Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.03.2012, 17:24

Семејството на Зоран Ѓинѓиќ не побара ни динар

Мајката Мила Ѓинѓиќ вели дека не би можела да потроши ништо од тие пари

Семејството на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ се' уште нема побарано отштета за неговото убиство, иако на тоа има законско ��раво.

„Срам ми е да барам пари за мртвиот син“, ги пренесоа деновиве зборовите на Мила Ѓинѓиќ, мајка на убиениот премиер, некои српски медиуми. „Не би можела да потрошам ништо од тие пари“.

Девет години по атентатот кој ја згрози не само Србија туку и меѓународната заедница, Ружица вели дека поголема сатисфакција за неа би било кога би се открила целата политичка заднина на убиството.

Отштета, како што пишува српскиот медиум „Ало“, не побара ни сестрата на Зоран, Гордана Филиповиќ, ниту пак неговата вдовица Ружица.

Според законот, семејството на убиениот има право да ја тужи државата зашто не ги презела потребните мерки за обезбедување на премиерот, кој беше убиен среде Белград. Уште повеќе, случајот би завршил позитивно за семејството зашто осомничените Милорад Улемек-Легија и атентаторот Звездан Јовановиќ биле припадници на Единиците за специјални операции на МВР-Србија.

Никој не може да прецизира колкава би била отштетата доколку семејството реши да тужи, не постои тарифа за тоа, вели судија на еден белградски суд, но правници за „Ало“ тврдат дека според досегашната практика – отштетата не би била помала од половина милион евра.

Имено, во случајот со убиениот поранешен српски претседател Иван Станболиќ, беше одобрена финансиска сатисфакција. Семејството, сопругата и децата добија 250.000 евра отштета за свирепото убиство кое се случило на 25 август 2000 неколку дена по неговото мистериозно исчезнување.

Сопругата Катарина и децата Тијана и Вељко водеа судски спор и барале многу поголема отштета, но на крај е исплатен споменатиот износ, кој во име на државата го договори српското Министерство за правда.

Уште еден случај од соседна Србија е интересен: по четврт милион евра отштета добија и семејствата на три лица кои настрадаа во обидот за атентат врз опозиционерот Вук Драшковиќ на ибарската магистрала.


Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар



Лустраторите ја чекаат со скрстени раце одлуката на Уставен
А1 остана без дозвола
Опозицијата се собра кај Црвенковски
Грција не заборава на „ерга омнес“
Мистерија околу компензацијата за Лех Качињски
Луксузот на „Салвадор Алјенде“
Кој го забрани фудбалот
ВМРО-ДПМНЕ пред избор за Скопје - Коце или Ивица?



jimmy1, 21.03.2012 04:58:07
Vilma Trajkovska ke ve nauci kako se trosat parite, ima praksa vo toa. Videteja na slikata, se doterala kako Margaret Tacer, tesko toj sto ke si otide.
analiticar, 21.03.2012 07:48:01
DJINGIC ne mozat da baraat osteta a Trajkovska ne mozi da prestani so svoite benificii.VO PRVIOT SLUCAJ imame dokazano ubistvo vo vtoriot nesreken slucaj,so nedokazana vina koja del nosi i trajkovski zatoa sto zaminal na pat vo takvi uslovi a mozese da go otkazi patuvanjeto kako sto toa go napravile nekoj drugi drzavnici.
E kaj nas ne e taka, 21.03.2012 10:19:48
E nasata Vilma kako kompenzacija za tragicbno zaginatiot pretsedatel, dobi zamok na Vodno, stipendii za decata i toa sa skoluvanje vo elitni stranski ucilista , so plateni bileti za poseta na makedonija, taa ja dobi celata negova plata, plus ima i pomosno osblje i sofer. Abe toa ne go dava i SAD?! Bravo Vilma , taka Vilma, sege si imas i Vilnalend!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |