Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.03.2012, 17:24

Универзитет без автономија како поштар без пошта

Професорите го кренаа гласот против измените во Законот за високо образование, за кои Уставниот суд треба да процени дали значат упад во универзитетската слобода

Жаклина Хаџи-Зафирова



Професорите ги оценија како дрзок упад во универзитетската автономија измените во Законот за високо образование, за кои се дискутираше на вчерашната подготвителна седница на Уставниот суд. На седницата се разгледуваа двете иницијативи за оцена на уставноста и законитоста на 19 членови, поднесени од универзитетската фела. Додека професорите ги бранеа своите ставови дека универзитетската автономија е загарантирана со Уставот, претставници од Министерството за образование ги поврзаа законските измени со одговорноста кон општеството.

„Флагрантен упад е тоа што сакаат да ни ги дефинираат критериумите за изборот во наставно-научни звања, со желба да не' направат државни службеници, иако не се компетентни за тоа. Сепак, тоа се државни службеници, бирократи. Замислете министерот, со сите комплименти кон него, треба да утврди критериуми за дејноста за визитинг-професори!. Тој треба да утврди кој професор е достоен да го викнеме како визитинг- професор!“, се дел од забелешките на универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, кој оцени дека без автономија универзитетот е како поштар кој не носи пошта. Неавтономен универзитет, според Фрчкоски, не им прави услуга дури ни на „узурпаторите“, бидејќи не продуцира критички кадар за да можат да го коригираат своето владеење, туку е само руина од зборови. „Терминот надворешна евалуација е грубо поведен под терминот самоевалуација. Па, променете го зборот, по ѓаволите, ако сакате вие да не' евалуирате!“, им порача професорот на претставниците на Министерството. Според него, овие измени се обид да се воспостави контрола врз сите пари што универзитетот ги добива по разни основи, и од државата и од сопствени средства. Министерството, како што оцени тој, може да направи упатство за факултетите, но не и да диктира со законско решение како ќе работат.

Професорката Елена Градишки, која е претставник на сенатите, рече дека се работи за посебни слободи кои ја формираат личната карта на универзитетот. Според неа, со законските измени и' се удира шлаканица на автономијата на универзитетот. „Направен е упад во многу слободи на универзитетот. Прво, во слободата самиот да го утврдува знаењето на студентите. Второ, во правото да ги утврдува критериумите и условите за прв, втор и трет степен на студирање. Трето, новиот закон ги утврдува условите за избор во наставно-научно звање. Каде е правниот основ на законодавецот кој нема мандат, ниту можел оваа материја да ја регулира со закон. Тоа е забранета зона, законодавецот треба правно да се воздржи од доменот на академската слобода“, смета Градишки.

И другите професори се придружија со забелешки, оценувајќи дека не може однадвор да се определуваат критериуми за работење на универзитетите кога тие имаат интерни акти и правилници со кои се регулира нивното работење.

Министерот за образование и наука, Панче Кралев, рече дека законските измени се воведуваат „со цел да се зацврсти виталната улога во развојот на стопанството, демократското општество и општеството засновано на знаење“.

„Не знам зошто е незамисливо автономијата на универзитетот да биде и да остане во директна корелација со одговорноста кон општеството“, праша Кралев.Тој потенцираше дека брзите промени налагаат универзитетите да воспостават рамнотежа меѓу барањата на општеството и академските и стручни профили барани на пазарот на труд.


Статијата е прочитана 1575 пати.

Испрати коментар



Филе
Предупредување до уставните судии - Да не се пречекори „црвената линија“
Судијката Неделковска се сели во Врховен
„Ветиј�� и го уништија Велија!“



д-р, 16.03.2012 09:01:16
Ајде веќе нека ги укинат или поништат спорните одредби! И доста веќе со тоа разнебитување на образовниот систем!
Hari, 16.03.2012 09:55:57
Jadniot decko sto izigruva minister, edvam uspea da procita edna recenica deka so noviot zakon ne se ukinuvala avtonomijata na Univerzitetot, bez nitu eden argument. Jadna drzava vo koja site nepismeni vmroni dobivaat diplomi kako na pazar.
sime, 16.03.2012 11:00:47
Abe sto ke bese ovaa arogancija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Вторник
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |