Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
15.03.2012, 19:00

Едиторијал

Поевтин бензин за локални избори

Маја Томиќ

Треба да ги почекаме локалните избори за да добиеме поевтин бензин. Изгледа дека на Владата само пред избори не и' е проблем да донесе интервентни мерки со кои, всушност, политичарите им се додворуваат на гласачите. Тоа, на пример, се случи минатата пролет, пред вонредните парламентарни избори, кога за големо чудо на сите, но и за прв пат, Владата ги намали акцизите на горивата за период од два и пол месеци и цената им падна за околу два денара. Притоа, ги отфрлаше зајадливите коментари дека во заднина стојат политички интереси и тврдеше дека едноставно сака да им помогне на граѓаните и на бизнисот.

Па, ако не беше така, зошто сега чека за слична мерка со која ќе се зауздаат цените на горивата? Од лани пролетта наваму цените на горивата скокнаа за речиси 20 отсто и сите упорно бараат од Владата да реагира, но попусто. Се' што добиваме од владините претставници се само фрази, дека Владата будно ја следи состојбата на светските берзи, дека не било така едноставно да се намалат акцизите или ДДВ-то со што се нарушува проектираната буџетска маса, дека се анализирала состојбата на пазарот и ако се оценело оти е неопходно, ќе се интервенирало со мерки и слични бла, бла, оправдувања. Така Владата ја покажува загриженоста за високите цени на бензините, за се' полошиот стандард и за зголемените трошоци на фирмите.

Со други зборови, повеќе е од очигледно дека во моментов нема намера да донесе некои вонредни мерки со кои ќе го ублажи ценовниот шок од постојаното поскапување на горивата. Луѓето веќе се прашуваат дали повеќе им се исплати да возат кола или да користат јавен превоз. Почнаа да ја споредуваат цената на литар бензин со килограм леб, млеко, па и масло за јадење, како да станува збор за нешто луксузно што не треба секој да си го дозволи, а не за секојдневна потреба. Ако овие факти не и' се доволни на Владата за да интервенира, што уште треба да се каже...

Локалните избори треба да се одржат следната година. Значи ли тоа дека треба да бидеме трпеливи до следната пролет и заради изборите, да добиеме и поевтин бензин? Ако се суди според сегашните светски прогнози, којзнае што не' чека в година. Не се многу надежни предвидувањата на берзанските аналитичари. Повеќето од нив прогнозираат дека цената на суровата нафта, ако дојде до заострување на иранската криза, ќе скокне за една година до рекордни 150-200 американски долари за барел. Така, можно е во меѓувреме домашната цена на горивата да скокне и над 100 денари за литар, па тогаш нема баш многу да ни значат денар-два помалку како помош од Владата.

Спласнаа надежите од почетокот на неделава кога сите некако очекуваа по најновото поскапување на горивата Владата брзо да интервенира и да паднат или акцизите или ДДВ-то, кои најмногу ја дигаат нивната крајна цена. Но, истовремено од овие две ставки и најмногу се полни државната каса, па на Владата не и' е баш едноставно да се откаже од мрсниот колач. Не сакајќи да се откаже од него и не носејќи мерки, Владата сега почна да ја префрла вината на ОКТА. Таа требало да ја смени методологијата за пресметка на цените на дериватите, со што цените ќе се намалеле. За тоа ќе почне да се преговара наскоро. Дали тоа треба да значи дека ако не завршат успешно преговорите и ако ОКТА не се согласи да ја смени методологијата, за високите цени на горивата прстот ќе биде вперен во неа.


Статијата е прочитана 1181 пати.

Испрати коментар



Најдолгиот пат на Рамковски
Со „бај пас“ во Европа
Махараџи во земјата на мизеријата
Таа судница била кулоар



jovan, 16.03.2012 01:08:50
Vo pravo si. Ako benzinite dojdat 100 denari za lirtar ( a ke bide sigurno), togas 2-3 pa i 6-7 denari plus/minus, nema da znaci nisto. A Vladata znae deka tolku ke bide (neli e vizionerska), pa sto sega da se zamaraat so sitna matematika. Da bea izbori, ke simnea denar-dva, i ke pustea reklami na TV kako mnogu mislat i ostvaruvaat za narodot, a narodot ke se topi od sreka.
Istocna Makedonija, 16.03.2012 11:26:44
Bas taka!Maja i Jovan se vo pravo.Cenata na benzinot dostigna plafon,maksimum kontra katas trofalniot socijalen ambient kaj nas,sto povlekuva i reperkusii so enormno pokacuvanje na bazicnite prehranbeni artikli.I sega predizborno licemerie ,,poeftinuvanjeza 2-3 denari,a cenata,bogami, konkurentna i respektabilna i vo komparacija so istata vo najrazvienite svetski velesili.Ili,narodot gi kazal site mudrosti:,,Tri pati kolam,ednas koba jagi lecam!
Трпе, 16.03.2012 13:05:25
Овој ваков таков народ тоа и го заслужува.А можеби му е и малку,кога се радува на пропагандната влада и на покажен среден прст.Никако овој народ неможе да свати дека колку повисоки цени,повеке пари за тендер владата за исполнување на детските лудори.Како за пример како народот ја фалеше ова влада дека ги намалуват даноците и акцизите за половни коли.Сега овој народ потрошените евра нека си ги гледа на паркиралиште а ќарот го извлече многу добро познато кој.Истото се претпоставуваше и со зелените карти.Ќарот пак е познато кој го користи.На здравје наивен народе без разлика дали си антички или словен.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
На��читаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |