Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Огненка Герасимовска

пијанистка

Денеска за мене е посебно убав ден, исполнет со многу активности и возбуда, бидејќи вечерва во 20 ч. во Музејот на град Скопје ќе одржам самостоен концерт во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Ги поканувам љубителите на музиката на Шуман, Чајковски и Прокофјев да дојдат и да уживаме заедно.

Блага Петреска

пејачка

Како што наближува крајот на ноември, така започнуваат понудите за снимање на телевизиските новогодишни програми. Денеска би требало да одам на шопинг да се освежам за претстојните настапи. Инаку, снаата и синот, Ана и Олег, вчера се вратија од Полска, каде што одржаа успешен концерт, па и со нив ќе ги споделам впечатоците.

Јована Стојменовиќ

ТВ-водителка во Сител

Денеска е мојот ред за водење на Утринската програма на Сител, што значи денот ми почнува многу рано. По завршувањето на емисијата, ќе се потрудам да си го надополнам сонот. Сепак, веќе работам и на сценариото на програмата на фестивалот „Роса“, што ќе се одржи во петок, на 26 ноември, а каде што сум ангажирана како водителка.


#
Најди! во Утрински
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language