|
|
|
|
|
|
Универзитетот „Св. апостол Павле“ работи на диво
Десетмина професори, сите редум од странство, „покриваат“ пет факултети
Билјана Јовановска
Државниот универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ во Охрид, веќе трета учебна година работи без акредитација. Фактот дека најмладиот државен универзитет се' уште функционира на диво, без потребното одобрение од Одборот за акредитација, потврдува дека тој ни од далеку не ги исполнува елементарните услови за постоење. Парадоксално, но е формиран од Собранието на 27 јули 2008 година и го сочинуваат пет факултети, колку што е неопходниот минимум за создавање универзитет. Малото универзитетско семејство е составено од факултети со бомбастични називи - за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, за машинска интелигенција и роботика и за информациони системи и анализи, но професорските имиња буквално може да се пребројат на прсти. Според бројот на професорите, вкупно десет, тој без конкуренција може да се вброи во книгите од типот „верувале или не“.
Дали при запишување на факултет некој на студентите им кажал дека овој универзитет нема акредитација и со самото тоа тие студираат на нелегален универзитет, не дознавме, но студирањето таму чини. Ништо не е бесплатно. Точно е дека новосоздадениот Охридски универзитет е во постојан дефицит со студенти, меѓутоа, без оглед на бројките, тие академци се во заблуда. Можно е и многу да не се распрашувале при уписот, верувајќи дека доволна гаранција е тоа што „Св. апостол Павле“ е државен универзитет.
А професорскиот кадар, без малку сиот е од увоз - од Јужна Африка, Филипини, Франција, Велика Британија, Тунис, Иран, Италија и Романија. Проф. Аурора Рана од Филипини, на пример, докторирала на менаџмент во образованието, проф. Рубин Зенон од Македонија на етнологија, проф. Георг Митревски од САД – руски, славистика, а Мејту Ејџер од Велика Британија лани докторирал применета математика, а сите работат на Универзитет за информатички науки и технологии. Колку се тие квалификувани за да ги покриваат сите предмети што ги предаваат е посебна прикаска, но сето тоа е многу далеку од почитување на актуелниот Закон за високо образование. За формирање факултет е неопходен минимум од петмина професори, а во случајот на овој Универзитет значи дека за непречен почеток со работа морале да имаат барем 25 професори.
Како и четирите други државни универзитети, и охридскиот се финансира од буџетот, но, тврдат, платите што ги примаат професорите, главно, ја достигнуваат цифрата од 50.000-60.000 долари на годишно ниво, што е за осум пати поголем износ од примањата на домашните кадри. Познавачите велат дека ниту еден јавен универзитет не може да егзистира со такви девизни договори, но, без оглед на референците што ги имаат или ги немаат, прашање е кој би се потегнал да работи во Охрид ако нема дебели примања.
Охридскиот „Св. апостол Павле“ воопшто го нема на официјалниот сајт на Министерството за образование, каде што се наброени акредитираните универзитети. Според портпаролот на Министерството, Горан Галевски, „универзитетот има решение за почнување со работа, а бидејќи е сменето името, акредитацијата е во постапка“. Меѓутоа, петтиот државен универзитет освен со професорски кадар, маки мачи и со просторот, па една од причините што немаат употребна дозвола е и фактот дека тие работат во Домот на АРМ, кој не ги исполнува условите за ваква институција. |
#
|
Статијата е прочитана 1571 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mn |
Датум: 06.12.2010 12:10:51 |
|
Sto, zar samo pet univerziteti ima vo Makedonija? Jas mislev deka gi ima 15-tina. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 06.12.2010 12:28:40 |
|
Секој чекор кој ке го направи ова пропагандна блада е погрешен.За се што ке се нафати оплескува.Дали е од незнаење или само интерес за профит и нивните лепачи на плакати да се стекнат со некои нејквалитетни дипломи.Важно е да е диплома.Се фалат со увезени професорски кадар а не кажуватѕ од кое ниво се овие млади професори дали и тие се со квалитет како и бладините службеници.Каде им се тие ветени звучни имиња и тоа се се професори по математика и физика а не по ИТ.Информатичарите стекнати со дипломи на чесен начин сакат да ги прават како шивачи. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pavel |
Датум: 06.12.2010 12:59:41 |
|
Вистинското прашање е дали Одборот за акредитација има поголеми ингеренции од Собранието на Република Македонија? Собранието го основала университетот, а Владата на РМ, го одобрила буџетот за университетот непопречувано да функционира. Дали навистина сега му треба и дополнителна дозвола од Одборот? Всушност и решение постои за работа, но било потребно да се добие ново решение заради промената на името на университетот! Тогаш зошто од ништо правиме проблеми? Малоречанскиот университет со сила сакаше да стане државен университет. И за големо чудо стана. Се прашувам, каде беше новинарката тогаш и зошто и сега молчи за овој университет и за многу други кои изникнаа во македонија како печурки. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Aristid praveden |
Датум: 06.12.2010 14:20:47 |
|
Зошто да не ,денеска секој може да отвори универзитет и факултет и може само да штанцува дипломи. на никого не му е станало до знаење, стручност и способност., важно е да има диполома. |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 06.12.2010 16:34:19 |
|
A sto raboti na pitomo vo drzavava????????Odnadvor mazno, vnatre.......... |
|
|
|
|
|
|
Од: joleski |
Датум: 06.12.2010 23:22:40 |
|
hahahha, neverojatno nesto kolku gluposti i na edno mesto. Ajde da pocneme od krajot i da pravime sporedba so UKIM (naseto "najdobro"). Prostorijata bila poranesniot dom na ARM koj ne ispolnuval uslovi. Vaka znaci, domot na ARM vo sporedba so prosecen fakultet na UKIM e kako hilton sprema odmoraliste "mladost" vo tunguzija. Gi nadminuva uslovite za vakov tip na ustanova. Vtoro kadrite bile preplateni i neobrazovani. Ne znam za prvoto, pa ni za votroto, ama mozam da tvrdam deka na toj fakultet nesto se slucuva. Znaci lugjeto se angaziraat da napravat nesto. Od najgolem broj na fakultetite na UKIM nema izlezeno nisto korisno od nivnoto sozdavanje. Komunistickiot kadar e pustil korenja tamu i recisi i da nema nikakov prosperitet i interes nesto da se napravi. Sto se odnesuva do primanjata se somnevam deka se 8 pati pogolemi, bidejki togas matematikata bi bila deka profesor od UKIM zema 50000$=37000e 37000e/8=4625evra, sto bi bilo nesto pomalku od 400 evra mescno, sto ne e bas logicno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Климент |
Датум: 06.12.2010 23:24:44 |
|
Јас сум студент во овој универзитет, и тврдам дека оваа статија нема појма. Како прво, одете видете ги условите каде учат правниците, машинците, електрашите во Скопје. Кога дојдоја и видоа моите другари како е кај нас, буквално паднаа на газ. Второ, за разлика од секој факултет во Македонија, можам да кажам дека само кај нас нема нит мито нит корупција, професорите се доста стручни и се на располагање 24 7. Ете зошто земаат по 60000 долари. И исправка, втора генерација е во тек, а веке постигнавме многу, изградивме супер компјутер. Така да нека авторката нема блага веза што зборува. Изгледа никогаш не била кај нас. А, и сликата е стара. Дојдете и уверете се!!! Бонус: имаме студенти од Гана, Грузија, Монголија, Камерун, Танзанија,Молдавија,Албанија. |
|
|
|
|
|
|
Од: До Павел |
Датум: 07.12.2010 07:49:12 |
|
Ептен си ги измешал работите!Не си го ни разбрал текстот!Државата може да донесе одлука за основање,но не и да процени дали условите за работа се исполнети.Затоа служи одборот за акредитација: |
|
|
|
|
|
|
|
|