Број 2852  вторник, 02 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

ФОРБС

Нашиот внатрешен Македонец

Сузан Ли

Потенцијалните паралели меѓу идната Америка и сегашната Македонија се страшни. Македонија се претвори во гигантска обложувалница

„Денот на благодарноста не е веќе свечен празник на Господ за даденото милосрдие ... тоа е празник даден од државата и нацијата за да гледа фудбалски натпревар“ - „Њујорк хералд“, 1893 година.

Доволно вистинито. Но, една работа недостига од описот во „Хералд“ на празникот што го прославувавме: обложувањето. Денот на благодарноста е голем ден за фудбалско обложување. Всушност, мисирката, Националната фудбалска лига и обложувањето се уникатна американска тројка.

Спортското обложување е многу голем бизнис. Само „супер боул“ носи околу 10 милијарди долари во коцкањето од легалните бизниси во Невада, илегалните операции на букмејкерите во Бронкс, офшор пазарите на предвидувања и службените влогови. Но, настрана од големите долари, спортското обложување, главно, е неопасно хоби што го практикува мало малцинство: само 17 отсто од Американците се обложуваа на спорт последната година – 7 отсто се обложувале на професионални спортови, а 14 отсто учествувале во службени влогови.

Сепак, зборовите „неопасно хоби“ ги користам претпазливо. Постои можност дека рецесијата може да ги трансформира Американците во мноштво сериозни коцкари, кои трошат над 10 часа неделно ангажирајќи ја нивната навика за обложување во очаен обид да се одржат финансиски. Накусо, рецесијата би можела да ги трансформира Американците во Македонци. Да! Македонци! Речиси 40 отсто од граѓаните на Република Македонија се обложуваат на спорт; всушност, спортското обложување е толку популарно што едноставно се нарекува обложување.

Смешно. Но, потенцијалните паралели меѓу идната Америка и сегашната Македонија се страшни. Македонија, се чини, се претвори во гигантска обложувачка галерија со комбинација од економска несигурност, висока невработеност, зголемени даноци и галопирачки трошоци за основните производи, проследени со стагнирачки плати. Услови кои многу личат на оние кон кои се движиме ние.



Според студијата објавена од Центарот за истражување и креирање политика, лоциран во Скопје, Македонија „стапката на невработеност во Македонија е околу 30 отсто, економската моќ на граѓаните е во константно опаѓање, даноците стануваат повисоки, електричната енергија, водата, затоплувањето и телефонските сметки и бензинот растат, додека платите во последните 15 години само незначително се зголемија. Многумина во Македонија гледаат шанса за успех во животот во обложување на спортски настани“.

Значи, тоа е она што можеби се чува за нас.

- Висока стапка на обложување за економска добивка. Токму сега, меѓу половина до три четвртини Американци кои се обложуваат, го прават тоа заради забава. Спротивно на Македонија, каде што помалку од една третина бараат забава, а друг, околу 70 отсто, очекуваат да заработат сериозни пари. Центарот тврди дека многу Македонци се „чувствителни на социо-економската несигурност и исклучувањето. Некои од тие луѓе ги гледаат букмејкерите како можност да добијат пари и да ги покријат нивните трошоци, да ги платат даноците, кои во многу случаи за македонскиот граѓанин се тежок товар“.

- Многу време поминато на обложување, малку на професионален развој. Македонците пристапуваат кон обложувањето со апсолутна сериозност. А за тоа е потребно време. Тие мора да ги следат резултатите од спортските натпревари (главно фудбал), да читаат не само спортски вести туку коментари и, секако, да минуваат многу време во спортски кафулиња, дискутирајќи за нивните неуспеси и успеси при обложувањето.

Според анкетата спроведена од Центарот, 20 отсто од анкетираните посветуваат повеќе од 10 часа неделно на процесот на обложување; 19 отсто поминуваат 7-10 часа; 25 отсто издвојуваат 4-6 часа; 23 отсто се окупирани 2-3 часа, а 9 отсто поминуваат помалку од еден час. Авторите забележуваат дека сите тие загубени часови го „јадат“ времето што би можело подобро да се потроши на подобрување на човечкиот капитал.

- Владино охрабрување на обложувачката класа. Центарот смета дека Република Македонија ги охрабрува букмејкерите, бидејќи обложувањето носи 2,7 милиони денари годишно - плус приходи од даноците на приход и ДДВ. (Процените се направени од податоците што ги нуди Центарот, но во контекст, просечната годишна плата во Македонија е околу 156.000 денари).

- Обложувањето ќе ја конфронтира земјата со тешка трговија. Центарот ги наведува позитивните влијанија на спортското обложување: повеќе вработувања (нови работни места за букмејкери), пораст и развој на бизнис- секторот, инвестиции во инфраструктурата (кои Центарот чудно ги дефинира како „букмејкери“) и зголемување на материјалните добра. Тие позитивни страни, сепак, треба да се одмеруваат наспроти негативните, кои Центарот ги наведува како: невработеност, сиромаштија, негативно психолошко влијание врз семејството и банкротство.



Сега, ако размислувањето за Американците како Македонци ви создава непријатност, едноставно одморете. Спортското обложување е, исто така, голем бизнис во Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија. Но, пред да се решите дали овој развој на националниот карактер би бил добра или лоша работа, погледнете ја видеоснимката од кафулињата за спортско обложување во Македонија. Личи на забава.

(Авторкататa е неделнa колумнистка на „Форбс“)


Статијата е прочитана 1624 пати.

Испрати коментар

Од: Елизабета
Датум: 01.12.2008 20:28:15
Не разбирам зошто до крај не се искористува моќта на онлајн слоевитоста, особено во нашето новинарство. Се обидов сама да проценам дали е ова превземен текст или Мис Ли е ексклузивна колумнистка на Утрински - бидејки никаде не видов линк кон изворниот текст, и не беше наведено дали (и кога) тој текст е објавен во Форбс. Гугл ми помогна да го откријам оригиналот, во кој - многу прикладно - сите истражувања беа поврзани со матичните сајтови (галуп, црпм..) Ова е веќе практика на некои од страниците на блогерската заедница, како и на некои портали. Се надевам дека и новинарските куќи ќе фатат чекор со оваа практична алатка на современото (глобално) информирање.
Од: commanddevil
Датум: 02.12.2008 00:51:00
drn drn -jarinja
Од: K-Toronto
Датум: 02.12.2008 00:58:01
Gospogo Lee pa neznam kako Amerikancite gledaat na oblozuvanjeto a kako Makedoncite go dozivuvaat oblozuvanjeto samo znam deka Las Vegas zivee od takvi pari......i znam uste nesto a toa e mozebi vo Makedonija ima 30% nevrabotenost ama nema da vidite situacii kako WAL-MART vo Long Island kade 2000 shoppers cekaa 12 saati na BLACK FRIDAY za dobri dilovi i kako zivotni se nafrlija i go pregazija vraboteniot koi im ja otvori vratata kade policijata proba da ja zatvori prodavnicata poradi istraga i dobi odgovor od mad shoppers deka cekale 12 casa za dil i ne im e gajle sto nekojsi umrel ..kolku nisko...Amerikancite vo momentot se ponisko od Makedoncite zasto mnogu gi izgubija svoite kuki vo fin. meltdown a uste poveke ziveeat na kredit i od plata na plata.....Vie ste isti kako nas samo uste ne znaete siromastijata ne e pred vasata vrata tuku e vlezena vo vasata living room
Од: I.
Датум: 02.12.2008 08:59:56
Odlicen tekst! Zaspani se kaj nas i sociolozite koi bi trebalo da gradat karieri niz istrazuvanje vi "prvo lice" na tranziciskite efekti vo Mk.
Од: maja chicago
Датум: 02.12.2008 14:44:47
Kolku si ti zapoznaena so oblozuvanjeto vo Makedonija, g-gjo Lee, da mozes da pisuvas za nea? Koj tebe ti dava pravo da sudis i sporeduvas? Dali si ja videla sopstvenata zemja i sopstevniot narod sto pravi po OTB oblozuvalnicite? Pa lugjeto ginat zaradi konji! Da, trki so konji! Sto e Las Vegas i Atlantik SIti? Dali si napravila proverka na dokumentite kolku pari se ostaveni tamo? Kolku zivoti se unisteni zaradi toa? Procentot na bolni kockari vo Makedonija e mnogu mal i poveketo od lugjeto se oblozuvaat zaradi zabava. I ako pobedat, poveke pari, zasto ne? ALi ne gubat kuki,. ne prodavaat imot, ne zavrsuvaat vo ludnica. SI napravila li proverka kolku kuki se izgubeni vo tvojata zemja? Pa pokerot se preneseuva sekoja vecer vo udaren termin na drzavna televizija! I ti najde da ja sporeduvas MOJATA zemja so tvojata i ti najde da se ismejuvas na mojata zemja? Mojot narod go sfaka oblozuvazuvanjeto kako zabava, kako nacin da se druzime. Kolku se druzime nie ovde vo Amerika? I kako?
Од: Ристовски
Датум: 02.12.2008 15:16:00
Тенденцијата на раст на бројот на обложувалниците во Македонија и на интересот на населението за спортско обложување е загрижувачка и е резултат на изгубена надеж, на немање сигурност и на висок степен на разочараност од сопствен неуспех за справување со сопствената и егзистенцијата на фамилијата. Овој процес е спротивен на Библиските и Божји принципи и црковното свештенство мора да се објави и укаже дека тој и таков пат води кон се поголемо тонење на нацијата. Тој и таков пат на очекување на добивка без труд, на среќа или коцка, е пат на лична пропаст. Иако изгледа безазлено на прв поглед, спортското обложување влијае врз развивање на коцкарски менталитет кај младите, кој сигурно носи во вртлогот на загубата и животното промашување. Државата исто така, треба да се замисли за таквиот менталитет кај младите и да делува.......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења
Бетмен против Либерти Валанс