19.03.2012, 13:01 Оставка на грчкиот министер Венизелос
Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос денеска соопшти дека ја напушта министерската функција, како што и претходно најави, откако вчера беше избран за претседател на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).
- Имав можност да ги дадам последните совети на прошталната средба изутринава во Министерството за финансии, изјави Венизелос пред новинарите по средбата со грчкиот претседател Каролос Папуљас.
Венизелос треба да се сретне и со премиерот Лукас Пападемос на кого треба официјално да му ја врачи својата оставка.
|