Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Судство под пресија

Гордана Дувњак

Го допре ли македонското судство дното? Или македонските делители на правдата допрва ги чекаат уште потешки денови.

Тажно и жално е она што се случува во судовите. И да биде парадоксот уште поголем, никогаш третата власт не била поотворена за јавноста. Немало толку многу ветувања за подобрување на нивните услови за работа, за изградба на нови згради, за набавка на компјутери. Немале порешен статус со високи плати и уставно загарантиран доживотен мандат. А, никогаш повеќе судиите не биле толку многу замолчени. Изложени на притисок и на силни влијанија од најразлични страни. Несигурни за својата иднина и исплашени од разрешувања.

Нема попоразително за една држава кога судиите и сами не веруваат во правото и правната држава. Кога се сомневаат во капацитетите и стручноста на своите колеги, а уште повеќе во нивната отпорност. Кога се плашат од самоцензурата што може да се јави во главата на некој од оние со кои заедно положиле судска заклетва. А, уште повеќе во подводливоста на носителите на судската тога, кои поради нечие телефонско јавување, закана или ветување за брзо напредување, лесно забораваат на Уставот и на словото на законите. Што му останува тогаш на обичниот човек, кој ќе тргне по судските лавиринти и во потрага по правдата?

Тројца судии избраа јавно да говорат и да бараат сојузништво во медиумите, жалејќи се на притисоците и на пресијата направена од извршната власт. Уставниот судија Трендафил Ивановски бараше јавност дури и тогаш кога управните судии одлучуваа околу тоа дали бил кодош или репресирано лице. Апелационата судијка Виолета Дума без пардон проговори за неправдата што и' ја прави најмоќниот пар на правосудството од позиција на министер за правда. Брачните другари Филимена и Михајло Маневски ја добија војната против неа пред македонските надлежни органи, но нејзина следна етапа е Судот во Стразбур. Ќе се утврдува и одговорноста на претседателот на скопска Апелација, Јордан Митриновски, и на неговиот колега Исмаил Лимани околу замената на притворот со куќен притвор за тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Раководителот на најголемиот жалбен суд во државата, кој своевремено беше повикан на рапорт лично кај премиерот, неколку дена жестоко се спротивставуваше на тврдењата дека донел погрешена одлука. Фрлаше чифтиња и со полна уста се бранеше дека незаконитоста и нестручноста се на друга страна, уверуваше дека е кривичар со углед и морал. За потоа самиот да излиже се' што рекол на сметка на Врховен суд и со свиткан опаш, да се јавува кај сите медиумите и да им кажува дека највисокиот суд донел законита одлука. Има ли поголем срам за оној што само еден-два дена пред тоа фрлал и дрвја и камења за туѓите грешки? Уште повеќе кога и експертите ќе застанат на негова страна и ќе тврдат дека постапил според законите. Поголемо морално уништување ниту имало ниту ќе има! Човек да се запраша ако судии, кои треба да бидат главен столб на една земја во заштитата на правата и слободите, немаат сила да опстојат на законитоста, што останува за другите? Каде оди оваа држава!

Но, дали е ова чудно? Состојбите се загрижувачки и депримирачки, но претставуваат само логична последица на она што се случува со третата власт со години. Што да се очекува друго кога во извештајот за напредокот на државата во ЕУ децидно ќе ви напишат дека извршната власт директно се меша во судската. А, кога еснафското здружение, наместо да ги брани интересите на судиите, самото ќе побрза да ја негира анкетата на ОБСЕ и ќе тврди дека нема притисоци.


#
Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.12.2010 12:40:25
Таман се понадева опозицијата да дотичниот судија го прикажат како големо маченик на сопствената правдољубивост,дотичниот призна да оние кој немаа појма од пра��о биле во право кога ја укинале пресудата.А имаа план да го носат по митинзи,организирање трибина кај независниот смоки медиум каде ќе се разобличуваше власта.Одбрана иста како и кај сопственикот на самоникнатата марихуана на нивата со кромпир.
Од: Професорка
Датум: 16.12.2010 14:02:11
И тебе Феликсу, голем демократу и патриоту, те радува што имаме клима како под Сталин, каде луѓето мораа сами да си потпишуваат смртни пресуди и да се покајат за “стореното“. Мене ме лазат трпки по грбот. Денес овој кутар судија, утре јас, а може и ти....
Од: Cvete
Датум: 16.12.2010 14:34:30
Sudstvoto go dopre dnoto. Vrati dokazan kriminalec vo zatvor. Ma sto vie vam
Од: P.
Датум: 16.12.2010 15:11:51
Анализата е одлична. Описна за состојбите во судств ото. Но, има и други показатели кои укажуваат на причините за таквите состојби. На пример, во Врховниот суд со години е запоставена судската практика. Не се издаваат ниту билтени ниту збирки на карактеристични судски одлуки. Пониските судови го следат овој пример на највисокиот суд. Судиите подолго време се препуштени на самите себеси. Нивните штури и главно неписмено изработени одлуки се добар индикатор за нивнаата работа. Се гледа дека талкаат во правото. Особено во примената на прописите. Судиите како редовно да забораваат да ги погледнат прописите пред секоја нивна примена. Во толкувањето на прописите врз кои ја засновуваат својата одлука најмалку се задржуваат. Не одговараат на бројните жалбени наводи на граѓаните со што оправдано го распалуваат нивното незадоволство. Прецедентното право кое веќе чука и на нашите судски порти преку одлуките на Европскиот суд, сепак не го подига на неопходно повисоко ниво вниманието на судиите. З
Од: karokan "gambit"
Датум: 16.12.2010 15:12:39
Taka e g-dine Felix,kako sto si napisal i kako sto vo vrska so toa razmisluvas.I fakticki tuka lezi problemot na sudstvoto.Skoro i da nema pogolem argument za krahot na sudstvoto od tvojot komentar.Jas voopsto ne bi baral.Ednostavno na tacna ce go iznesam tvojot komentar i rabotata e zavrsena.Zaklucokot e nepobiten-sudstvoto e vo kolaps.Spored zborovite sto gi upotrebuvas,se nadevam deka i vo original ce ja razberes pogovorkata:"Cime se pametan stidi,toga se budala ponosi" (Vo razgovoren stil: Na sto ti se raduvas,toa mene me plasi)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: баба Бота
Датум: 16.12.2010 15:14:16
Ако глупоста се мери со камења, тогаш овој Феликс е кинески ѕид.
Од: neviden sram
Датум: 16.12.2010 17:47:56
Sekoja vlast se obiduva da vrsi pritisok vrz sudstvoto, no dali kje uspee ili ne zavisi od samite sudii, prvenstveno opd nivnoto Zdruzenie.Za zal, zdruzenieto na sudiite nikade go nema, osobeno koga na celo dohdoja lica koi na ovie funkcii dojdoja so pomos na segasnata vlast.Pozelno e pretsedatelot na zdruzenieto da go procite Statutot na istoto i na dneven red da postavi tocka koja se odnesuva za zastita na pravata na sudiite i sudstvoto vo celina. Ama i tie prifatija da si molcat, nekakpo poudobno im e taka.Do koga?????
Од: Objektivno gledanje
Датум: 16.12.2010 21:21:03
Tocno e deka sudstvoto raboti po diktat na politikata/partiite, no, toa e samo ednata strana na problemot. Mozebi uste pogolem problem e spregata me]u korumpiranite sudii i korumpiranite advokati! Toa e uste pomasovna pojava i pogolemo zlo za obicniot covek, koj e nemocen da se bori so teskite nepravdi.
Од: bezanec
Датум: 16.12.2010 22:18:42
По самиот израз на пишување,Феликс, може да се категоризира дека е затворен во гето,без да мисли со сопствена глава,што ја носи на своите не должни рамиња.

Најди! во Утрински
Едиторијал
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census