|
|
|
|
|
|
Холбрук ја седна Грција на маса со Македонија
Во последното интервју за дописникот на „Утрински весник“ од Брисел творецот на Привремената спогодба, Ричард Холбрук, изрази жалење што таа не се почитува ни од Грција, ни од НАТО, ни од ЕУ, но, сепак, според него, ја одиграла улогата и ги подобрила односите меѓу Грција и Македонија.
„Не сум веќе активно инволвиран во тоа прашање. Но, договорот меѓу Македонија и Грција што го договоривме ние беше добар. Ја отвори границата, ја помогна трговијата меѓу двете земји и ја помогна економијата. Ситуацијата сега е многу подобра отколку во септември 1995 година кога го постигнавме договорот“, изјави Холбрук на 24 март 2009 година за „Утрински весник“.
Ангажманот на Ричард Холбрук го крена 20-месечното ембарго на Атина спрема Македонија, а Скопје прифати безимена спогодба и по еден месец го промени знамето. Американецот од болниот Андреас Папандреу изнудил договор со Скопје (како што раскажуваше сопругата на премиерот, Димитра Лијани) во исто време кога Холбрук на другата линија го имал Киро Глигоров. Дваесетмесечно ембарго беше тргнато, но остана грчкиот цврст став дека би било предавство на грчките национални интереси доколку Грција прифати постоење на држава со име Македонија на северната граница.
Односите меѓу Македонија и Грција се помрднаа од мртва точка по потпишувањето на Привремената спогодба за соработка по укинувањето на едностраното ембарго. „Првата страна“ и „Втората страна“ претставувани од тогашните министри за надворешни работи, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас, кој сега е претседател на Грција, на 13 септември 1995 во Њујорк, во присуство на американскиот дипломат Сајрус Венс, потпишаа Привремена спогодба за пријателски односи и градење доверба и за заемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет.
Во 2002 година, за време на едно предавање на универзитетот Џон Хопкинс во врска со ситуацијата на Балканот и македонско грчкиот спор ќе ги изнесе своите изведувања одговарајќи на прашањата на присутните меѓу кои и претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски:
Прашање: Како треба Македонците да се нарекуваат себе?
Одговор: „Македонци“
Прашање: А нивната земја?
Одговор: „Македонија“
Прашање: Нивниот јазик?
Одговор: „Македонски“
Прашање: Како треба да го решат проблемот со Грците?
Одговор: „Грците ќе мора да научат да се приспособуваат“.
|
#
|
Статијата е прочитана 1169 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Силвестер, Сиднеј |
Датум: 15.12.2010 12:38:04 |
|
И денес до каде сме? - Пак на истото како и пред 1995 год. дури и полошо. Сите држави во ЕУ отворено и документирано се на страната на Грција. Што договор беше тоа јас неможам да видам. |
|
|
|
|
|
|
Од: devicanecot |
Датум: 15.12.2010 14:03:50 |
|
Бидејќи сите договори на свежопочинатиот се лоши, ова е еден од најлошите, после Дејтонскиот.
Значи, за името, договорено е да се разговара за нешто за што воопшто не треба да се разговара. Тогаш која е вредноста на тоа? |
|
|
|
|
|
|
Од: Cvetan Sokoleski |
Датум: 15.12.2010 15:45:53 |
|
Sekako dogovorot deka bil steten za Makedonija ,ako se pregovara za nesto a za toa ima dve strani ,znaci treba nesto da se izmeni.Znaci ednata strana e nezadovolna ,drugata se slaga so toa i prifajka pregovori
ili kako sto bi se reklo na star makedonski jazik prifajka pazarenje za nesto.Definitivno dogovorot e steten za Makedonija ,na krajot od seto toa deneska koga ne priznale130 zemji pod ustavnoto ime treba pod hitno d a prestaneme so pregovorite. |
|
|
|
|
|
|
Од: vasil |
Датум: 15.12.2010 17:21:57 |
|
Резолуцијата 817. Резолуцијата е внимателно напишана и во нејзе се вели дека:[1]
* Референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia" е привремена референца и се користи сè додека спорот не се реши
* Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата.
* Терминот е за користење само во Oбединетите Nации и не е обврзувачка за било кои други организации
* Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.
Privremenata spogodba ima i pozitivni fakti. Vnimanie: Ne se razgovara za ustavnoto ime na Makedonia |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 15.12.2010 19:02:46 |
|
Samoto sednuvane na ovaa sramna masa i prifacane na pregovori za promena e chtetno za Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: krste |
Датум: 16.12.2010 00:56:08 |
|
spogodbata bila samo argument za makedonija da go meni ustavot i znameto togas,dokaz za toa e vremeto od 2008 pa navamu,a holbruk kako potpisnik,svedok ili inicijator na toa trebalo vo isto vreme da bidi i garant vo poslednive godini, no si go trgnal zadnikot na strana kako demokrat,seto ova govori kakov samo manipulator bil ovoj diplomat,za nas trcilazi. |
|
|
|
|
|
|
|
|