Сомневањето во партнерот ќе има приоритет денес. Постојано мислите дека постои трета личност која ви го буди внатрешниот немир, па затоа не може да се фокусирате на професионалните обврски. Можеби грешите, па затоа испитајте ја природата на вашето сомневање. Во периодов ќе треба малку подобро да се покажете кај вашите соработници, бидејќи и тие ќе започнат да се сомневаат во вас. Внимавајте на нервниот систем, бидејќи е подложен на реакции.
Бик
Имате многу планови за денес, но реализацијата за повеќето од нив ќе остане за некои подобри времиња. Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметате дека темпото на позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Напротив, сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку сами не ги направите условите за тоа. Уживајте во моментите со партнерот, затоа што тоа за момент ќе ве однесе во поубав свет.
Близнаци
За вас слободата претставува најголемо задоволство. И покрај обидите на партнерот да ве задржи крај себе, вие имате потреба да побегнете и да ја сфатите реалноста со поинакви очи. На работното место ве очекува критика од вашите претпоставени, бидејќи повеќето од работите не сте успеале да ги завршите на време, па следствено на тоа ќе имате последици. Затоа, внимавајте и бидете претпазливи со професионалните задачи. Желудникот ви е сензибилната точка денес.
Рак
Проблемите никако да ве одбегнат во овој период. Тамам успеавте да решите дел од нив, пристигнаа нови. Работата ви е најголема преокупација, бидејќи сте познати како голем зависник од неа, но и приватниот живот ви е важен. Семејството ќе застане на ваша страна доколку се одлучите да донесете некаква важна одлука. Внимавајте на здравјето и не потклекнувајте на депресијата, иако сте познати како знак кој ужива да се повлече во себе.
Лав
За вас љубовта е најголем двигател во животот. Постојано сонувате за некаква романтична љубов, која само што не се случила. Меѓутоа, вие сте и повеќе од свесни дека вашиот карактер е тешко приспособлив на барањата од спротивниот пол. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања кои, за жал, партнерот не може да ви ги исполни. Рибите во периодов ќе ви ги окупираат мислите, затоа свесно впуштете се во авантурата.
Девица
Изразувањето на љубомората во однос на партнерот може да ви донесе проблеми со кои нема да успеете да излезете накрај. Внимавајте дали имате право или не, затоа што никој не сака да се оправдува за постапките ако не се чувствува виновен. За да ви се оттргнат мислите од љубовта, сконцентрирајте се на работата и на способноста на соработниците. Здравјето ви е одлично, само намалете ја малку нервозата.
Терезија
Веројатно поставеноста на планетите ви дозволува веќе подолг период да се чувствувате одлично. Сите аспекти на вашето живеење се под контрола, па немате никаква причина да се г��ижите за што било. Успешно ќе склучувате договори од кои ќе имате добра финансиска корист, а постои веројатност да ја доживеете и судбинската љубов со која наскоро би можеле да отидете еден чекор понапред и да го остварите сонот за семејство. Бидете претпазливи со исхраната.
Скорпија
Месеците на вашиот знак се полн сјај, па ѕвездите ви навестуваат убав период. Сите започнати обврски ќе ги завршите со неверојатна брзина, а потоа ќе се свртите кон нештата кои се поврзани со естетиката, убавината и љубовта. Имате доволно енергија за да и' пријдете на Водолија која постојано се труди да ви испрати сигнал дека навистина ја привлекувате. Внимавајте да не се занесете во тој однос, па да заборавите дека срцето е кршлива работа.
Стрелец
Вие сте едни од ретките кои се' сакаат да испланираат и доживеат како веќе видена приказна. Понекогаш мора да му се препуштите на задоволството и да сфат��те дека некои работи мора да се случат како голема авантура, за на нив да се сеќавате многу долго. Претставниците кои се занимаваат со интелектуална работа ќе постигнат значителен успех, додека другите ќе западнат во некаква апатија. Чувајте се од настинки и пијте повеќе витамини.
Јарец
Понекогаш имате чувство дека знаете се' и дека никој не е попаметен од вас. Можеби и во повеќето случаи сте во право, но никој не сака да биде омаловажен во ваше присуство. Обидете се да бидете малку повеќе флексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи. На емотивен план ве очекуваат убави случувања со партнерот, но внимавајте да не претерате со испрашувањата и љубомората. Здравјето оваа недела ви е одлично.
Водолија
Посакувате да бидете заведени, бидејќи ви недостига нечие внимание и љубов. Сепак, можеби треба малку да почекате, бидејќи се' што ќе ви се случува на емотивен план ќе биде само минлива авантура, за која нема да имате време, ниту да се сеќавате. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта и можеби наскоро ќе се изненадите. Внимавајте на здравјето,особено на болки во коските.
Риби
Кај вас расположението се менува од ден на ден. Кога ќе помислите дека сте во одлична состојба, ќе се случат непредвидени проблеми кои веднаш ќе ве фрлат во апатија. Мора да разберете дека проблемите им се случуваат на сите и секогаш има излез колку тоа да ви се чини невозможно на самиот старт. Посветете повеќе внимание на партнерот, кој постојано се труди да ви угоди, но внимавајте затоа што и неговото трпение е пред крај. Лесно се губат нештата, но многу тешко се враќаат во игра.