20.03.2012, 17:12 Мое ќоше
Кој го забрани фудбалот
Ерол Ризаов
Што се случува во држава каде што е опасно да се одигра фудбалски натпревар
Сосема намерно неколку дена ја игнорирам најжешката и најмачна тема. Се' додека не стана опасно да се одигра фудбалски натпревар. Аждерот е одврзан, шета слободно и ја голта Македонија. Кога чудовиштето како Кинг Конг рикаше на Карневалот во Вевчани, на струшките плоштади, на гостиварските и тетовските улици, по спортските трибини и скопските автобуси, кога гореа знамиња, цркви и се уриваа џамии, тогаш националните стратези и патриоти фатија пусија во провладините медиуми од која со зборови од снајпер убиваа се' што повикува на разум. Толку се намножија јунаци што во студените зимски денови ја качија температурата до точка на вриење. И тоа не само во одбрана на сопствената нација, туку и за напад кон големото зло и загадување на човековата околина што го предизвикуваат различните по вера и јазик.
Професионалните, етичките стандарди и трагичните искуства што ги имаме од поблиското минато кои се мошне свежи и уште болат налагаат во вакви ситуации да го мериме секој збор, да демонстрираме толеранција, присебност и да вршиме силен јавен притисок врз институциите на системот и властите да не ги разгоруваат пожарите, туку да си ја работат својата работа во заштита на граѓаните. Партнерите во власта можеби не ги запалија националистичките пожари, но не се ни претргнаа да ги изгаснат кога беше доволно да истурат само една кофа вода. Кога се вивна пламенот до небото, почнаа да трчаат и да бараат виновници што некој друг не ја завршил нивната работа. Тие што укажуваа на овие опасни политички кокетирања и намигнувања на шовинизмот и национализмот, особено по двојното убиство во Гостивар, бевме анатемисани вообичаено како предавници.
Веднаш дежурните бранители на честа, достоинството и угледот на својата нација ми препорачаа јавно да си заминам за Турција и дека како Турчин немам право да кажувам што мислам во туѓа држава. Татковинските милитанти ми се заканија како пред повеќе години кога тогашниот премиер преку ТВ-екраните мене и на уште еден новинар ни испрати убаво осмислена патриотска порака дека еден Турчин и еден Влав не можат да му кажуваат што тој треба да работи.
Ете кога мислев дека овие времиња, сепак, се поминати, следбениците на револуционерната партија кои не ги признаваат достигнувањата на своите претходници, но не ги забораваат ваквите херојски дела, по 20 години пак ми препорачаа да не зборувам јавно. Ја примив новата порака на знаење уште на централната прослава на 20-годишнината на независноста кога од платото на Музејот на ВМРО ни беше порачано никогаш да не заборавиме кога го поминуваме Камениот мост кој го надена на колец Карпош. Јас не заборавив. Ама гледам оние што трчаат по инвестиции веднаш заборавиле. Алал да им е, прагматични се. Двете работи се за различна употреба на Турците.
Сега кога и температурите се качија и се разубави времето, се организираат убави маршеви за мир, ТВ-дебати на аналитичари, специјалци за кавги и поголема омраза, цртачи на нови географски карти и граници, стратези и војсководители за создавање големи држави. Се појавија многу чудни сурати кои дење градат мостови, а ноќе ги уриваат. Секоја вечер на ТВ-екраните штом го слушнам првиот збор на мудрите водители и нивните им гости дека сакаат да придонесат за смирување на страстите, ми се ежи кожата. Знам дека до крајот на емисијата ќе ја избербатат работата.
Е па, од силните наши залагања за мир и соживот, за разум и толеранција, за милтикултурно и мултиетничко демократско општество дојдовме до опасно прикривање на вистинските состојби. Ве молам за кус одговор на прашањата: Што се случува во една држава кога институциите на системот го одлагаат редовното коло од Првата фудбалска лига? Зошто во Македонија стана опасно да се игра фудбал? Кој го забрани фудбалот и дали ако не играме фудбал го решивме проблемот?
Мојот одговор е: нема демократија и нема правна држава. Всушност, мислам дека го играме „третото полувреме“, ама уште не ни кажале. |
|
Статијата е прочитана 1291 пати.
|
Испрати коментар
|
|
EU, 21.03.2012 00:54:33 | Ne tretoto, izgleda deka go igrame poslednoto poluvreme. Da se zabrani sportski natprevar znaci samo edno:instituciite na vlasta ne si ja vrsat rabotata. Ili uste poloso, graganite na ovaa drzava, zabludeni od antikvizacii i golemi Albanii resile da bidat topovsko meso. Pritoa zaboravaat deka posle sekoj konflikt sledat pregovori vo koi sekoj gubi po nesto. |
| pameten, 21.03.2012 05:59:21 | Pred 99 nashite i Albancite krenale zaednichkoto Ohridsko vostanie. Denes sme neprijateli. Samo ako se analizira shto se sluchilo mora da se najde izlez. Albancite ostanale istite NO stanale poveke! I penetrirat vo gradovi kade shto rechisi gi nemalo. Ovo za nas e agresija i normalmno ne voznemiruva. No i Albancite se voznemireni. Vo nivnite ochi nekogashnite im sojuznici Makedoncite preminale na stranata na Srbite.Ova e gubitnichka pozicija poshto po zagubata na Kosovo Srbite se zasekogash von igrata za Makeodnija. Izlezot e samo dialog so Albancite kako so ramni (zabravete za mnozinstvo-malcinstvo) i prerodba na nekogashniot strateshi sojuz so Bugarite. |
| Istocna Makedonija, 21.03.2012 08:08:18 | Vo pravo e g-din Rizaov!Nikoj ne moze da go
suspendira i zabrani sportot-fudbalot.Imalo i da-
leku pokompleksni epohi,koga i vo vojna-voeni
konflikti(2001 godina)fudbalot se igral.Vaka samo
se sozdava percepcija na nesigurna bezbednosna
situacija i se doleva ogan na benzinot! |
| Martin, 21.03.2012 09:18:36 | Ne beri gajle Erole, ima Makedonci sto kje te branat od napadite. Ne oti si Turcin, tuku oti si Chovek, pa i pogolem Makedonec od mnogumina Makedonci. |
| Ce igrame pirueti, 21.03.2012 09:59:27 | Erole sto se sekira. Vazno operata i baletot se gradi i toa vo kakov stil!. A nie sme vorazvojot vo faza na rokoko i barok,pa kako blagoridnicka nacija ce si slusame operi i ce gledame baletski pirueti. Toa e za kulturen i civiliziran narod. Fudbalot e za narodi so poniska i nedoizgradena kultura. Seto toa e planski vgradeno vo onaa Prerodba Erole. |
| Бошко, 21.03.2012 12:04:56 | Проблемот ни е многу покомплексен. дури и најревносните аналитичари избегнуваат да го соопштат суштинското, дека во главите на некои персони зоврива до еруптивни размери мегаломанскиот национал-шовинизам. И да им се апострофираат имињата. Да завладее правото. Изигруваат војсководци од некои митски времиња. Одвратни мимикрии. Од парламентарната говорница го гранатираат народот со лојалност и пароли за божемен соживот, од друга страна разгоруваат сепаратистички страсти. Звецкаат со остреците на музејско оружје, употребено во балканските погромни времиња за моделирање и прекројување на државните граници, за разорувања, за прогони, за преселби. Тој ужас Македонија го вкуси точно пред 100 години и знае колку се непреболни и крвави раните од ножиците во рацете на умоболни кројачи на државните граници. |
| Превртени зборови, 21.03.2012 16:28:36 | А едноставно е. На писателот по она што го искажува јасно се гледа дека сака еуинтеграции а името може да се смени не го тангира името македонско и слично. Е кога ќе му укажеш на тоа дека не бе човек колумнист мене како македонска нација ми е поважно името од нато еве ти жалопојки извртени зборови и слично. Затоа му порачувам на кписателов дека ако му се соберат сите колумни ке се види вистината. И пак повторувам еве ако не му се допаѓа што меѓу име и интеграции бирам име нека ја напушти о��аа сиромашна и мизерна и да оди кај демократијата голема. Еве му две големи демократиии Грција и Бугарија. И веднаш ќе стане александров потомок или кирилометодиев. И во двата случаи ќе лаже. При милиони Македонци кои ја напуштиле Македонија или се асимилирани сега јас за еден потенцијален Грк или Бугарин ќе се сеќирам. |
| dobar den, 21.03.2012 16:54:29 | Dobar - ili loš den? Vie, mi se čini, se sekirate za nešto, što nepostoi... Pa, site okolu vas se mirni! Nikoj ne se plaši... vremeto si teče... dojde prolet.. sonce gree... svetot ušte e na mesto. Me potsetuva na Evreite vo Hitlerova Germanija. Nekoite ja slušale i treva, kako raste, a ako imale sredstva i možnosti, izbegale so vreme... I se spasile. Nekoite nemale sredstva... No mnogu od niv ednostavno NEVERUVALE, deka nešto TAKVO može da dojde, deka bi možele da završat vo krematoriumite, pepel i prašina. Mislam, deka mnogu luge vo MK ednostavno neveruvaat..! I - mirni se. Što se tiče do toa, deka ste Turčin, i deka toa vi e prebacuvano: pa i takov argument e pogoden za upotreba, ako veke nema drugo što da se upotrebi. Da se navredi, da se poniži. Čestopati sudime prema boja na koža, vera, nacionalnost - a ne ja gledame čoveština. Pa, takvi sme - nie luge. Zatoa i edneška ke ne snema, bezvredni sme za planetava. No, se plašam - ke ne snema vo makite. Pozdrav - i nadež! :-) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Делумно облачно
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 6°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|