Хороскоп
Овен
Викендов може да ви се случат неочекувани важни настани што ветуваат поволен исход. Ќе добиете деловна сатисфакција, но таа нема да ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни оддалеку не може да ги задоволи вашите апетити.
Бик
Одличен ден за склопување договори и деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Доколку сте свртени кон љубовта и уживањето, на тоа заборавете барем денеска. Приоритет е работата.
Близнаци
Полни сте со енергија кога вашите интереси се во прашање. На ништо не се жалите. Но, кога некој од околината ќе побара нешто од вас и мора да се жртвувате за други, веднаш ви паѓа тешко. Зошто сте толку себични? Нема потреба од такво однесување.
Рак
Веќе подолго време се наоѓате во поволен период, но за тоа не сте баш свесни. Вашиот проблем е тоа што не верувате во себе, ниту пак во тајниот јазик на ѕвездите. Морате да бидете што поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности.
Лав
Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителност. Морате да се изборите со таа мана доколку сакате нормално да функционирате. Сами не можете, а во друштво лошо се чувствувате.
Девица
Без разлика на астролошките влијанија, вие фантастично се чувствувате. Не секирајте се затоа што некои работи се случуваат спротивно на она што го испланиравте. Обратете поголемо внимание на здравјето. Време е за систематски преглед.
Терезија
На расположението влијаат многу конкретни случувања. Во фаза сте на стекнување необични искуства на план на љубовта. Може да ви се случи некој да ве пренесе жедни преку вода. Не верувајте слепо во се што ќе слушнете.
Скорпија
Романтиката стапува на сцена. Доколку не успеете практично да ја остварите, постојат и други начини да функционирате во таа насока. Гледајте љубовни филмови и слушајте музика, ќе ви се поправи расположението.
Стрелец
Иако немате конкретни причини, се чувствувате тешко и не гледате излез од моменталната ситуација. Решение, сепак, постои. Вооружете се со трпение и подгответе се за тешка работа. Занемарете ја емотивната страна доколку сакате да избегнете уште поголеми компликации.
Јарец
Не можете на ништо да се пожалите. Веќе подолго време се во оди од рака. Доколку искрснат емотивни проблеми, тоа е нормална појава со оглед на вашите ставови врзани за слободата. Само некој Близнак би бил во можност да ја задоволи вашата желба.
Водолија
Не ви е лесно. Многу проблеми се натрупуваат како облаци врз вашиот живот, но тие проблеми, пред се, се однесуваат на други. Семејството и пријателите прават се за да ви го подобрат расположението. Одговорете позитивно.
Риби
Моментално е нагласена вашата потреба за удобност и уживање во ситници. Настојувајте да го спроведете тоа во дело. Доколку некој се обиде да ве спречи, можни се напади на нервоза и конфликти.
|