Број 3438  понеделник, 22 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3438

Мислења

Кој има корист го огромните профити

Ден Дончев

Цементарницата „Усје“ остварува огромни профити, дели големи дивиденди и отпушта работници

Завчера владата на Канада донесе одлука да го спречи реализирањето на зделката вредна 40 милијарди американски долари, недозволувајќи преземање на „Поташ корп“ од страна на австралискиот „БХП Билитон“.

Неколку месеци наназад се водеше голема битка меѓу најголемата рударска компанија во светот - австралиската „БХП Билитон“ и најголемата рударска компанија за експлоатација на суровината поташ во светот, канадската „Поташ корп“. Поташ е суровина составена од калиум хлорид што, главно, се користи како основен материјал за производство на вештачко ѓубриво во земјоделството, при што околу 95 проценти од глобалното производство на поташ се користи исклучиво за таа цел. Канадската компанија „Поташ корп“ контролира околу 25 проценти од глобалните резерви на оваа исклучително важна основна суровина. Понудата од „БХП Билитон“ до акционерите на „Поташ корп“ изнесуваше вкупно 40 милијарди американски долари, што претставуваше една од најголемите понуди во историјата за преземање рударска компанија.

Меѓутоа, се случи голем отпор од страна на разни групации и институции во Канада спрема намерата на „БХП Билитон“ да ја купи „Поташ корп“. Причините за отпорот беа различни. Синдикатот на вработените во поташ-индустријата изразија загриженост околу безбедноста на работните места. Одредени лоби-групации изразија загриженост за тоа колку „БХП Билитон“ ќе инвестира во овој сектор во иднина, па дури се разви и сеопфатна општествена дебата за степенот до кој Канада е подготвена да ги продава своите компании на странски инвеститори. Сепак, најголемата дебата се водеше околу фактот дека со продажбата на оваа компанија, значаен природен ресурс се дава во рацете на странска компанија.

Никој не спореше дека понудата од 40 милијарди долари е фер и повеќе од адекватна, имајќи ја предвид сегашната профитабилност на „Поташ корп“. Фактот дека овој значаен природен ресурс, кој го има Канада, би отишол под контрола на странски инвеститор, сепак, беше пресуден момент што ја стави владата на Канада под притисок за да се инволвира во трансакцијата и да пресече дека преку нејзините институцијални можности и да не дозволи реализација на зделката.

Не сакам и не можам да коментирам дали одлуката на канадската влада е исправна или не. Сигурно не била лесна одлука да се одбие влез на странски инвеститор од калибарот на „БХП Билитон“ со 40 милијарди долари странска инвестиција. Впрочем, 40 милијарди долари за Канада претставува три отсто од нејзиното бруто домашно производство и тоа би го постигнала со продажба на само една компанија. Тоа би било еднакво на влез на поединечен инвеститор во Македонија, кој со една трансакција би вложил 200 милиони евра.

Меѓутоа, тоа што овој пример покажува е дека одговорни држави и одговорни влади водат посебна сметка кога е во прашање продажбата на своите природни ресурси. Во случајот на Канада, тамошната влада одби понуда што спрема сите релевантни аналитичари претставувала фер вредност за компанијата „Поташ корп“. Но, владата сметала дека локалната контрола врз оваа стратегиска суровина е многу поважна за државата отколку моментните економски бенефиции што би следеле по приливот од 40 милијарди евра од странската инвестиција.

Овој пример, почитувани читатели, ми е вовед во тоа што моментно се случува во една од најпрофитабилните македонски компании, која, исто така, користи природни ресурси - Цементарница „Усје“. За приватизацијата на оваа компанија, како и за нејзината продажба од страна на вработените и менаџерскиот тим на „Титан“ од Грција сум пишувал неколку пати.

За потсетување, фактите за „Усје“ се следниве: во 1998 година „Титан“ од Грција плати 27 милиони евра кон тогашните акционери на Цементарница „Усје“ АД и се стекна со сопственост на 94,84 отсто од акциите на „Усје“. Вкупната добивка на Цементарница „Усје“ АД за 11 години (периодот од 1999 до 2009 година) изнесува најмалку 220 милиони евра; за периодот 1999 до 2009 година вкупната дивиденда исплатена кон „Титан“ од Грција од страна на „Усје“ изнесува фантастични 136 милиони евра; до крајот на 2010 година „Усје“, најверојатно, ќе исплати нова дивиденда од околу 30 милиони евра кон „Титан“, со што вкупната досегашна дивиденда исплатена кон „Титан“ ќе изнесува најмалку 160 милиони евра.

Овој абнормален профит „Усје“ го остварува експлоатирајќи македонски природни ресурси. Основен елемент за производство на цемент е варовникот. Македонија си ги дала своите природни ресурси на странска компанија, но за разлика од канадскиот „Поташ корп“, цената што странскиот инвеститор ја платил ни случајно не може да се нарече дека била фер вредност. Напротив, била една од најглупавите трансакции што воопшто настанале во историјата на Република Македонија. Ама, нели минатото не може да се промени и се' што останува е да се соочиме со последиците и да се бориме за подобра иднина.

Затоа, бев изненаден од неодамнешната посета на премиерот Никола Груевски на „Усје“. Што точно му беше целта на премиерот со оваа посета? Што сакаше да постигне?

Можеби одговорот е дека немал никаква друга цел, освен да биде сликан во работничко одело и заштитен шлем.

Пред неколку дена, во неделникот „Фокус“ излезе шокантна вест дека Цементарница „Усје“ во текот на минатата година отпуштила 180 вработени под изговор дека компанијата е во криза поради глобалната рецесија. За оние вработени што доброволно ја прифатиле понудата од „Усје“ и си заминале сами, нема што да се коментира, бидејќи сами си ја донеле одлуката. Но, од изјавите во медиумите произлегува дека има и значаен број отпуштени работници од „Усје“, кои биле отпуштени против својата волја, со закани и притисоци. Некои од тие вработени денес водат судски спорови против компанијата „Усје“. За да биде трагедијата уште поголема, а со тоа и иронијата при официјалната понуда до вработените за откуп на нивните акции од страна на грчки „Титан“ децидно било напишано дека работните места на сите акционери/вработени се гарантирани се' додека компанијата е профитабилна.

Профитот на „Усје“ во 2009 година изнесуваше 25 милиони евра. Не само што во „Усје“ немаше криза, туку споредено с�� профитот од 21 милион евра за 2008 година, фактички компанијата имаше поуспешна година. Всушност, исплатената дивиденда од 35 милиони евра кон „Титан“ во 2009 година е најголема потврда дека каква било светска рецесија воопшто не ја погодила „Усје“.

Затоа, време е премиерот повторно да оди и да ја посети „Усје“, но овој пат место да се слика во работничко одело и со заштитен шлем, цврсто да застане во заштита на отпуштените работници од оваа компанија и недвосмислено да бара почитување на тоа што било понудено до акционерите/вработените од страна на „Титан“ во 1998 година.

За жал, Република Македонија нема да може да го следи примерот на Канада во случајот со трагикомичната продажба на „Усје“. Но, најмалку што нашата Влада може денес да направи е да го врати достоинството на оние вработени што против своја волја се отпуштени од „Усје“.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1294 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec
Датум: 17.11.2010 12:31:36
Sto napravi Doncev so Telekomot. Ja prodade najuspesnata Makedonska firma vo sotojba na monopol, bez presedan vo svetskata praksa. Rezultat: Izvleceno od Makedonija blizu miljarda evra porazni osnovi,dividenti ,konsulacii i.t.n. Od togasnite vraboteni 3700 isterani se na ulica poveke od 2700. Veleizdaja i kriminal bez presedan!!!
Од: мене
Датум: 17.11.2010 12:49:51
А која влада го шитна Усле ??
Од: goko
Датум: 17.11.2010 13:25:49
Gruevski pred nekolku dena go poseti i Rade Koncar od Skopje. Znaejki deka Rade Koncar e privattiziran - citaj ukraden od edna mala grupa luge i deka toj Rade Koncar gi nema ispolneto obvrskite kon rabotnicite (plateno staz kon mnogu rabotnici) togas navistina za cudenje e taa postapka na Gruevski. Ili pak nie site mozebi premnogu ocekuvame da znae Gruevski inegovata vlada , uste poveke znaejki im ja vozrasta.
Од: До „мене“
Датум: 17.11.2010 14:13:08
Ниедна влада не го продала „Усје“,тоа беше акционерско друштво со свои акционери кои ги продадоа акциите!
Од: Mитко
Датум: 17.11.2010 16:19:12
Господине Дончев.Секоја ваша колумна е мешање баби и жаби.Што не му кажете отворено на македонскиот народ колку се офајдифте ти и другар ти Љубчо од Телекомот.
Од: verag
Датум: 17.11.2010 18:30:53
Само еден паметен коментар,ми се смачи и да читам коментри од луѓеклои никојпат не ја разбираат поентата. Дончев беше директор а не Премиер или министер па да продава компанија. А поентата е што Владата не го гледа долгорочниот интерес за државата што е чиста вистина.
Од: dragan
Датум: 17.11.2010 19:46:32
nekoj zemji(i narodi )se osudeni na propast,i pokraj toa sto mislat deka se najpametni.Sekoj narod dobiva lideri kakvi sto zasluzuva!

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Тамара Грнчароска
Мислења
Ивор Мицковски
Меридијани
Изабел Ортиз

Отворен фронт меѓу Карлеуша и Цеца

Детски „Евросонг“
Победник - Ерменија, Ања Ветерова на 12. место

 


Croatia drums up public support for EU bid
Riot police keep Bulgarian town on Unesco heritage list
Grassroots project boosts Roma rights in Hungary