15.03.2012, 17:15 Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Околу 6.000 жалби и поплаки од граѓани лани стасале до Пазарната инспекција и до Организацијата на потрошувачи. Потрошувачите најмногу се жалеле за несоодветен производ или несоодветна услуга, а во Организацијата на потрошувачи, поплаките најчесто биле за гаранцијата на производите, за неквалитетни производи, за лоши јавни услуги, за услугите на банките, како и за проблемите во домувањето. Од вчера инспекциите ќе прават координирана контрола на трговците, а не поединечни инспекциски надзори.
Директор на Државниот пазарен инспекторат, Елизабета Чингаровска, се пожали на работата на судските органи, бидејќи, како што кажа, во многу случаи застаруваат делата или, пак, се изрекуваат поблаги казни кои не го постигнуваат саканиот ефект.
Претседателот на Организацијата на потрошувачи Маријана Лончар- Велковска нагласи дека едукацијата на потрошувачите за нивните права е битна колку и надзорот на пазарот. (Ек.Р) |