Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма
Собранието се крева на нозе

Милан Стрезоски

Во минатото многу активно ги следев седниците на Собранието на Република Македонија, односно во периодот до 2002 година. Тогаш имаше добри дебати, содржински дебати меѓу власта и опозицијата. Тогаш нападите на опозицијата беа силни, а власта неможно се бранеше. Оттогаш, па досега многу малку ги следев преносите на собраниските седници. Собранието до 2008 година беше театар каде што секојдневно можеше да се види некој спектакл, па затоа не сакав да ги гледам седниците. Потоа од 2008 година до денес Собранието целосно ја изгуби својата улога. Се претвори во гласачка машина на владејачкото мнозинство што ниту ги читаше законите ниту, пак, дебатираше за нив, туку само ги гласаше. Со еден збор, Собранието не беше повеќе интересно. Некои велеа дека опозицијата никаде ја немало да дебатира, па потоа истите тие ја обвинуваа дека таа ги кочи реформите со предлагањето стотици амандмани на некој закон. Опозицијата предлагаше и дебатираше, ама сама со себе. Сама си реплицираше, сама си предлагаше, а од другата страна немаше абер.

Денес можам со сигурност да кажам дека улогата на Собранието полека се враќа, дека во него повторно се враќаат дебатите, дека се враќа духот на Собранието. Ова морам да кажам дека не е благодарение на власта, туку на опозицијата. За жал, власта и натаму си седи пасивно во Собранието, но опозицијата сериозно го крена Собранието на нозе и полека го врати неговиот дух.

Зошто го велам ова? Пред неколку дена можев преку медиумите да видам дека опозициските пратеници во Собранието седеле со маички на кои пишувало „Доста е! Сакаме избори!“ Искрено, откако го слушнав ова со нетрпение ја чекав новата седница на Собранието за да го видам тоа. Отпрвин мислев дека е нешто лошо и оти со тоа само ќе си наштетиме како држава, но сум се лажел. Напротив, многу добро изгледаат пратениците на опозицијата во тие жолти маички. Со тоа мене лично ме натераа да останам и повторно да ги следам седниците на Собранието. Очекував дека опозицијата ќе навредува или критикува, но и за тоа се излажав. Наместо моите очекување видов умерена дебата и издржани и аргументирани критики. Критики што им се добро познати и на граѓаните и за кои разговараат со сите роднини и пријатели.

Она што, исто така, може сега да се забележи е тоа дека кај опозицијата се' повеќе се гледа увереноста во својата победа. Искрено и јас не верувам многу во тоа дека е можно опозицијата сега да победи, но со митинзите, а особено со протестниот марш се уверив во нејзината моќност. Јас мислев дека опозицијата бара избори само како политички трик за да придобие поддршка и да ја загреа атмосферата во своите редови, но по она минатата недела уверен сум дека не само што бара избори, туку и ќе ги добие тие избори. Исто така, не само што ја загреа атмосферата во своите редови, туку ја загреа и кај мене. Мене лично не ми беше сеедно кога три часа гледав од мојата тераса како река луѓе гордо чекорат по Скопје. Дури во еден момент помислив дека колоната нема крај. Затоа што од мојата тераса не можев да видам каде завршува колоната и ја почувствував победничка атмосфера што беше присутна во колоната луѓе на „Партизанска“. Токму затоа верувам дека опозицијата не блефира кога бара избори, туку дека народот со својата поддршка и' ја дава таа можност да бара избори. Дека опозицијата има поддршка од народот се гледа и во изјавите на премиерот дека по „Партизанска“ оделе осум илјади луѓе. Јас лично ги поканувам сите оние што не веруваат колкава била колоната на луѓето што одеа низ Скопје да дојдат кај мене на гости и јас заедно со моите соседи да им објасниме како три часа изгледаа улиците низ главниот град.

#
Статијата е прочитана 751 пати.

Испрати коментар

Од: Regan
Датум: 14.12.2010 13:20:42
На која адреса да Ти дојдеме на гости и да ги броиме присутните на маршот?
Од: deli
Датум: 14.12.2010 13:21:52
Pretpostavuvam, deka vo USTAVOT na RM e jasno definirano, koga i na kakov način može da se raspišat predvremeni izbori.
Од: Pavel
Датум: 14.12.2010 14:38:38
Za zal, lisjata najprvin pozoltuvaat, a potoa pagaat na zemja. Za zal, sramota e sto klovnovi ni se uselija vo parlamentot.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.12.2010 20:15:33
Г-дине Стрезовски некако многу сам себе се прелажувате па и јас со еден пример ви ги дополнам ваквите работи.Нее само патент на власта да собранието денес да е гласачка машина и вашите се ептен познати по тоа.Пример е со законот за стечајци кога преседателот а сегашен лидер него потпиша и го врати во собраниска процедура,вашите кротко го извадија за навек од дневен ред тој закон.
Од: Трпе
Датум: 14.12.2010 20:55:11
Жолтата боја покажува созреаност.Време,созреани сме за нови избори.Но лошо е кога зеленото се маскира со портокалова боја.Некој кој не е способен да води држава се скрива позади маска.За жал тоа се нашите дпмне-овци.
Од: професорка
Датум: 14.12.2010 21:44:39
А трта ДПМНЕ-овчиња. Ве разобличија во лагите. Држи, држи не се додржува. Крстете се во лажните анкети. Па Главниот ги знае дека се нарачани и затоа му иде студ по кичмата. А и на сите Вас што не отрувте од вашиот квазипатриотизам, а ќаривте колку да сте освоиле до Индија.

Најди! во Утрински
Писма
За Курто, Мурто и Влатко
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency