Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.03.2012, 19:50

Мое ќоше

Ќарот на банките

Ерол Ризаов

Се' си има своја цена, па и парите

Ги читам деновиве моите колеги од економските рубрики кои во време на целосен диктат на политичките теми тешко успеваат да стасаат до првите страници на весниците. Со големи т��кстови, наслови и анализи ги зграпчија баснословните профити на македонските банки. Темата е навистина провокативна, тргнувајќи секогаш од неизбежното прашање како тоа кај беден народ и колабирано стопанство банките остваруваат толкави добивки од кои во сиромашна Македонија ви се врти во глава. Се спомнуваат бројки од над 200 милиони евра што заработиле „лихварите“ за една година, без да мрднат со прст, што би се рекло. Веднаш се сетив на американскиот црн хумор за „добрите“ адвокати и банкари. Само мртви банкари и адвокати се добри. Ајде, си реков, малку да ја расчепкам оваа тема иако од поодамна ме јаде јанsа зошто кај нас не се атрактивни за медиумите добивките на компаниите и успешните луѓе. Некако објавените добивки на големите македонски компании, освен во еден или два случаја, отсекогаш ми изгледаат многу помали отколку што има впечаток јавноста за нивната успешност и големина.

Така е и со банките. По ударните бројки од 200 милиони евра провизии и камати, читам колегите напишале и други податоци и факти кои многу пореално ја отсликуваат ситуацијата. Од силните провизии и камати, македонските банки, сите заедно, до една, одвај успеале да направат чист ќар, ни помалку ни повеќе, од околу 37 милиони евра. Тоа не е се'. Толкав е профитот на три-четири најголеми банки. Понатаму следуваат банки што работат на граница на успешноста, па следуваат повеќе банки кои имаат негативни финансиски резултати. Кога се' ќе се собере и одземе, македонските банки 2011 година ја завршиле со профит помал од 20 милиони евра. Кога ќе го соопштите ова на која било европска или макар регионална банкарска или гувернерска конференција, дека сите македонски банки лани оствариле добивка од 19 милиони евра, веднаш станува јасно колкави се економските потенцијали, успешноста и дострелите на вкупното стопанство на државата. Ако продолжите, пак, да го анализирате профитот од 37 милиони евра кај најголемите банки, брзо ќе ги откриете трендовите на намалување на добивката. Тогаш рендгенски јасна станува вкупната состојба во македонското стопанство, особено ако погледнете во делот на ризиците на банкарските пласмани. Или уште попрецизно колку добри и бонитетни компании станале ризични во враќање на кредитите соочени со економската криза. Можеби тука се кријат голем дел од причините зошто при толку високи банкарски приходи, толку се ниски профитите.

Парите како и секоја стока си имаат своја цена. Колку е поголема понудата и помал ризикот за враќање на заемите, толку парите се поевтини и полесно достапни. И обратно. Колку е помала понудата, а неизвесноста за враќање на долгот поголема, парите се поскапи и понедостапни. Така, кажано наједноставно, се регулира политиката на каматите и кредитното работење било со компаниите, било со граѓаните. Се разбира, носителите на монетарната политика и гувернерите имаат силни механизми за интервенција на пазарот на пари доколку се појават одредени аномалии и трендови кои можат посериозно да ја загрозат монетарната стабилност. Такви интервенции редовно и се прават, но и тие имаат своја цена. Покрај тоа, тие интервенции не смеат да бидат над и надвор од економските законитости. Штом почнува државата да чепка по политички допадливи интервенции во монетарната власт, се изродуваат многу подлабоки кризи чие стампедо станува незапирливо со катастрофални последици. Затоа, чинам дека профитите и, воопшто, работењето на македонските банки годинава не се многу за завидување отколку што се чини тоа на прв поглед. Добро е што Македонија има стабилност во банкарското работење, но трендовите се загрижувачки, бидејќи тие директно произлегуваат од вкупните состојби во стопанството и се' помалата финансиска моќ на граѓаните. Се' уште дознаките од странство и штедливоста и во сиромаштија како повеќевековна традиција се најстабилните извори на банкарското работење.

За мене лично, многу поатарактивна тема во сферата на профитите и добивките се јајцата што ги несат трите златни кокошки „Телеком“, „Окта“ и „Усје“. Таму навистина има чист ќар од околу 200 милиони евра секоја година. Како се прават тие големи добивки и каде завршуваат мислам е вистинската жешка тема. Што мислите Вие.


Статијата е прочитана 2182 пати.

Испрати коментар



Марш за мир
Пораки за мир
Нова рунда партиски препукувања за меѓуетничките односи
Груевски: 880 лица работат на приближување кон ЕУ
Македонски тренд
Владата се подновува со 30 нови автомобили
Ни купи куќа ни купи стан
Интервју - Белгија е претрупана со азиланти
Стартува наградната игра на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“



jovan, 19.03.2012 00:08:40
Tocno e deka nasite banki se lihvari sudejki spored visinata na kamatite, no vo Makedonija debeli profiti pravat samo 5-6 banki. Drugite se teska katastrofa. Vo prvite 4-5 banki se 95% od site depoziti vo drzavava, i so takov iznos (skoro 3 miljardi evra) moze sekoj da pravi dobar prihod, pogotovo so vakvi kamati. Pogolemo znak prasanje e kako i zosto opstanuvaat nekoj banki, koj postojano se vo zaguba. Koja im e celta? Koj stoj zad vakvi banki, i zosto gi odrzuvaat? Toa se prasanja koj se mnogu mnogu pointeresni, a ne e tajna deka nekoj banki (demek stranski) opstojuvaat poradi nekoj politicki pricini. Toa ne e banka. Toa e mafija.
Istomoslenik, 19.03.2012 02:54:52
Istoto, sto go mislite i vie, G-ne Erol!
Kvartet profitabilis, 19.03.2012 05:58:52
Rabotata i uspesnosta na bankite , kako i ostvareniot profit bara edna posiroka elaboracija pa i povece znaenje i poznavanje od finasiskata i monetarnata sfera.Jasno e samo deka vo Makedonija kamatite seuste se visoki, a vistinski funkcioniraat samo nekolku pogolemi banki. Kako opstojuvaat drugite pomali banki navistina e enigma?Ne samo poatraktivno no i poaktuelno i poenigmatsko prasanje e profitot na firmite koi nosat zlatni jajca Telekom , Okta, Usje, pa i Toplifikacija. Dali seto toa e vo sklad so ekonomskite i finasiskite zakonitosti ili e rezultat na monopolskata i privilegirana polozba koja ovie subjekti ja obezbedija na somnitelen nacin i istata i ponatamu uspevaat da ja zadrzat. Eve za Telekom i jasno se otvori prasanjeto za korumpiranje na odredeni lica od vlasta za zadrzuvanje na monopolskata polozba. Za OKTA se znae kakov dogovor ima potpisano so Vladata , pa i glupak da ja vodi ce ostvaruva profiti. Slicno e i so Topligfikacijai nejzinite relacii so Regulor. Komisija
има уште, 19.03.2012 06:43:06
А каде се добивките на АД Топлификација, ЕЛЕМ ? Зарем има негде во светот некој да остварува профит од непонудена или такаречи никаква услуга? Има ли негде другде фирма од која никој не е задоволен, ама од чие оро на услуги тешко можеш да се откажеш? По кој закон Топлификација од 12 месеци нудени услуги САМО 4-5 месеци, а остварува приход и во останатите 7 во кои не дава никакви услуги? Кој стои зад еден таков закон и кој има сила да го смени?
Prijatel, 19.03.2012 09:49:19
Erol, pa ti si bil neotkrien talent za ekonomski tekstovi! Mislam deka mnogu podobro ti lezhat temive od ekonomija odkolku od politika. Razlikata e kako da nosish sportsko odelo od Boss ili Armani sporedeno so onie shto specijalno samo za funkcionerite na Izvrshniot Sovet gi izrabotuvashe Gerast Cunev. Da bev urednik vo Utrinski nemashe da ti dozvolam da prodolzhesh da se jadosuvash so bedata na politikata vo Makedonija. A odgovorot na prashanjeto za trite zlatni kokoshki e samo eden: Monopoli!!! A profitite se nasigurno, vo stranski banki nadvor od Makedonija!
citatel, 19.03.2012 11:47:03
Do Prijatel: Abe Prijatel da ti dadam eden prijatelski sovet: idi leci se dur imass vreme! Od ova so si go napisal samo pokazuvass kolku nepoznavanje imass za rabotite, a se drznuvass da napisess neso. Podobro kuti si, mnogu si popameten taka, a ne vaka da se blamiras pred javnosta. Kade besse ti koga Erol pisuvasse za ekonomija use vo nova makedonija. Abe kako se drznuvass da napisess takvo nesto. Pa Erol e car za ekonomija. Pola od toa so go znae i umee Erol da go mozea i umeeja Stavreski i Gruevski ke besse mnogu podobro za site nas. Pozdrav do Erol. Odlicen tekst.
edno dete, 19.03.2012 13:01:58
Господине Ерол, Што убаво сте се намерачиле на банкарите и нивните профити а како чист полтрон на другите златни кокошки само со споменување поминувате. Дајте мала анализа и за нив направете. Или за нив не се достапни информациите на КХВ, на НБРМ и на сите сајтови на компаниите одделно па тешко доаѓате до тие податоци? Секоја година, Банките се анализираат до детал како тоа ги направиле парите а телекомите на пр. никој не ги анализира. Или ајде да ги анализриаме и медиумите кои имаат инфлација по 100% годишно на цените, ај да ги анализираме маркетинг агенциите, или можеби подобро да ги анализираме приходите и расходите на државните компании. Банката ако не е профитабилна нема да постои. Ако сакате Банка што не наплаќа камата тогаш не очекувајте да ви плаќа камата за депозитите. Каков е тој аршин, ако компанијата остварува профит гарант е „лихвар“ а ако пропаѓа - тогаш државата е крива? Најлесно е со прст да се покажува, потешко да се размислува.
Мики, 19.03.2012 15:20:47
Ерол, немам коментар, туку сакам да ти кажам дека кога читам „Утрински “, прво го барам „Моето (твоето) ќоше“, па потоа можеби ќе направам напор да прочитам што и да е друго во весникот.
Mudrec, 19.03.2012 15:44:05
Erol e ekspert (vo navodnici) za se, pa i za ekonomija. Si gi istolkuval brojkite i donel zaklucok. Nema nisto od istrazuvacko novinarstvo, da vidi kaj koja banka od kade doagjat zagubite , zosto na Komercijalna i padna profitot, a deli povisoki dividendi itn. Bitno e samo da se kritikuva i da mu se tura na narodot vo glava deka ne ne biva.
До Едно дете и Мудрец, 19.03.2012 16:08:42
Не знам дали Мудрецот има ум колку „едно дете“ или пак еднподете од пелени станало мнггу мудро. Го напаѓате авторот за тоа што се залагате, а тој го поддржува целосно. Да се крсти човек со две раце, како тропате на отворена врата. Партиското слепило било полошо од вистнското. затоа го викаат ќор при очи. Ништо да не се гледало без розеви наочари.
mene, 19.03.2012 18:00:09
Pa, spored moeto skronmo poznavanje na rabotite, vo svetot moze da izgubat site - od poedinec do celi drzavi. Ne gubat samo bankite zasto tie se izmisleni za manipulacija Od amerikanskite drzavni rezervi koi se privatno pretprijatie koe I pozajmuva na Amerika pari, do poslednata banka kaj nas. Tie nikogas ne gubat trojno se zastiteni (hipoteka, ziranti, menica) koga pozajmuvaat pari, a naplakjaat za se...
stojko, 19.03.2012 19:42:08
Da go nadoplnam g.kolumnist deka postoi uste edn a izreka;sekoj covek moze da bide bankar i advokat,no bankar i advokat nemoze da bide covek.
V. K., 19.03.2012 22:34:08
На прашањето што мислат читателите мој одговор е: Согласен сум со последната реченица но државните елити немаат интерес за ефикасна контрола, посебно на интерните трансфери со кои се одлива огромен капитал, за што најдобро зборува случајот на подмитувањето во Телеком. А што се однесува до банките после овој напис изгледа ќе има потреба да бидат помогнати за да не станат ‘‘стечајци‘‘. Во малигната симбиоза помеѓу политиката и финсискиот капитал жртва во овие 20 години стана реалниот сектор. В.К

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |