15.03.2012, 11:14 Филе: Дијалогот на високо ниво е охрабрување за европската агенда на Македонија
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред почетокот на дијалогoт на високо ниво Македонија - ЕУ порача дека дека со него земјата се доближува кон Унијата
Еврокомесарот Филе во изјава за Дојче веле истакнува дека целта е доближување на Македонија кон Европската унија и задржување на европската агенда како водечка сила на трансформацијата земјата, но оти не станува збор за замена на вистинските пристапни преговори. Дијалогот според него ќе ја охрабри агендата за реформи.
- Фокусот ќе биде ставен во пет клучни области кои ги нагласив пред ЕП: владеење на правото, слободата на говорот, реформата на јавната администрација и функционалната пазарна економија. Целта е да се создаде моментум, кој ќе му дозволи на Скопје да биде поблиску до преговорите за членство. Тоа е и за да се зачува на значајно место во агендата на Европската унија, проектот на Македонија да и се приклучи на ЕУ. Комисијата преку овај дијалог со македонските власти сака да изработи патен налог за подршка на важните македонски реформи, вели Филе.
На прашањето како Европската комисија ќе го убеди Советот да донесе одлука за почеток на преговори, комесарот за проширување Штефан Филе, одговори дека не е нивна работа да го убедуваат Советот, бидејќи самиот ги носи своите одлуки и има свои процедури.
- Дијалогот на виско ниво кој го отвораме со земјата оди во таа насока, односно да ги поддржиме реформите во поранешната југословенска република Македонија. Мислам дека е значајно да биде решен проблемот со името за добрососедките односи и да се создаде моментум, што ќе му дозволи на Советот да постигне концензус и донесе одлука за почеток на преговорите, истакна еврокомесарот за проширување.
Во Скопје денеска почнува пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската унија и Македонија. Делегациите на двете страни во дијалогот ќе бидат предводени од еврокомесар Филе и македонскиот премиер Никола Груевски.
|