16.03.2012, 17:38 Вундер кинд од семејството Глигорови
Младиот Владимир Глигоров е син на познатиот економски експерт од Виенскиот институт и внук на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров
Соња Маџовска
Дедо му беше правник, „татко на нацијата“ и прв претседател на демократска Македонија. Татко му е врвен економист, професор и веќе со години е дел од експертскиот тим на Виенскиот економски институт.
Најмладиот, пак, ни го претставија како вундер кинд.
Работи во престижниот Европски центар за нуклеарна физика близу Женева - ЦЕРН. Почетокот на текстов личи на загатка, но и за нас беше енигма кој е младиот Владимир Глигоров, внук на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, а син на познатиот економски експерт Владимир Глигоров.
Со оглед на тоа што имаат исто име и презиме, таткото и синот, првиот пат кога стапивме во контакт, електронски, за да нема забуна, му прецизиравме дека сакаме да разговараме токму со него, а не со неговиот татко.
Беше изненаден, но веднаш ни стави до знаење дека не сака да разговара за неговиот однос со роднините во Македонија, но затоа беше расположен во детали да зборува за себе и за својата кариера.
Интересен е фактот што првиот и-мејл испратен на македонски, експресно го врати, со образложение дека ништо не разбира и дека никогаш во својот живот не ја посетил Македонија.
Владимир Глигоров јуниор е научник, специјалност му е нуклеарната физика, а има само 30 години. Денес работи во тим од 700 научници од десетина земји, а тој е одговорен за голем дел од системот кој во текот на приемот на податоци одлучува што да задржи за натамошно истражување. Сепак, потенцира дека без тимска работа - нема успех.
За неговиот приватен живот ни даде само куса информација.
„Не сум женет, но сум во постојана врска со колешка, физичарка, немам деца, работа има премногу. Реков дека не сакам да зборувам за својот личен живот, но во случајов и нема многу што да се каже. Работиме нон-стоп, бидејќи има многу малку академска работа, а конкуренцијата е голема. За секоја работа обично има десетина колеги, сите со слични квалификации, и единствениот спас е во тоа човек повеќе да работи и со тоа и повеќе да постигне од другите. Не сметам дека е тоа здраво, но ако не е тоа проблем што може да се реши, што може тогаш човек?“
Младиот Глигоров е роден во Белград, таму се школувал до деветтата година. Потоа се преселил, најпрвин, во Америка, во период од една година, потоа две години живеел во Шведска и, на крајот, во Австрија, каде што неговите родители, конечно, се задомиле. Во Австрија ги завршил првите две години од средното училиште, по што добил стипендија и останатите две години ги завршил на колеџот во „Оксфорд“, Велика Британија. На седумнаесет години запишал физика на колеџот „Сент Џонс“ во „Оксфорд“, кој е составен дел од Оксфордскиот факултет.
„На дипломски студии по физика, главно, ме интересираа таканаречените фундаментални дисциплини, квантна механика, физика на честички и слично. Бев посебно фасциниран од тоа како човек може филозофски да ја интерпретира квантната физика, на пример, што значи тоа материјата во исто време да е збир на честички и збир на бранови?“.
Уште додека учел, сакал и да работи, па за време на летните одмори стекнувал работно искуство во познати центри каде што се правеле истражувања за нуклеарната енергија.
„Летно време работев во Центарот ЈЕТ во Абингдон, место близу до Оксфорд, каде што постои најголем пробен реактор за фузија на светот.
Денеска нуклеарната енергија се произведува со нуклеарна фисија, со распаѓање на ураниумот, што е проблематично поради радиоактивниот отпад што се произведува при тој процес. Од друга страна, нуклеарната фузија произведува енергија на лесните елементи – хидроген - како во Сонцето. Нема отпад, ниту опасности од катастрофи, како од типот на ’Чернобил‘, но, за жал, моментално не постои технологија која ќе овозможи со фузијата да се произведува енергија на економски (економичен) начин. ЕЛЕМ и ЈЕТ станаа центри, полигон каде што фузијата се усовршува. Неколку летни одмори работев таму и ги усовршував експерименталните методи и, воопшто, тимската работа, што за мене беше нешто сосема ново. Меѓутоа, по завршување на факултетот, бев многу добар, без никакво признание или награда. Сепак, најмногу ме интересираше фундаменталната физика на честици“, раскажува Глигоров.
Од почеток од докторските студии во октомври 2003 година до денес, тој е член на ЛХЦБ-експериментот. Станува збор за еден од центрите што е главен за експерименти во ЦЕРН.
Глигоров објаснува во детали што значат експериментите што ги прават во овој центар. Што е ЛХЦБ-машина која ги судира протоните со протони?
Она што го прави специфичен е што судирите имаат поголема енергија и што бројот на судирите во секунда е поголем. Тоа е важно, бидејќи протоните се судруваат за да се види што се произведува при тоа. Колку е поголема енергијата на судирите, толку е поголем дијапазонот на честички. И колку се почести судирите, толку е поголема шансата да се видат ретките процеси што се случуваат, на пример, само еднаш во неколку милијарди судири. Важно е што имаме апарати кои снимаат што се случува навистина при тие судири, а ЛХЦБ е еден од нив.
Глигоров работи на овој експеримент веќе девет години. Прво како докторанд на „Оксфорд“, а потоа како асистент во Глазгов (2007-2009) и на крајот во „Марија Кири рисерч фелоу“ во ЦЕРН од 2009 до 2012. Лани во ноември е промовиран во планот на академската постава на ЦЕРН, за период од пет години. Неговата главна работа се однесува на распознавање на сигналите од шумовите во ЛХЦБ-судирите. |
|
Статијата е прочитана 4721 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.03.2012 00:37:29 | Niz svetot ima mnogu Makedonci koj se vrvni experti i uspesni, no za zal skoro site, ili potocno bukvalno site se skoluvani tamu. Ova go napisav so cel da prestaneme postojano da pisuvame kako od tuka sme imale*odliv na mozoci*.Nie imame odliv, ili bezanija na mladi luge koj gledaat da se spasat od ovde, i prifakaat tamu da pocnat od apsolutna nula.So diploma ili bez diploma, na skoro site pocetokot/startnata pozicija im e ista. I samiot Glogorov mladiot, potvrduva deka i pokraj site tie silni diplomi od najsilnite univerziteti, sepak e tesko. Konkurencijata e pregolema, pa mozete da zamislite so nekoja ovdesna diploma kako ke pominete tamu. Svetot nema nikakva korist od*odlivot*na nasite mozoci. Korist imaat od nasite race koj se uste se eftini i spremni sve da rabotat. Mu posakuvam uspeh na ovoj mlad covek, no toj so Makedonija nema apsolutno nisto.(nitu pa go interesira, kako i skoro site drugi mladi koj otisle/izbegale na zapad).Interesno e samo toa sto e vnuk na prviot Pretsedatel |
| astro, 17.03.2012 06:16:17 | pocituvani braka i sestri takvi genijalci ne smejat da se pustat nadvor od nasata zemja toa e najgolemoto bogatsvo sto go ispustame a vo zapado gi kupuvat za mnogo eftina para dodeka ne ja vidat nimnata sposobnost doa ne e rabota na narodo tuku na luge koi se vo tie instituci i sto znajat koi se tie lige . pozdrav do site. |
| nnnne, 17.03.2012 07:14:59 | Naslovot e gresen. Vunderkind ne e covek sto zaradi zivotniot stil na roditelite prosetal niz povekje skoli i univerziteti niz svetot. Institucijata ne go pravi covekot vunderkind, posebno ako roditelite mu bile eksperti na evropski univerziteti.
Ovoj covek po moja slobodna procenka e tipicen belosvetski akademski proleterijat. Koristen mozok-sto bi rekle vo naucnite krugovi. |
| И ?, 17.03.2012 07:50:24 | Успешна животна приказна на едно момче родено под среќна звезда. Момчево имало предиспозиции плус богато семејство кое можело да му обезбеди образование на сите тие престижни универзитети и институти оти сите знаеме колку чини школувањето таму. Секаде во светот има млади луге кои имаат знаење и предизпозиции ама никогаш нема да ги реализираат заради финансиска немоќ. Тоа што случајно е внук на нашиот прв претседател, што не знае македонски и никогаш не дошол во Македонија можеби кажува нешто за нивните семејни односи но не за државата. Или ни го предочивте како пример кој се разликува од децата/внуците на другите наши политичари кои ги уживаат благодетите на транзицијата во Македонија? Искрено не разбрав, ама ОК. |
| kiki, 17.03.2012 08:45:12 | Toj nema nikakva vrska so
Makedonija , |
| Goce, 17.03.2012 09:06:54 | Se razbira, nema koj ne ke mu posaka mnogu uspeh na mladiot naucnik, uste poveke koga toa e steknato so mnogu rabota i otkazuvanja.
Ovoj primer samo uste ednas dokazuva deka potekloto - predcite, genite , se glavnite vinovnici za predispozicijata na eden covek, a ako tie dobro se nasocat togas uspehot e neminoven.
Stom e ova vaka togas eden sovet do Vladimir - junior. Ne gi zaboravaj i potsetuvaj se na korenite tie se pak vodat do Makedonija. |
| mene, 17.03.2012 10:17:38 | Vakva edna vest me pravi i ponosen deka eve od ovaa pocva moze da izleze eden takov svetski naucnik,od druga strana sum tazen sto nasava drzava tone vo kavgi i se nema vreme na lugjeto od naukata da se posvetat na svojata rabota. |
| и, 17.03.2012 11:11:34 | Секоја чест за човеков, но ова со Македонија има нула врска бидејки човекот, освен што е роден македонец, нема никаква врска со Македонија. Ниту пак некој друг млад човек кој избегал во светот има нешто позитивно да понесе од Македонија, ни добро стручно ни добро општо образование, треба да ја заборави Македонија и да почне од нула ! Без залажување молам. |
| Момче научи за Македонија, 17.03.2012 11:17:45 | А ако ја осознаеш вистината за Македонија ќе дојдеш многупати и ќе сакаш да и помогнеш. Така животот уште пополн ќе ти биде. |
| bb, 17.03.2012 11:55:42 | bravo za mladiot Gligorov, bistrata, inteligentna mudra loza( i sto uste ne naj prodolzuva),i mozda e podobro sto ne saka da zboruva za korenite ,za da nekoj mu pravi sopki kako i na negoviot dedo |
| marija, 17.03.2012 12:15:21 | Dokolku mladiot Vladimir Gligorov bese Germanec ili Francuzin odma ke vi ja raskazese istorijata na svojata falimija i ke vi kazese kolku se gordee so delata na dedo mu.
No za zal , mladiot Vladimir e tipicen Makedonec.
Toj se strami od svojata familija, ne saka da razgovara i vednas vi kazal deka nema nikogas dojdeno vo Makedonija.
Za zal , takvi uspesni Makedonci ima mnogu vo cela Evropa.
|
| Marioec od Azija, 17.03.2012 12:16:30 | Bravo!Jas mislam deka e vreme da se svestime,i da priznaeme deka nesme najpametni i da ne gi potcenuvame ludjeto od dijasporata.Zato sto vo prasanje se 3 pa i 4 generacija,a odniv ima golem broj na sposobni kadri sto mozat da i pomognat na drzavata.A koga Utrinski e vece kaj Zeneve,redno e da go poseti mladiot Miki,naucnik,na koj sto i negoviot prof mu cestita za dostignuvanjeto vo naukata(mislam deka e astro-fizicar).Imame dosta uspesni nasi deca,samo da se napravat uslovi i da se zainteresiraat za makedonija.PS.deckoto go zavrsuva doktoratot i se vraca za London mislam Juni ili Juli,mozam da vi pratam i Email od istiot. |
| mene, 17.03.2012 12:54:34 | Pa neli patrioti treba vo Makedonija da rabotat???
|
| elena, 17.03.2012 13:23:51 | @jovan Apsolutno komentar na mesto. Sekoja cest! |
| demokrat, 17.03.2012 14:57:42 | Vnukot na, kako sto velite, Tatkoto na nacijata ne znae makedonski i nikogas ne bil vo Makedonija. Bravo! Negoviot dedo cel zivot ziveese od Makedonija/Jugoslavija t.e. od parite na danocnite obvrznici, so site privilegii i benefiti sto odea zaedno so funkciite koi gi izvrsuvase. Da ne bese toa taka prasanje e kolku negoviot vnuk bi imal moznost da se proseta niz svetot i da bira kade ke se skoluva!? |
| Miki, 17.03.2012 15:00:43 | Bravos za negovite uspesi, no zalosno i sramno e koga posebno vnuk na prviot predsedatel na Makedonija ne pokazuva ljubov kon svojata Tatkovina!Edno mozam samo da kazam, oti i jas sum roden i ziveam vo stránstvo, toj kolku i da saka nemoze da bide nesto drugo osven makedonec, a kade i da odi po svetot, nikoj nema nikogas da go gledat kako svoj covek, doma si e doma, a vo tuginja si tuginjec! |
| ???, 17.03.2012 18:23:32 | Da se nadovrzam na komentari za vrskata na mladiot Gligorov kon starata tatkovina. Nema podatok, dali majkata na momčeto e isto Makedonka. Tatko mu, znači, sin na edna od najvidnite ličnosti na MK, a ne bi doagjal vo Makedonija so familijata nikogaš? Ako e taka, momčeto nee krivo, što ne bilo nikogaš tamu - koga bil dete, roditeli ne možele - ne sakale... ne doagjale, a sega, koga e golem, vozrasten, no bez odnos kon MK vo srdceto, samiot ne se nafaka da ide. Lično jas mislam, deka vistinata e druga, no zošto pak da kažuva na sekogo? Ednostavno saka da ja zadrži privatnosta na život svoj i svojata familija. Mislam, deka e toa uspešen vreden dečko i mu poželuvam uspeh. Toj, što mu kažuva Momče, nauči za Makedonija i da i pomaga na Makedonija, za da mu bide popoln životot, neka se potrudi sam a ne čeka pomoš od drugite, oti toj što čeka, može da čeka doveka. Najsigurno e sam sekoj da si pomogne (a komu mu pomogna - pomagaš ti, momče Makedonče?) |
| CERN employee, 18.03.2012 05:16:25 | Zosto voopsto pisuvate vakvi raboti? Kogo ova go interesira? Verojatno zatoa sto mu e vnuk na Kiro...a nitu na pogreb ne mu bese. Za Vasa informacija, proverete vo CERN sto tocno raboti ovoj covek. Verojatno neprijatno bi se iznenadile. I za kraj, poraka do nesudeniot fizicar Gligorov: kvantnata teorija na Plank e potpolno pogresna, materijata ne moze da bide i cesticka i bran. Decko, ako ne e pretesko za tebe, prouci go malku poveke Einstein koga veli: Bog ne frla zarovi. |
| od nas, 18.03.2012 06:10:26 | Ovoj covek nitu e genijalec,nitu toa ke bide.Covekot koj ne si go priznava sopstvenoto poteklo e za zalenje a ne za voodusevuvanje.
Sramota...Tekstot ne trebalo da bide napisan uste koga go vratil prepisot na makedonski.
Those who ignore history are bound to repeat it
George Santayana |
| Hari, 18.03.2012 09:22:38 | Do portokalovite. Vo slucaj vnukot na Gligorov da saka da raboti vo Makedonija za da se vraboti ke treba da odlucuva opstinski komitet na dpmne Gazi Baba i bidejki e vnuk na komunjar nema sansa da dobie rabota i pokraj negovata genijalnost. Zamolcete , zasrametese. |
| od citatel vo usa, 18.03.2012 13:45:47 | do miki doma sie doma nee vistina vasite patrioti ne izbrkaa od doma koja sym ijas 2010 dojdov vo makedonija da zemam kyka ili stan da investiram nesto za makedonij fnyko imase fydbal trnament vo albanija i jas i mojo sopryg sakavme da odime da go gledame so platen hotel od edna nedela vo albania potoa sakavme da odime crna gora plate hotel za edna nedela od vasio komandir bevme vrateni deka nemavme makedonski pasos pasos izvadivme a koga otidovme da go zemime slyzbeniko bese na odmor i eve dve godini go nemam pasoso sega ti kazimi kaja e mojata doma dase vratam a za da imas pari pa da mozes da izycis tolky mnogy nese slozyvam so tebe zato sto na takvite deca my dava ogromna stependija za da do zavrsat tova sto go mislat |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Ведро
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 7°C
|
Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|