15.03.2012, 18:52 Мислења
Махараџи во земјата на мизеријата
Гордан Георгиев
Да не се чудиме ако во наредниот период никне и некој нов, поубав и постар Таџ Махал во центарот на Скопје
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Премиерот беше во Индија, а ја остави Македонија во Индија. Стави турбан на главата, му удри чаламот, и поита по странски инвестиции. Македонија е на прво место во „индексот на мизерија“ според угледниот лондонски „Економист“. Индија е на 17-то место според истото рангирање. Индија е огромна држава со висок економски раст, со голем број странски инвестиции и една од најзначајните држави-инвеститори во светот. Индија е земја со огромни диспаритети во развојот. Се' уште таму живеат милиони бездомници кои не можат крај со крај да врзат, кои живеат со еден долар дневно. Сигурен сум дека премиерот Груевски, опиен од индиските мириси во елитните клубови, не успеал да ги види овие мизерни луѓе кои питаат по улиците на Мумбаи.
И тоа не е за чудење. Бесмислените роуд шоу авантури на владиниот тим се одлични розеви очила и за непрепознавање на мизеријата во која живее македонскиот народ. А таа е очигледна на секој чекор. Анкетите се само еден показател. Тие кажуваат дека три четвртини од граѓаните на Република Македонија со своите месечни приходи можат да платат само за храна и евентуално за сметки. Значи, овие наши граѓани немаат пари за патувања, за задоволства, за одмор, за кино или театар. Немаат можност да бидат махараџи макар и на еден ден. Половина од нашето население месечните приходи ги троши само на храна. За плаќање на сметките се задолжуваат со кредити или кај пријатели и роднини.
За жал, во Македонија се' повеќе ги гледаме и „Индијците“ од улиците на Мумбаи. Како инаку да го објасниме фактот што низ Делечево и Берово може да се видат граѓани кои собираат пластични шишиња низ улиците? Притоа, тоа го прават тајно, бидејќи доколку ги фатат ќе им биде одземена социјалната помош. Како да ја објасниме старо новата појава на крадење бензин со црево од резервоарите на автомобилите освен како резултат на 90 денари за литар бензин? Притоа, Владата нема намера да ја намали акцизата, бидејќи им се неопходни пари за дофинансирање н�� фараонскиот проект на махараџата Груевски. Да не се чудиме ако во наредниот период никне и некој нов, поубав и постар Таџ Махал во центарот на Скопје. Колку да се дополни отчетот на градоначалникот Тодоровиќ.
Просто е неверојатно колку е неодговорна оваа власт кога се дрзнува да промовира нови автобуси и „трамваи наречени желба“ во ситуација кога корисниците на Јавното сообраќајно претпријатие ќе почнат со шлемови и панцири да се возат во автобусите.
Политичките теории на демократии во поделени општества (консоцијални демократии) ги врзуваат економскиот раст и социјалната благосостојба како едни од клучните елементи за мирно решавање на конфликтите. Едноставно е: ако сите имаме по 1000 евра месечна плата, последната работа што ќе ни падне на памет е да го мразиме или не дај боже да се пресметуваме со Другиот. Зошто некој би се симнал од Грчец во Дебар Маало за да истепа некој непознат Друг? Зошто пак некои други би влегле во автобус со палки за да се пресметаат со некои Други кои не го говорат истиот јазик? Или уште пострашно, таквата атмосфера да создава основи за примена на принципот ���кому иде“, кога секој што од било која причина му мисли зло на некој друг (без разлика на етничката или верската припадност) да ја земе правдата во свои раце, особено во ваква „матна“ состојба во општеството.
Токму затоа, идиотската теза во врска со „идиотските тези“ не може и не смее да помине во нашето општество. Одговорот на СДСМ беше јасен: никого не обвинивме, само повикавме на смирување на страстите и апелиравме до институциите брзо, ефикасно и правично да ги разрешат инцидентите. До сега многу малку е направено, а секојдневно (еве и вчера и денес) имаме инциденти низ Македонија. Дали е можно да се навикнавме на ова лудило? Дали ни следува период кога родителите ќе навикнат да не ги пуштаат децата на улица и тоа нема да се сфаќа како премногу страшно, туку како нормално?
За да биде иронијата уште поголема, пред неколку дена почна и експресно се одложи судењето на тепачите на Калето. Уште тогаш СДСМ предупредуваше дека ненормална состојба е кога постариот коалициски партнер преку ден гради црква, а помалиот коалициски партнер преку ноќ ја руши црквата.
Неприродната поставеност на двата коалициски партнери, на која веќе и' се измолкнува било каква можна заедничка платформа, создава атмосфера на недоверба помеѓу граѓаните. Градењето етнонационализам од двете страни и немањето политичка волја да се зауздаат таквите изблици, несомнено создаваат основа за нови и нови изблици. Ставете ги во овој коктел и неподносливата сиромаштија, безработица и немањето на европска перспектива на македонските граѓани, и ете плодна почва за меѓуетнички тензии. И дајте малку сите да се приземјиме во нашите длабокоумни „анализи“. Какви странски тајни служби, какви глупости, какви светски геостратегиски интереси, какви параноични сценарија дека Али и Никола ги договараат инцидентите на работна маса во Влада. Тврдам дека двата коалициски партнери веќе немаат капацитет ниту да се договорат за имињата на улиците, а камоли да прават пеколни сценарија. Но, она што е најстрашно, коалициските партнери и онаа збунета и уплашена министерка за внатрешни работи покажуваат ужасна неспособност да ги смират инцидентите и да ги извадат учесниците пред лицето на правдата. Долго време садеа тикви во истата нива, затоа сега просторот е претесен и не можат ни семките да ги изгрицкаат.
Така е тоа, кога нашиве махараџи ќе го јавнат слонот и ќе влезат во продавница за стакло. Добиваме парампарче.
(Авторот е пратеник
и потпретседател на СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 1916 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 16.03.2012 00:25:02 | Gordane, za golema zal , bezobrazno si vo pravo. |
| jovan, 16.03.2012 00:33:37 | I so rozevi ocila moze nesto da se vidi. Loso e koga si slepec, ili pa glumec koj se pravi deka nisto ne gleda. |
| Mirka i peperutkata, 16.03.2012 00:47:24 | Ja nema fusnotata odnosno, ograduvanjeto od stavot na kolumnistot, a pri toa ja pominal i cenzurata. A tekstot e preostar vo odnos na onoj na Ivor. Dali se toa Sonja premisli? Ne znam, kako shto i ne znam chemu sluzat tie ograduvanja i cenzuri, koga na site ni e jasno deka se toa lichni, a ne urednichki stavovi. Osven ako e nekoj epten otkachil, ama do tamu ni Milenko ne e otishol. |
| goran, 16.03.2012 01:25:59 | bedna analiza. se sekava li nekoj na branko crvenkovski koga najavuvase deka ako treba i preku ulica ke dojde na vlast? PA???????? |
| USA, 16.03.2012 02:07:52 | Ako prodolzi vaka Vladata, nabrgu moze da go ocekuvame i Karlos Slim vo Makedonija. Inaku najbogatiot covek na svetot. Humor?? Kako za kogo. |
| bitola, 16.03.2012 06:29:11 | Eh sto ubavo ni bese so sds,se gradeja biznismeni,se menuvaja znaminja ime,se olesnuvaja stedaci abre ubanja,i za cudo sds padna ama spomenicite sto gi napravija ostanaja,a ovie zivi spomenici kako ;singo,latas,cile od bitola,onoj od bucim....i kade ne visoko kotiraat vo biznisot na dpmne. |
| Bojan Bozinovski, 16.03.2012 07:01:41 | Prosto ne mi se veruva deka kolumnata e objavena a ne cenzurirana, ubavo od Utrinski, bravo majstore samo prodolzi taka. |
| PA,GOran, 16.03.2012 08:14:11 | Ajde potseti ne i prosvetli ne koga toa bilo!Ili,standardno,koga nemate odgovor, togas B.C. e kriv! |
| dobar den, 16.03.2012 08:29:50 | Se slagam 100% so vašiot stav, deka beda, bezizleznost, siromaštija itn. e plodno zemjište za nezadovolstvo i nervoza, posle za omraza i kriminal, posle za lokalni nasilstva a na krajot za rat (uprosteno kažano). Vo zemja kako što e Makedonija kon seto toa pripagja i istorijska netrpelivost megju dvete glavni nacii i verosipovesti.. Dovolno e iskra da letne i požarot e tuka. Vo vrska so drugoto: avionite za poletuvanje verovatno se spremni, destinacija: tropski raj. |
| I od beter imalo dambeter, 16.03.2012 09:32:23 | Gorane! Mozebi analizata za tebe e bedna , no e strasno vistinita. Prasuvas dali se secavame na Branko. Da se secavame i sega utvridvme deka i od beter imalo epten dambeter. |
| Метузалем, 16.03.2012 11:05:34 | Велите „Неприродната поставеност на двата коалициски партнери“. Па господине колумнист, да ве потсетам дека СДСМ ја внесе ОНА односно ДУИ во парламентот во 2002-ра година; Во 2004-та на референдум СДСМ кумуваше за етничко-територијалната поделба; СДСМ беснееше по изборите 2006-та зошто ДУИ (како најголема албанска партија) не легла во парламент туку ДПА и изнуди избори во 2008-ма преку кои ДУИ влезе во власта. Прашање: Дали ни кажувате дека коалиција СДСМ-ДУИ е „поприродна“ |
| melbourne, 16.03.2012 13:26:14 | Abe goran ti nisi odavde izgleda,abe dosta so toj BC,neste interesni poveke.Za zal vistinata najmnogu boli. |
| slmd, 16.03.2012 13:56:55 | Mislese na Lacni Franc (Gladniot Franc)... i nivnata pesna Slon med porcelanom (Slon pomegju porcelan)...:)
Bravo za komparacijata |
| Mudrec, 16.03.2012 16:31:53 | Gordan uziva da potencira deka sme mizerni. Kako ke dojdete taka na vlast? Se nesto konstatirate deka ne e ko sto treba, a nemate nikakvi resenija. |
| cenzor, 16.03.2012 16:48:09 | Do Bojan Bozinovski; se slagam so tebe deka ponekogas i utrinski vrsi cenzura, za drugite mediumi i da ne zboram, ama site tie zaedno mozat samo voda da mu nosat na velemajstorot za cenzura Latas. I da, koga sme veke kaj nego, se prasuvam, moze li nekoj da me prosvetli i da mi kaze koja i kade e tocnata granica nad koja mentalno bolnite lica moraat da bidat pod nadzor vo zatvorena ustanova? Galiba, janlash sum po ova prasanje... |
| девичанецот, 16.03.2012 17:38:08 | Гордане,
Напиши нешто убаво за земјата во која си роден, школуван, во која живееш. За земјата во којашто ете и твоите предци од градот Херој, ја создавале денешницава.
Ете, напиши колку убаво ни беше кога на власт беше БЦ, без разлика како премиер или претседател.
Или, ете уште подобро, напиши и убедувај не колку убаво на сите нас, ( не само на врхушката околу Б.Ц.), ќе ни биде убаво ако СДСМ дојде на власт. (не дај боже). |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C
|
Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|