:01:27 | Ексминистерот за неправда Маневски може да биде мирен. ДПМНЕ-овските инсталации како канцер го зафатија целото судство. |
| Gargamel, 16.03.2012 09:27:43 | Sramot i bedata na makedonskoto sudstvo sekojdnevno se potvrduva so godini na nazad.Aktivnata sudijska i obvinitelska fela,strucnite,doblesnite,isplaseni ne samo za sebe tuku i za idninata na svoite semejstva,se povlekuvaat pred naletot na zasluznite partiski poslusnici,karieristi i mativodi koi zaboravaat deka se ova sto sega se pravi ke se vrati na nivnite deca,zasto takva drzava napravivme,takov e sistemot.Branko i Bucko go pocnaa urivanjeto na pravniot sistem,za zastitana svoite,no denesnive zbidnuvanja se von sekoe merilo.Ponekoj sobira dobles da gi iznesuva vistinite,dozirano,preku peroto na Sase od Fokus,dodeka poveketo molcat a znaat koja e Vasilevska,so noviot standard i mercedes,koja e Nedelkovska,koj e Toni,koj go vodi sudstvoto i kade,za zal.Cekmedje e praviot zbor za sudijsko obvinitelskoto rabotenje.Sramno za site od taa fela. |
| Баба Ката од Секулицу, 16.03.2012 09:39:16 | Ваквото експресно УНАПРЕДУВАЊЕ на двете госпоѓи судијки Неделкова и Василевска,во услови на екстремно БЕСНИЛО кое го зафатило нашиот правосуден, реформиран систем,ако малку подлабоко размислиме,не е,ниту може да биде УНАПРЕДУВАЊЕ! Зарем тоа не е КАЗНА,ДЕГРАДАЦИЈА на двете судијки, накусо речено, и како СУДИИ и како ЛУЃЕ! |
| od ostrijot, 16.03.2012 09:43:36 | taka e kaj nas sudiji koj gi osuduvat politickite protivnici na vladata kebidat unapreduvani. |
| Hari, 16.03.2012 09:51:00 | Uspesna sudijka a i hrabra nema sto, ja sproveduva prerodbata i toa sto i prviot cekor. Ne e samo unapreduvanjto mora za da napravi vakov kriminal so nejzinite lincuvanja na neistomislenicite na vlasta, mora da e vo prasanje i debel kesh.A za obrazot moze da se aze samo -GJON. |
| S.P., 16.03.2012 11:30:11 | Sekomu spored zaslugite, sekoj koj odrabotilbil i nagraden. Vo nasite sudovi presudite se pisuvaat odnapred lugeto OSTVARUVAAT taka i gi nagraduvaat. |
| Istocna Makedonija, 16.03.2012 11:36:09 | Cestitki!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
| Alek, 16.03.2012 12:46:08 | A da ne e ovaa nekoja rodnina na Milenko? Ili tokmu taa go strpa vo zatvor. Vo sekoj sluchaj, pozdrav do Milenko. |
| Трпе, 16.03.2012 14:08:34 | Овие кои градат кариера на ваков начин немат лице.Тие имат маски а што ке се случи кога маските ке и паднат?.Не треба да се бранат и да кажуват дека незнаеле.Да бидеш полтрон и маша некому е пострашно и од криминал. |
| D.V., 16.03.2012 14:25:51 | Gledajhki sto se slucuva, kako se sudi kaj na, znacenjetop na DOBAR i Pogodni sudija e vo zavisnost od koja tocka i koj kako gleda na pravdata koja neli e so (bez) vrzani ioci. Pocuvstvuvajki go sudot na moja koza, zakluciv deka vo podobra polozba e onoj koj laze, odosto onoj koj si go brani pravoto. Oti kaj nas pravdata i pravednosta ne odat zaedno.Imav *srekje* da bidam kaj *nekorumpirana sudijka* K G kade i pokraj site moi pismeni dokazi i tvrdenjeto na desetina svedoci od site socijalni sredini, od pratenici i minister(ama NEKOGASNI) do obicni sekojdnevni cesni lugje, sporot go izgubiv, poradi svedocenjeto na SAMO edna svedocka, postara osoba za koja prilozivme i pismo napisano so nejzina raka deka na nekoe prethodno sudenje kako svedocka, prisiluvala drigi svedoci, pretejki im so pishtol , da svedocat taka kako ona ke im rece,...*Nekorumpiranata sudijka* ovoa pismo ne go zede vo predvid kako i ostanatite desetina moi svedoci i mojata izjava.Prodolzenie vo Strazburg!! |
| Ivan, 16.03.2012 20:59:01 | Sudiikata e UDBAshka!!! Ovo e Vistinata!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C
|
Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|