19.03.2012, 15:17 Ограбена обложувачница во Пробиштип
Тројца разбојници, маскирани со фантомки на главите, им впериле пиштол на вработените и ја ограбиле спортската обложувачница „Б вин“ во Пробиштип. Според полицијата, разбо��ништвото се случило околу 22,30 часот на улицата „Јордан Стојанов“. Едниот на крадците носел фантомка на главата, а другите го покриле лицата со шалови. Вперувајќи пиштол во двајцата вработени во обложувачницата им наредиле да легнат на подот. Потоа еден од крадците успеал од касата да одземе 150.000 денари и 230 евра. Потоа двајцата вработени ги заклучиле во помошна просторија и побегнале во непознат правец. „Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на краците“, велат во МВР. (Д.Т.)
|