Што прават денеска
Есма
пејачка
Вчера се вратив од еден настап во странство, малку се одморив и денеска одам за Куманово, каде што треба да ми ги работат костимите за мојата улога во филмот „Баба Илонка“, што ќе се снима во хрватско-македонско-австриска копродукција. Снимањето започнува на 17 декември, прво во Македонија, а потоа и на локации во Хрватска.
Сашко Коцев
актер
Ова е ден што ми е речиси до минута исполнет со обврски. Во 11 ч. имам прес-конференција и проба за претставата „Темпирана опера“ во МНТ, чија премиера ја подготвуваме на 18 декември. Потоа патувам за Кочани, каде што учествувам во кампањата за сексуална едукација на младите. Вечер, од 20 ч. играм во „Буре барут“ на сцената на МНТ, па од 23. ч. генерална проба на „Темпирана опера“.
Зоран Џорлев
дир. на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“
Утрото е вообичаено (иако постудено) со развозување на семејството на нивните дневни обврски. Потоа се посветувам на обврските во училиштето, каде што во тек се, покрај наставата, и подготовките за новогодишните концерти. Вечерта, пак, работам на еден мој нов проект, ЦД со новогодишни и божикни песни. |