Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
15.03.2012, 18:56

Си велам

Најдолгиот пат на Рамковски

Ерол Ризаов

Власта сакаше да ги изгасне медиумите, а не да брка криминал

Судбината на најголемиот македонски медиумски магнат Велија Рамковски, на неговото семејство и на неговите најблиски соработници, по многу нешта е една од најпоучните и најдраматични стории на нашата транзиција. Растот и падот на Рамковски од обичен пиљар до најмоќен човек во јавното имформирање во земјата и до судската пресуда од 109 години затвор за него и неговите соработници за затајување данок и непријателско здружување против државата е вистинска трагична слика за политичкиот и економскиот систем, за нивото на владеење на правото и правната држава, дострелите на медиумските слободи и воопшто на демократијата, политичката, деловната и општа култура во Македонија.

Велија Рамковски е класичен производ на времето во кое живееме кое Запад го нарече Транзиција со алузија дека на тоа патување од еден во друг општествено политички систем можни се големи и трагични последици за обичните граѓани кои станаа најголеми жртви на тектонските промени бидејќи при големите потреси не важат законите, цивилизациските и демократски норми. Транзицијата на Исток, божем по мирен пат, стана потрагична од првобитната акумулација на капиталот и воспоставување на капатализмот.

Не знам како деновиве се чуствуваат политичките лидери кои го изнедрија Велија Рамковски, кои го воздигнаа далеку над неговите можности, го осилија и вивнаа до небото, за да го треснат од земја со пресуда построга отколку за здружување против Османлиското царство и султанот. Ако имаат малку совест би требало да се прашаат дали по некоја година затвор за Велија не паѓа и на нивна душа. Мене лично, кој водам над 20 години војна на јавна сцена против сфаќањата на Рамковски на новинарството и кого го сметам за еден од најголемите виновници за воспоставување на нерегуларен медумски пазар, на лошо и до зла бога комерцијализирано новинарство, пресудата најмалку ја доживувам како триумф на правдата и правото. Напротив, таа е само уште еден доказ дека каде нема право и правда, каде што нема демократија, таму некотролираната политика произведува и уништува свои херои и непријатели, свои патриоти и предавници кога за тоа има потреба и особено кога е во прашање освојувањето на власта. Оваа последна лекција за херој и непријател на политиката Рамковски по се изгледа ја научи премногу доцна. Да се потсетиме на доказите кои од поодамна ги знае македонската јавност. Да видиме како еден ситен трговец од скопскиот кванташки пазар стана ВИП производ на високата политика за потоа да биде фрлен на буниште како износени алишта.

Првпат пошироката јавност слушна за пиљарот од кванташки, кога на општа вчудовиденост ја отвори А1 телевизија. Но, тогаш уште не беше медиумска личност. Рамковски влезе во фокусот на јавноста кога купи пилешки батаци со парите кои му ги даде угледна американска фондација да набави современа опрема за Телевизијата која требаше да го збогати медиумскиот простор на Македонија. Долги години следуваа судски постапки против трговецот кој сакал еднаш - двапати да ги сврти парите, па потоа да купи опрема, што во Америка и во нормалните држави каде владеат законите се смета за криминал. Рамковски тогаш првпат почуствува дека е значаен човек бидејќи поради неговата телевизија доби заштита од политичките моќници и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Американските тужби ништо не му можеа во македонските судови. Ете така под политичка заштита како мечка почна да расте империјата на Рамковски. Првата медиумска нерегуларност се случи тогаш. Од американска фондација за помош и кредитирање на медиуми веќе никој не можеше да земе ниту еден долар. Потоа работите брзо и непречено почнаа да се движат кон создавањето на моќен медиумски магнат кој на крајот беше убеден дека е семоќен и дека целата таа империја е само негово дело. Како растеше гледаноста на А1 телевизија, така Рамковски стануваше позначаен партнер на власта, или жесток критичар на владините политики ако бизнис дилот мегу власта и телевизијата не се одвиваат онака како што очекува газда Велија.

Арогантен, колку што може да биде само брзо збогатен скороевиќ, грубо го прекрши Законот за радиодифузија отварајќи дневни весници и списанија иако според законот не може да се биде сопственик на електронски и печатени медиуми. Со поддршка на тогашната власт на СДСМ им нанесе силен удар на весниците и медиумите кои професинално и критички ја опсервираа работата на владата. Своите дневни весници Рамковски незаконски со поддршка на власта почна да ги раздава без пари и за пет денари на истите места каде што се продаваа редовните изданија на другите новински куќи. Рекламирањето на неговите весници на А1 кои неограничено се вртеја на најгледаната телевизија добиваа попуст со неверојатни 97 отсто одбегнувајќи данок што предизвика страшни потреси на пазарот на медиуми.

Кога почуствува дека се лула власта на СДСМ Рамковски веднаш застана на страна на ВМРО ДПМНЕ, тогаш во опозицијата. Премиерот Владо Бучковски изврши упад во А1 за оттаму да се повлече шепотејќи и со празни раце. Тоа беше акција на плашење мали деца што уште повеќе го осили медиумскиот магнат.

Соработката меѓу новата Влада на Никола Груевски и медиумското царство на Рамковски од 2006 до 2008 година течеше како меден месец на тукушто венчани. Неколку гарнитури уредници и новинари преку ноќ беа сменети, а сите незаконски придобивки стекнати порано беа потврдени и засилени со издашни владини реклами во изданијата и медиумите на Рамковски. Тиквата пукна 2008 година кога се расипа коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и Велија Рамковски. Жестоката критика на Владата и злоупотребата на власта, откривањето на голем број афери и скандали, притисоци врз гласачите пред избори, нерегуларности и незаконитости, организиран криминал, беше вистинскиот мотив за полицискиот упад на власта во А1 телевизија. Власта сакаше да ги угасне медиумите на Рамковски, а не да брка криминал. Ако беше мотивот откривање неплатени даноци медиумите ќе продолжеја со работа како што е тоа вообичаено во светот со сите компании кои имаат проблем со законот. Газдата и одговорните лица ако направиле криминал ќе бидат казнети според законот во фер судски процес. Тоа е интенцијата на законот, а не затворање и ликвидација на фирмите. Власта на ВМРО ДПМНЕ се пресмета со Рамковски дури 2010 година иако премиерот Никола Груевски цели 15 години добро ги знае сите злоупотреби и незаконско работење на медиумската империја на Рамковски, како што тоа го знаеја сите македонски премиери, партиски лидери, директори и инспектори на управата за јавни приходи, новинари и уредници и целата јавност. Ете ова е најдолгиот пат што го изоде Рамковски од кванташки пазар до новински магнат и до Идризово. Приказната не е завршена....


Статијата е прочитана 5242 пати.

Испрати коментар



Поевтин бензин за локални избори
Со „бај пас“ во Европа
Махараџи во земјата на мизеријата
Таа судница била кулоар



jovan, 16.03.2012 01:01:07
Sto i kako bilo, ete Sudot kaza. Problemot ne e sto Velija ke odlezi dolgi godini zatvor. Ako e kriv, a Sudot presudi deka bil, neka lezi. Problemot e sto kako Ramkovski ima eden kup. Samo jas, a i sekoj od nas, znae barem eden takov kako Ramkovski, koj preku nok so tenderi, perenje pari i kriminali se bogatat expresno na teret na narodot/drzavata, no od *nepoznati* pricini, ili nisto ne se zboruva, ili se davaat glupavi objasnuvanja deka se e po Zakon/pravila, otkako Zakonite/pravilata gi prisposobile za niv. Kako primer, Mnogu aferi i skandali se vrtea za Zingo, no do den denes nikoj ne smee da pisne za toa (Velija/A1 pocnaa, ama zavrsija kako zavrsija), pa onoj ukrasuvacot na grad Skopje koj za nekolku godini so osmo odelenie stana najpoznat biznismen(tenderas) vo drzavava, i uste eden kup smesni i prozirni primeri. Toa e najgolemiot problem, sto seto ova e indikator deka ova ne e drzava, nego mafijaska organizacija.
edno dete, 16.03.2012 01:10:15
изворедна анализа за страдањата на Велија Рамковски , Македонија е заложник на политичките моќници и луѓе кои од продавачи стануваат газди секако нечесно али се додека му одговара на одредена политичка елита . се е од нопаку
USA, 16.03.2012 01:53:36
Osven presudata, nema nisto legitimno od ramkovski, kade i da doprel. Samiot negov biznis zacetok kazuva se. Sigurno potoa ne se prosvetlil.
David, 16.03.2012 07:26:17
Да господине, тука некаде е вистината за крахот на империјата Рамковски. Беше виртоуз за правење пари, но треба да му се симне капа и за мудроста да се зане каде да се инвестира. Со отворањето на три весника и две ТВ-куќи, во македонскиот зачмаен медиумски простор, внесе една препознатлива динамика, регрутира неколку покративни пера, успеа да влезе во секој дом и стана кошмар за власта. Неговите долги прсти, ,,криминални,, потези, се друга приказна. Власта сакаше да се спаси од неговата пропагандна моќ. И ја торпедира најбрутално. Затоа, сега со исти методи, гради своја информативна империја, која, гледано од финансиската страна, е копија на онаа од Рамковски. Сепак, не може да се избегне од вистината дека во уривањето на информативната империја на Рамковски голем учинок имаа новинарските марионети од безмалку сите други гласила, со својот некритичен став и подајнички менталитет кон оние во чија рака е пендрекот. Многумина се корегираа, но совеста проработи предоцна.
B. Betinski, 16.03.2012 08:11:01
Vasata formula „Ramkovski e klasicen proizvod na vremeto vo koe ziveeme“ trgnuva od pretpostavkata deka sredinata (politickiot ambient) e presudniot faktor za nekoja pojava, a licnosta/individua samo „materijal“ koj go oblikuva taa sredina. Taa sredina klasicniot marksizam ja vikase „klasa“ koja, vo zavisnost od svojot karakter, „proizveduvase“ reakcioneri (burzuite) ili revolucioneri (proleterite). Kratko receno, odnosot individua/sredina spored doktrinata marksizam e eden odnos na hiperdeterminizam, so napomena deka toj zakon od prirodnite nauki avtomatski se vnesuva so sferata socijalni odnosi. Vasata formula, g. Riazaov, drzi do toj hiperdeterminizam, no zatoa pak brzo zaborava deka za se treba da ja dovede na obvinitelna klupa sredinata no ne i licnosta (Ramkovski) koj e samo oblikuvan „materijal“/proizvod na taa sredina. Sepak, tie raboti ne se tolku „prosti“ kako sto ispagja od vasiot napis. Osven toa, se znae odamna deka teorijata e - nidna!
dobar den, 16.03.2012 08:16:24
Dobar den., g. Erole. Nemav nikakvi informacii za ova tema, no so denešno vaše pišuvanje, ednostavno za čitanje (oti toa e najvažnoto: textot da bide ednostaven i razbirliv, inaku e težok za čitanje a čovek čestopati ke go napušti nedočitan, iako temata e dobra i važna), no bogato po sodržina, dobiv predstava za razvoj na eden čovek, na negovo poletuvanje i pad. Sigurno ima mnogu okolu toa, za što ni nee vozmožno da se ima predstava, ama dovolno e i tolku. Za mene lično mnogu poučno. Na slični temi nekogaš golemite pisateli pišuvale golemi romani. Pozdrav. :-)
seirdzija, 16.03.2012 08:52:27
DA,treba da ima borba protiv kriminal.DEFINITIVNO!!!Ama nemoze edni kriminalci da im sudat na drugi kriminalci.Nemoze onoj premier da profucka 3mil.evra za NDP i so potpis za OKTA da ja osteti drzavata za 800mil.evra,a da ne odgovaraDa ne se spomnuva Janakievski,Stavrevski,Mijalkov,Kancevska,potocno cela vlada koja e do gusa vpletena vo Pajazina od organiziran kriminal.Nemoze onoj feudalec Singo da dobie otudjeno zemjiste od drzavata i da si tera biznis so DOBRA VODA.Nagon na povracanje predizvikuva nezavisno sudstvoi napreduvanje na Velkovska vo ustaven sudija.Zatoa na Makedonija i treba SPECIJALEN SUD,za VISTINSKA BORBA protiv organiziran kriminal.
sherifali, 16.03.2012 09:04:49
Gospodine Rizaov Crn si, crna na ti je dusha, nisto cudno soodvet na tvoje poteklo sto i rasvetluva tvoeto pishuvanje deka Velija bil piljar, vprocem ti dobro znaesh koj e i koj bil Velija ama tebe te jade nesto od vnatre i samo bolesen mozok moze da se pravi deka je nekoj si shkrabotnik. Sram da ti je od familijata i od tvoji deca
od ostrijot, 16.03.2012 09:57:43
taka e koga kriminalot i politikata se soedinat togaj neocekuvaj nisto dobro.
До Sherifali, 16.03.2012 10:06:31
Госп. Шериф, ништо не си разбрал од текстот.треба да прочиташ изгледа уште еднаш, два пати, па да разбереш, иако текстот е многу едноставвно напишан. Го плукаш авторот, а мислам дека тој прецизно ги открива причинит зошто Рамковски и неговите се осудени. Не гледам дека текстот е против Рамковски. Ај читај уште еднаш, може ке ти текне.
Alek, 16.03.2012 12:41:30
Se e ok! Ama ostanuva prashanjeto, koja e razlikata pomedju Velija od edna i Dzingo i Stojmenov npr. od druga strana? Osven shto Velija prestana da klima so glavata kako konj so zobnik.
osmeli se, 16.03.2012 14:24:00
Jas ne znaev deka Velija bil piljar.Sega ako si piljar i po Vashata logika vechno treba da ostanesh piljar,togash imate problem so Vashata logika.Gledam deka mnogu dobro go sfakate problemot.Gruevski MNOGU dobro go znae Velija i problemot e vo toa shto On lichno dozvoli Velija da si raboti kriminalno (spored zacverashnata presuda) a toa se vika soucesnishtvo.UJP ne mozela da vleze vo A1 16 meseci?! I inspektorite i direktorot na UJP trebashe zaradi toa da dobijat otkaz a i krivicna prijava zatoa sto ne si ja zavrshile rabotata a mozebi nekoj nad Niv im naredil toa da go storat.Za sporedba Kinezite za 16 meseci gradat grad za 50.000 lugje.Prikaznata ne e zavrsena...
stojko, 16.03.2012 14:33:12
Работата не е во тоа како Рамковски го стекнал своето богатство. Наведете барем еден од македонските новопечени богаташи кој легално се збогатил. Свето-Пивара? Мукаетов? Штерјо? Љубчо? Овде се работи за уништување на политичките противници, за замолчувања на критичките медиуми и за заплашување на сите оние кои ќе и се спритистават на оваа диктатура. Овој случај ги илустрира криминалните методи на премиерот и братучедите. Но ако еден ден дојде до смена на власта, Македонија ќе мора да почне од нултата точка.
девичанецот, 16.03.2012 17:46:04
Почитуван Ерол, Чиста петка за колумната!
zedorf, 16.03.2012 20:53:50
sto ima da se kaze pravi toa sto mislis deka e dobro.vo kontekst na ova bc go izlaza deka ke pobedi i sega sto odbra pogresna strana . i so laga sakase da stane aga . problem e vo edno opsestvokoga edni isti luge gi nametnuvaat svoite stavovi a tie stavvovi se otfrlaat na izbori .aovie uporno baraat nacin da gi proturkaat.
Realist, 16.03.2012 22:28:37
Politika biznis pari,i vo jakite demokratii e isto,sega sme pred glasanje 7 dena,politicarite za vlast se sposobni i gaz da celivat,a za lagi i reklami po televizii se cudam od kade tolku pari,pa od prosenje po biznisi,donacija taka se vika po demokratski,a minimalnata donacija za biznis e 5oo dolari,a bogatite se razbira davaat milioni pa kako ke im se oddozat,so nasi pari braka ke im napravat pat do rudnikot,voda ,dozvola da unistuva priroda i t.n.Za zal i jas sum Biznismen.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |