16.03.2012, 14:22 Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Предвидена е глоба во износ од 500 евра за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи
Државниот инспекторат за транспорт во соработка со Министерството за внатрешни работи, при спроведени акциски контроли во текот на оваа седмица, одзеде шест возила на превозници кои вршеле јавен превоз без дозволи и лиценца (еден автобус, еден минибус, две патнички комбиња и два автомобила).
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца. Освен предвидената глоба, предвидено е времено одземање на возилото што било користено за превоз на период од шест месеци до една година.
Акциската инспекциска контрола во патниот превоз континуирано се одвива во сите градови во Република Македонија со цел воведување на ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи, соопшти Министерството за транспорт и врски
|