Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Втора страница

Поглед

Охрид сонува гости

Катица Чангова

Кога некој хотел или туристички центар во светот потфрла во услугите и заработува негативни критики од муштериите, тогаш сопствениците и менаџментот веднаш реагираат и мозгаат како да станат подобри. Главни приоритети се враќање на луѓето и секако на заработката. Сосема природна реакција кога опстанокот е доведен во прашање.

За жал, тоа што е нормално за светот, кај нас го нема. Двете последни сезони во Охрид беа „тапа“. Гостите ги извисија комерцијалните и приватните објекти, примамени од поевтините пакети и атрактивните содржини во Грција, Турција, Бугарија. Тоа не беше опомена да се стави прстот на глава и да се промисли како понатаму.

Туристичката понуда не само што не тргнува, туку назадува. Просто е зачудувачки тоа што хотелиерите од охридско-струшката ривиера се' уште не знаат дали нивните капацитети ќе се пополнат за петнаесеттина дена колку што остануваат до новогодишните празници. Цените ги истакнаа и чекаат резервации. Можеби е за верувале или не, ама рецептот за гости бил во балканскиот менталитет и одлуките во пет до дванаесет!

Невозможна ситуација. Наместо месеци однапред да се засукаат ракави и да се презентира најдоброто оти само така се вовлекува рака во џебот, Охрид уште спие и сонува туристи. Како ќе дојдат кога на маса нема ни јадење ни пиење. Зарем ќе ги привлечат со солени цени по хотелите?

Видливите осцилации во охридскиот, а со тоа и во македонскиот туризам треба еднакво да ги загрижат и да ги раздрмаат локалната и централната власт. Не поминуваат правдањата „времето не се погоди“ и „ние сме во економска криза“. Проблемите се во неорганизираноста, стихијноста и недефинираната стратегија за развој на гранка од која други земји профитираат. За доброто на сите ова мора што поскоро да се искорени.


#
Статијата е прочитана 1052 пати.

Испрати коментар

Од: cile
Датум: 15.12.2010 21:02:44
nema logika da se bara sred zime vo ohrid da vrie od turisti toa nee zimski sportski centar tuku leten sto ce pravat ludjeto vo hotelite srted zime?

Најди! во Утрински
Втора страница
„Летачкиот дипломат“ ја изгуби последната битка
Холбрук ја седна Грција на маса со Македонија
Вербатим
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census