Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.03.2012, 17:30

Мистерија околу компензацијата за Лех Качињски

Полскиот премиер Лех Качињски загина во април 2010 година во авионска несреќа во Русија, а со него и неговата сопруга Марија, така што сите права во однос на осигурувањата и на компензацијата од државата ги доби нивната ќерка Марта Качињски. Полските медиуми многу малку се занимаваа со оваа тема, но, генерално, се проценува дека Марта Качињски добила околу 250.000 евра надомест од државата, како и дополнителни големи средства од осигурувањето на Лех Качињски, како политичар од највисока хиерархија. Но, нема официјални податоци за тоа.

Основа за компензацијата, инаку, беше законската регулатива која важи исто за сите претседатели на државата, но не се отвори тоа прашање во јавноста поради обемот на трагедијата (загина речиси целиот државен цивилен и воен врв) и чувството во Полска дека смртта на најблиските не може да се надомести ниту со една сума. Страстите се разгореа многу повеќе околу тоа каде и дали треба да биде погребан претседателот, поради одлуката на неговиот брат близнак, тогаш премиер, да му одреди вечно место во катедралата во која се погребуваат кралеви и национални херои - нешто што Качињски не беше, и повеќе од тоа, доживуван како проблематичен политичар. Таквата одлука предизвика многу протести, но без успех.


Статијата е прочитана 326 пати.

Испрати коментар



Лустраторите ја чекаат со скрстени раце одлуката на Уставен
А1 остана без дозвола
Опозицијата се собра кај Црвенковски
Грција не заборава на „ерга омнес“
Семејството на Зоран Ѓинѓиќ не побара ни динар
Луксузот на „Салвадор Алјенде“
Кој го забрани фудбалот
ВМРО-ДПМНЕ пред избор за Скопје - Коце или Ивица?



analiticar, 21.03.2012 08:00:49
STO NAPRAVIVME,nie sme najmokni za pogrebi i plakanje pari za uteha,mislam deka i sekoja godina se odeluvaat pari za semejstvoto za nekojsi zaslugi.gi molam novinarite da istrazat sto se dobi vilma i se uste dobiva za razlika od drugite familii;DJindjic,Kacinjski......pa i Kenedi.
Hurem Sultan na Vodno, 21.03.2012 16:48:48
Pogresila Marta Kacinski sto za sovetnik ne ja zemala Vilma Trajkovska. Taa za takvi obestetuvanja e vrven ekspert.Eve od edna bedna Makedonija dobi besplaten plac na Vodno od 1700 m2 , palata kako saraite na Suleman Velicsnstveni, stipendii za skoluvanje na decata vo elitni skoli vo stranstvo. , besplatni avio bileti, polnata plata na pokojniot Pretsedatel, , poslouga i sluzben sofer i sto li uste ne!. Koga od edna Makedonija uspea da dobie tolku ,kolku ce dobiese tek od Polska i toa za smrt na Kacinski i negovata sopruga? Vilma , Vilma , Askolusn! Beter si od Hurem Sultan!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |