15.03.2012, 18:54 Мислења
Со „бај пас“ во Европа
Тодор Пендаров
Бидејќи нашиот јужен сосед се противи и на почнувањето на таканаречениот скрининг, бриселската бирократија сега ни нуди дијалог на високо ниво
Откако сите во Брисел сфатија дека Грција нема да попушти кога станува збор за да добиеме датум за преговори со ЕУ иако Европската комисија веќе три пати ни даде препорака, плус најновата резолуција на Европскиот парламент, а исто така нашиот јужен сосед се противи и на отпочнувањето на таканаречениот „скрининг“, бриселската бирократија сега ни нуди таканаречен „дијалог на високо ниво“.
Со ова Брисел го бајпасира скринингот (колумната е напишана вчера кога пристигна еврокомесарот Филе задолжен за проширувањето на ЕУ). Во суштина Брисел со ова сака да покаже дека проширувањето како принцип продолжува и сега воведува нова метода која ќе ја испроба кај нас, за да може потоа да ја употреби и во другите држави кои останаа во „Западен Балкан“, ако работата „запне“ како што е во нашиот пример. Брисел веќе ги одреди и темите за „дијалог на високо ниво“ и тоа судството, државната администрација, слободата на медиумите, и изборниот просец односно законот за избори и избирачкиот список. Неспорно дека за некои од овие теми нам ни е потребно дури и нешто повеќе од дијалог на високо ниво, но тоа што барем мене ми боде очи е изборниот закон.
А богами и кај нас не седат со скрстени раце. Минатата недела во повеќе медиуми излегоа платени огласи во кои речиси експлицитно се зборува за промена на изборниот закон плус ново „чешлање на избирачкиот список“. Огласите беа потпишани од неколку наши „врвни експерти“ за изборното законодавство. И за на сето ова да му се даде соодветна тежина, во огласот е наведено дека за ова стојат ОБСЕ, ЕУ, американската амбасада, британската амбасада, потоа Независниот демократски институт (НДИ) значи меѓународниот фактор и секако невладините организации односно „Мост“.
Навистина се прашувам дали како држава не можеме да го уредиме избирачкиот список односно дали треба ОБСЕ и други да не опоменуваат дека нашиот список е малку подолг од фактичката состојба. Само еден пример. Словенија која според ��ројот на население е нешто помала од нас има еден милион и седумстотини дваесет илјади избирачи, ние имаме барем на последните избори еден милион осумстотини дваесет и една илјада избирачи. На сите ни е јасно дека за реален избирачки список со денешната компјутеризација не ви треба ништо друго освен политичка волја која за жал ја немаме цели 20 години. И бидејќи странциве решиле да ни помогнат да заличиме на држава наместо да организираат некакви јавни трибини ворк-шопови и слични глупости нека ги соберат политичките лидери и претставници на соодветните институции на еден затворен ворк-шоп и со методот на морков и палка нека ги убедат на пример во рок 3-4 месеца да имаме вистински и реален избирачки список. Што се однесува до можните промени во изборниот закон „експертите“ и невладиниот сектор („Мост“) сега предлагаат да се воведат таканаречени отворени листи (досега сме промениле три изборни модели).
Имено, има три типа на отворени листи. По се' изгледа нашиве ја предлагаат таканаречената полуотворена листа. Тоа значи вие гласате за вашата партија но го заокружувате кандидатот на пример под број петнаесет бидејќи тој ви е случајно сосед или роднина или едноставно го познавате. Практиката покажува дека на овој начин многу малку се менува партиската листа (барем за првите пет-шест луѓе) која е скроена во партиските штабови. Вториот тип на отворени листи е кога на избирачкото ливче вие како гласач за секој од предложените дваесет кандидати ставате реден број. На пример вие мислите дека кандидатот под број петнаесет треба да биде број еден, а кандидатот кој е прв на листата го ставате на седмо место и така натаму. И третиот тип на отворени листи е кога вие како гласач во својата изборна единица избирате дваесет имиња од понудените кандидати на сите партии. Во практика тоа значи дека на пример од партијата „А“ заокружувате дванаесет имиња, мислите дека од партијата „Б“ заслу��уваат четворица кандидати да влезат во парламентот а на листите на партиите „Ц“ и „Д“ сте нашле по две имиња на кои им давате доверба.
Е сега можете ли да си замислите што би се случило кај нас да се воведат овие отворени листи а посебно вториот или третиот тип. Со еден збор катастрофални избори со огромен број на неважечки ливчиња со пребројување кое ќе трае со месеци..и така натаму. Ако веќе експертиве нудат измени тогаш зошто не ја искористат европската практика. Имено во најголем дел од европските држави кои имаат пропорционален изборен систем има таканаречен изборен праг кој се движи од 3 до 5 проценти ( патем за ова не треба државата да биде една изборна единица) со кој се обезбедува на помалите партии да влезат во парламентот.
Понатаму, во Европа не познаваат предизборни коалиции од типот на нашиве. Дури во некои држави ако има предизборни коалициски листи за нив изборниот праг се зголемува пропорционално на бројот на партиите вклучени во вакви коалиции, а може да достигне и до 20 проценти. Добар пример за ова е Словенија која токму преку изборниот праг обезбедува во парламентот да влезат повеќе партии кои и кога влегуваат во владејачката коалиција сепак го задржуваат својот политички идентитет и имаат своја тежина. Кај нас формално во парламентот (во македонскиот блок) имаме околу дваесет партии ама освен двете најголеми кои имаат свои политички па ако сакате и програмски идентитет, се' друго помалку или повеќе се само гласачка машина „за“ односно „против“. Секако исклучок од ова е онаа веќе антологиска политичка изјава „им дадов гол со пета“. Како и да е „дијалог на високо ниво“ добивме први, како што и први потпишавме Пакт за стабилност и асоцијација.... И тогаш ако се сеќавате нашите „експерти“ не' удавија со своето експертско знаење, секако обоено со партиски предзнак, а богами невладиниот сектор и во квантитет и во пари процвета. А резултатите, секој нека си оцени самиот за себе.
(Авторот е државен службеник
и изразува свои лични ставови) |
|
Статијата е прочитана 840 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 16.03.2012 00:43:33 | Moe mislenje e deka Evropa/EU malku ke popusti. Veke ni na niv ne im e seedno sto ke se sluci ovde, a nitu pa na sosedite. Ke sledi eden vid zatisje koe ke izgleda smiruvacko pa i povolno za nas, no za definitivni prognozi se uste e rano da se davaat mislenja. Dodatno e i toa sto i vo svetot (Rusija, Iran, Izrael..) e vo golema presvrtnica, koja za sigurno ke donese promeni i ovde na Balkanov. Deka ke ima promeni vo odnosite i na Balkanov ke se vidi preku Makedonija, no veke i preku Kosovo na koe mu dadoa*predlog* da ne bide Republika, nego samo Kosovo. Toa znaci *privatna* privremena teritorija za edna upotreba. I za Makedonija ima dosta opcii. I dobri ,no i strasno losi. |
| puliticar, 16.03.2012 07:18:51 | aman be todore. i ti li stana analiticar. ekspert. ili gi branis tie sto ti davaat leb. bi bilo podobro da napises deka evropa i rece goodbye na makedonja. |
| vlado, 16.03.2012 11:11:28 | TODORE, ne gi drobi mnogu sitni, jasen si ti kako bel den za kogo si!!! Kuceto, koj go plaka, toa za nego lae... ako pises nesto loso drugar ti Kole ke te smeni... a ,,baj pasot,, ostavi im go na doktorite, ti ne si mnogu kadaren za napisi, Ti i ,,BJA PAS,, Celo vreme ti se smeat kako i za kogo pisuvas... znam deka ova nema da bide objaveno od strav, ama ete narodot gi prepoznava prevrtlivite plateni ,novinarchinja,, |
| ODNADVOR, 16.03.2012 11:12:52 | Se soglasuvam so mislenjeto na JOVAN koj sé pocesto ni dava ubavi kratki analizi za polozbata vo Mk.. Gledajki sto se slucuva poslednava godina niz arapskiot svet sto sé poveke ima vlijanie niz EU i svetot,jasno e deka edno *bure barut- Makedonija* ne im vleguva vo smetkata na EU.Ako do sega bevme laboratorija za site eksperomenti* mozno- nemozno*, sega veke moraa da napravat nekoj nov cekor. Dali e sosema nov so onoa*dialog na visoko nivo* kade ni se zadava isttoto *domasno* ,so po nekoja nova tocka imeto?!Pred desetina dena, po dolga pauza sretnav star prijatel, Evro Pratenik koj uste od daleku nasmejan mi rece deka* gotovo , ke bidete primeni*! mislev deka se seguva pa go prasav, *vistina,go zasluzivme li veke*? odgovor; *toe e drugo prasanje, no mora da vi se dade nesto nadez*! Ne mu veruvav, no zbivanjata poslednive denovi go potvrdija recenoto,no i tocnite zborovite na Pretsedatelot Crvenkovski koj ovj gest go razbra kako mala uteshna nagrada,sto ke izleze TOCNO!
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|