Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
16.03.2012, 17:35
Зовре политичката сцена - опозицијата се заканува со протести

Од СДСМ велат дека од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зависи дали опозицијата ќе почне да практикува „интензивна улична демократија“

Александра М. Митевска



Опозицијата повторно излегува на протести. Една и пол година по големиот протестен марш во Скопје, кој ги навести ланските предвремени избори, социјалдемократите, за синоќа, имаа најавено масовен собир пред општинската зграда во Аеродром, каде што требаше да се обрати партискиот лидер Бранко Црвенковски. Како повод за организирање на протестот се наведува притисок од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се оневозможи СДСМ да одржи трибина. Причините, пак, на ваков начин да се изрази незадоволството се чинат многу подлабоки.

Настанот во Аеродром се најавува како увертира во пожестоко опозициско дејстување контра Владата, при што не се исклучува ни улична демократија.

„Од однесувањето на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ зависи дали опозицијата ќе практикува интензивна улична демократија. Ако го следиме искуството со актуелната власт во изминатите шест години и нејзиниот недемократски карактер и самоволие, тогаш протестите ќе станат неминовност“, велат од СДСМ.

Од најголемата опозициска партија, официјално, велат дека единствен начин да се спротистават на „тоталитарното однесување на власта“ е да го подигнат степенот на мобилизација на партијата и дека поради тоа СДСМ бил активен на сите нивоа на политичко организирање.

„Пораката со протестот во Аеродром е многу јасна. Повеќе нема да го одмолчуваме самоволието на ВМРО-ДПМНЕ и на неговите функционери“, велат од СДСМ.

За денеска е најавена седница на Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија (НСДП), коалициски партнер на СДСМ. Од состанокот треба да произлезе стратегија за дејствување на НСДП, велат од оваа партија.

Во предлог-стратегијата, меѓу другото, се наведува дека „разните облици на организирање и манифестирање на незадоволство, како што се бојкотот, масовните протести, блокади, штрајкови и граѓанска непослушно��т, ќе ги делегитимираат властодршците и нивните извори на поддршка, вклучувајќи ја и лојалноста на нивните воени и полициски бранители“. Во документот на НСДП се посочува и дека ненасилните методи на дејствување на опозицијата треба јасно да се разликуваат од методите на Владата, како и дека „бојкотот на единката, насочен кон институциите на државата, нема да засегне никого додека бојкотот на масата е политичко - економски земјотрес“.

Жестока политичка комуникација на релација СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ го обележа вчерашниот ден, во очекување на опозицискиот протест. Попладнето, подмладоците на повеќе политички партии, на иницијатива на младината на СДСМ, во просториите на Собранието на Скопје, потпишаа Декларација со која се осудува насилството на младите, како реакција на инцидетите што минатата недела го потресуваа главниот град. На настанот немаше претставник на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а претседателот на подмладокот на социјалдемократите Дарко Давитковски искоментира дека би сакал да верува дека се работи само за суета, а не за отсуство на политичка волја кај владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немале намера да бидат дел од формални настани и да подржуваат формални декларации, кои во својата суштина не оставаат простор за реално дејствување. Вмровскиот институт „Павел Шатев“ објави анкета, според која, кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 24 проценти од гласовите, а СДСМ 14, додека 32,4 отсто од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори, наспроти 15,1 процент кои мислат дека победник ќе биде СДСМ...

Сите овие настани укажуваат дека зоврива политичката атмосфера на два месеци пред самитот во Чикаго, кој се најавува како настан што би можел да предизвика пресврти на домашен политички терен. Од СДСМ ги најавија локалните избори во почетокот на 2013 како прво наредно соочување со ВМРО-ДПМНЕ, што би значело дека дотогаш нема да се инсистира на нови предвремени парламентарни избори. Но, иако до локалните избори има уште цела година, јасно е дека натпреварот е веќе почнат и дека влогот е голем.


Статијата е прочитана 3946 пати.

Испрати коментар



Дипломатија - И Тирана ни бара решение за името
Се топи довербата во НАТО и во ЕУ
Иванов
„Мал шенген“ на балканските простори
Година на рекомпонирање на судството
Со старите кандидати на новите избори



jovan, 17.03.2012 00:14:13
Za zal, ili za sreka (za kogo kako) SDSM e se poslaba i poslaba, a na Makedonija se poveke i poveke i e potrebna silna opozicija. Posle site onie silni najavi za Vlada vo senka, budenje na narodot, ekonomski sovet..... eve ja vidovme i *uvertirata* za masovni protesti vo opstina Aerodrom. Nebev tamu, neznam kako bilo no ako nekoj bil, neka dopise i opise kako bilo. Bidejki vo vesnikov nema nisto preneseno od toj sobir (bidejki bese pokasno), eve citatelite neka prenesat i iznesat svoj mislenja.
Трпе, 17.03.2012 00:53:15
Ако бебето не плаче мајката нема да му даде да јаде,а ова диктаторска влада и забранува.Џабе им е рејтингот кога се во паника како диви зајаци.Мора да се премине на улична демократија,земјотресот вистински да ги стресе.Иако тие со сила глумат дека имат мирен сон.
Л А В, 17.03.2012 01:05:40
На уличари местото им е на улица....
Ana, 17.03.2012 02:09:27
Ne e vazno kako ke se dejstvuva, vazno e narodov da se osvesti i razbudi od zimskiot son, od opienosta narecena familijata i nivnite lagi, za da se trgne ovaa ihfantilna, fasisticka vlast, koja site ne dovede do dnoto na zivotnata egzistencija, ni go unisti dignitetot i sekojdnevno ni ja navreduva intelegencijata. Koj li ne prokolna, pa sega, koga pagjaat site totalitarni rezimi, kaj nas se zacvrstuva takov.
bojan, 17.03.2012 02:12:53
колку што се сеќавам имавме избори и луѓето гласаа за мандат за 4 години. епа оствете ги да ги сработат, па кога ќе дојдат нови, тогаш пак ќе гледаме циркуси и пак ќе гласаме. демек нови избори па нова влада, година дена отиде јабана, и демек новите ќе ја намалат цената на бензинот, парното, струјата, сите ќе не вработат и слично....ајдеееее, детски приказни
Терајте и понатаму со гледање на бескрајни турски сапуници, во државава све е под контрола!!!, 17.03.2012 03:34:31
Не грижи си Македонија, продолжи о ти народецу апатичен да си гледаш турски сапуници што немаат крај, ич не се секирајте ниту за демократија, ниту за скапотија ниту за цени на бензин, Пастирот набавил уште шест мегадолгометражни турски сапуници и нема да ви даде можност око да затворите од Љубови и казни, врби, сенки и Езели. Ти народецу издржа О 6 века, мале, ќе издржеш уште 40тина години додека не склкаат фамилијарниве кланчиња предводени од Хорхе дела Специ со неговата историска изјава-Ништо нема поуспешно од успехот!! А оваа опозиција-е таа е толку безлична и безидејна и таа е единствена причина што уште долго време пензионираната медицинска сестра Надежда Г ќе си купува станчиња, а Радник и Мијлков во Прага апартманчиња. Само вие си гледајте сапуници турски, и нека ве кубат сите како гуски.
makedon_mk, 17.03.2012 05:52:56
Njarealno e da se glasa za VMRO toa e partijata na idninata na makedonija,ne sum vmrovec neutralen nepartiski ama vladata na Grujo navise napravi vo istorijata na MK.
radnik, 17.03.2012 05:57:04
Opozicijata se razbudi i toa e veke evidentno na site polinja. Dobro e sto postoi korektor i alternativa na ovaa azdisana i licemerna vlast koja 6 godini se igra so narodot i kako parazit go iscicuva posledniot denar od stopanstvoto i graganite. Samo e prasanje koga ke padnat vo zaboravot na mracnata istorija na Makedonia. Vprocem taka bese i so Milosevic, Gadafi, Sadam Husein...
Ставре Гевгелија, 17.03.2012 08:05:02
Не скокајте многу оти овој пак ке ви распише избори, а вие ке цмиздрите како нема услови за нив. Можеби после 10 години кога ке го смените папата ке имате некакви шанси.
Makedonec, 17.03.2012 08:06:31
SDSM samo neka si pravi protesti toa mu ostanuva ocajni se ,a i sigurni sme deka ke izgubat i na slednite izbori.za site tie godini sto bea na vlast ne napravija nisto zosto narodot bi gi glasal pobrzo da go smenat imeto za toa Ne bi trebalo da dojdat na vlast.nas ne ni treba eu ako se sredime vo nasava drzava eu sto ke ni ja da ni gi kacat cenite samo nema potreba od toa.Treba da ja ostavime vladava do kraj da vidime sto ke napravi.ako i nea ne ja biva ke glasame za drugi partii.ali so sigurnost ne bi glasal za SDSM!!!!!
mkd, 17.03.2012 08:30:18
Kako NEZAVISEN ne mi e jasno sto nudi SDSM???? Veter i magla. Postojnive barem nesto gradat sto e opiplivo i se gleda.Ne mi se dopadja nivnoto tender dogovaranje,premnogu dogovaranje so malcinstvata,premnogu reklami da mi dokazat deka mi e ubavo..... no realno se podobar tim od prvite. Ili neka dojdat nekoi treti pouspesni ili neka tera kako tera.
igor, 17.03.2012 10:04:30
site zaedno protiv rezimot na grujo!!!
maja, 17.03.2012 10:21:14
Bev tamu i mozam da kazam deka imase okolu 3000 dusi na koi im e preku glava od vladeenjeto na ovaa vlast
Narodot, 17.03.2012 11:22:56
Narodot jasno i glasno pred necela godina si go kaza zborot.A ulicarive ako nemaat nesto popametno da rabotat neka se fatat za motika.Mozda vladata i subvencija ke im dade ako se pokazat.
tolstoj, 17.03.2012 11:44:31
do lav ,mislite na ulicite im se potrebni ulicarite se znae koi ...silna drzava
igor, 17.03.2012 12:43:03
taka e lav ,ama ke vi dojdat preku glava tie ulicari zatoa berete umot,do jovan ne se sekiraj ti za sdsm gledaj si dzebot i uzivaj ako ti e ubavo , prasajte go premierot so govorna mana zosto go potpisa stetniot dogovor so OKTA pa ke razgovarame za benzinite ,a za strujata sme sami vinovni namesto da gi izgradime boskov most, cebren, galiste nie si gradime spomenici ,namesto da izvezuvame struja nie uvezuvame struja za nekoj da si gi napolni dzebovite, za hranata, pa neli vladata dava subvencii na zemjodelcite so toilku subvencii trebase da bide se poeftino i duri ke izvezuvavme ,ama i tie pari nekoj si gi stava vo dzeb ,dobra peralnica na pari e nasava vlada polosa vlada nemalo vo Makedonija
od citatel vo usa, 17.03.2012 12:50:35
protestite se demokradsko pravo pravo za demokratia a lavo pisi deka na ylicari my treba ylici da na ylica ke slysna dobri i losi raboti i za lavovite my treba zooloska gradina
tozo, 17.03.2012 13:34:52
Smesniot brane a uste po smesniot dime velkov, ni samite ne znaat za sto protestiraat godinata ne e izborna na narodot mu e dosta od cirkus po ulici.baraa doija izbori i izgubija na izbori pred 9 meseci sto sakaat sega. Samo steta na makedonija i nanesuvaat.
Levichar, 17.03.2012 13:36:43
Ludjeto si pobedija i pushtete gi da si go odrabotat mandatot. Dokolku bide uspeshno, dobro e za narodot i niv samite, vo sprotivno za opozicijata. Momentno ne gledam nekoi suchtinski promeni vo raspolozenieto na glasachkoto telo, pa povtorno ce ispadne da odugovlachime i molime boga da ne se odrzat. Da vidime shto ce kazat lokalnite izbori, pa posle merki, vo nikoj sluchaj ulichni. Inache, moshne iznenaduvachko, barem za mene, od sedumte dosegashni parlamentarni izbori, SDSM pobedil samo dva pati, i toa 94 koga VMRO ne uchestvuvashe/bojkotirashe i 2002, kade odluchuvachko beshe vojnata i ohridskiot dogovor. Znachi i tie dve pobedi se ostvareni ne bash chesno i realno. Zatoa, dragi drugari/predavnici, moi soborci, da ne srljame vo novi porazi, a Grujo i patriotite neka ne vodat kade se naumile da ne vodat, nivno pravo, pravo koe im go dade mnozinstvoto od narodot. Da go toa ispochituvame, pa da ochekuvame da bideme pochituvani. Pozdrav!
Do B.C, 17.03.2012 14:16:17
Branko obozava ulica, prvo ostavi 200000 luge na ulica, pa povikuvanje na ulica pa pak ulica.. Stvarno diplomiran ulicar, so pempele ajde i edna ulica da krstime po nego
Doktorot, 17.03.2012 18:45:06
Smetam deka SDSM se konsolidirase, vnese sveza krv so novi idei i cvrsto i prkosi na vlasta na sekoj cekor. Megutoa, spinovite na VMRO pocnaa da se vrtat. Lazni anketi na nekakvi Satevci, te tonat SDSM, te ova, te ona. Realnosta e sosema poinakva, a toa e deka zemjava e vo dlaboka socio ekonomska kriza i partijata na vlast so sekakvi trikovi i dvorski igrici se obiduva da go zamaskira i da go defokusira vnimanieto na graganite od faktot deka poskape gorivoto, strujata i red prehrambeni produkti. Iskreno se nadevam deka narodot poveke nema da naseduva na takvite prerodbenicki finti i konecno ke se otrezni, a bogami i osmeli.
БЦ нема капацитет како Грујо. Избори во 2015 г., 17.03.2012 21:01:22
Ако работоспособност патриотизам работливост разноразни проекти новости градби и се што презема Груевски ако се се земе како 100 Груевски е 90 а БЦ е 10. Како работеше Бранко знаеме. Три години не мрдна. Немаш шанси БЦ. Народот пак ќе го избере Груевски. Не само името што го штити македонско да ни остане од грчкиот нацинапад туку заради големата работа што ја пружа. А ти немаш капацитет колку него. На еден прес па си заморен па си нервозен испотен. Оф мори мајко БЦ ќе се рамни со Грујо.A само Македонците ако се земат како репер од сто цели околу 75 се за Груевски а 25 за Бранко.А и најважното добро следи за Македонија пред нова година и во 2013. Колку народ е со тебе на избори се гледа а не на улици. Јас сум дел од народот загрижен за Македонија ако ти не си.Колку само забеганост гледам во коментариве а мене важна ми е Македонија а вас БЦ и СДС. Засрамете се.
Tonda, 17.03.2012 23:51:51
Pred nepolna godina se održaa izbori na očajno baranje na opozicijata na čie čelo beše Branko Crvenkovski političar koj e na scenata poveke od 20 god.na site dobro poznat po svojata umešnost vo vodenjeto na državata koja uspea da ja dovede do pitači stap.A sega naednaš toj ke ja spasuva Makedonija,ke ja spasi samo ako si otide od politikata,na cel glas se zboruva za totalitarna vlastkolku me služi sekavanjeto bea izbori se izbra pobednik i završena rabota. Ili sekoja vlada vo koja ne sedat členovite na SDSM e totalitarna?
jimmy1, 18.03.2012 15:46:00
Najpoveke ulicarise od VMRO- zosto tie najpoveke se po ulicite vo ovie 20 god, a na LAV mestoto mue vo ZOO. Slusnav na vesti deka proslata godina kaj nas bile investirani nekade okolu 300 milioni evra, a ovaa fasisticko, teroristicka i diktatorska vlada ima miljardi potrosene za gluposti, za spomenici. Poveke od 300 milioni potrosija pred godina - dve koga se obnovuvase osvetlenieto na mostovite vo Skopje, a vladata se fali so mocani 300 milioni evra investicii. Ako sekoja godina se investira po tolku daleku ke stigneme. Ete vladara se seta niz svetot pa redno e slednata destinacija da bide Etiopija i veruvam deka ke investiraat poveke od 300 milioni evra.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |