Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и на практичните способности. Во фаза сте на деловен успех. Иако се обидувате да се согласите со Водолија, Девицата ви е добитната комбинација. Единствено таа може да ве смири со своето здраво резонирање. Се тешите и меѓусебно си помагате.



Бик

Што направивте, направивте. Морате да застанете и да размислите за следните чекори. Доколку брзоплето тргнете во акција, ќе имате повеќе штета отколку корист. На емотивен план стагнацијата е нормален редослед на случувањата. Не може секогаш да ви биде мед и млеко.



Близнаци

Бидејќи само во мир можете да остварите некои планови, никој не ви забранува да се изолирате. Доколку околината почне да ви досадува, настојувајте да и дадете до знаење дека ви пречи да го зачувате личниот интегритет. Што повеќе им се давате на семејството и на пријателите, толку тие стануваат побезобразни.



Рак

Нека не ве чудат љубовните афери. Пречувствителни сте на удари отстрана, неспособни сте да увидите дека имате степен на одговорност. Не ги обвинувајте другите за сопствените неуспеси. Размислете за тоа колку самите сте одговорни за нив. Најлесно е да ја префрлите одговорноста на некој друг.



Лав

Занимавањето со работа и со спорт ви помага одлично да се чувствувате. Стрелецот е личност на која можете целосно да се потпрете. Се наоѓате пред одлична деловна соработка, емотивна хармонија, па надевајте се и на нешто посериозно. Оваа комбинација е идеална за создавање семејство.



Девица

Конечно период на смирување. Имаше врева и несогласувања со партнерот и тоа поради трета личност, некој што се меша во вашата приватност, но на маките им дојде крај. Бидејќи тензијата исчезна, релаксирањето многу ви годи, па смирени сте не само кога станува збор за работата туку и околу саканата личност.



Терезија

Пред вас е одличен ден. Пријателите се обидуваат да ви го расипат расположението, но бидејќи сте зајакнати, тоа нема да им успее. Партнерот е подготвен да помогне во решавањето на заедничките проблеми, но вие сте галантни, нескромни. Премногу размислувате за пари.



Скорпија

Лавот се обидува да ве исфрли од колосек, но вие не се давате. Некоја личност не може да претпостави колку сте жилави и отпорни. Можни се вознемирувачки искуства поврзани со семејството, бидете подготвени на таа варијанта. Денот не е поволен за нови почетоци.



Стрелец

Ако сте нервозни и ако не можете да се контролирате, мора да знаете дека една од причините е премореноста. Обидете се работата да ја сведете на минимум во мир, со книга или со компјутер. Веќе постигнавте многу нешта, краток одмор нема да ви штети. Лавот очекува нешто од вас.



Јарец

Разменувате идеи со личности од женски пол. Ви се укажува одлична можност за патување, а бидејќи сте материјалистички ориентирани, калкулирате како да профитирате од таа ситуација. Ќе успеете, не нервирајте се, инвестирате во погрешни личности и нешта. Нервозата е последица на претерана работа.



Водолија

Бидејќи склоноста кон насилство е зголемена, било да сте нападнати или да напаѓате, добро промислете пред да дојде до конечните случувања. Избегнувајте присила. Тоа што не се плашите, не значи дека може да издржите. Пожелно е ден-два да бидете внимателни.



Риби

Навестувања на случувања во областа спрема која сте најчувствителни -љубовта, децата, но и решавањето на финансиските прашања. Партнерот ви носи подарок и по којзнае кој пат ве убедува во исправноста на своите постапки. Не бидете злопамтило, простете му. Изненадете го.


#
Најди! во Утрински
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links