Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Втора страница

Талер: Берлин и Париз ќе побараат попустливост од Грција

Блокирањето на евроинтеграцијата на Македонија е клучен дестабилизирачки фактор на Балканот, изјави вчера известувачот за Македонија во Европскиот парламент Зоран Талер на дебатата во Скопје. Според него, одложувањето на одлуката за преговори со Македонија од самит на самит веќе нема смисла.

„Процесот на решавање на спорот за името во ОН е в ред, но проблемот е што тоа не дава резултати“, изјави Талер, додавајќи дека цената ја плаќа Македонија, па затоа се очекува од неа да игра поактивна улога. „Потребно ни е решение што ќе го зачува образот и на двете страни“, рече тој, истакнувајќи дека најверојатно медијаторот Метју Нимиц, сепак, ќе дојде во Брисел.

Еврокомесарот Штефан Филе ќе остане во контакт со него повеќе од Оли Рен, а Берлин и Париз ќе ја повикаат Грција да биде солидарна кон регионот како што се тие кон неа. Одговорноста за регионалниот мир, посочи Талер, не е само на Македонија, туку и на сите земји од Балканот, особено земјите- членки, па ги повика сите заедно, пред се', Грција да развијат меѓусебна култура на разбирање место да настапуваат себично да се стават во туѓа кожа. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 775 пати.

Испрати коментар

Од: borce
Датум: 16.04.2010 03:02:52
Ova so imeto e zalno chto se slucuva zato chto imeto ,nacijata i jazikot ne ni go dala ni grcija ni Evropa.taka da nema chto da se bara od grcija popuslivost ni ni dala nechto ni moze da ni zeme.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 09:54:11
Како прво пречи должината на текстот,ептен е кратко и штуро коментирањето на докаж��ниот пријател на земјава.Вероватно што критиката е поголема кон соседот отколку кон нас.Брисел ако е искрен во она што го заговара нека направи нешто како Охридскиот договор,на маса нека ги седнат двете страни кој ќе се договорат за името,но сите и страните во спорот и Бриселските олеснувачи да писмено гарантираат само за името и ништо друго,ни идентитет,јазик, устав и се друго што не прави тоа што сме да не се менува.Кој сака да не признае под ново име добро,кој сака под нашето уставно име и тоа е добро,значи право на избор.

Најди! во Утрински
Втора страница
Се бара смена на Наумовски
Вербатим
Атина негира дека ќе има средба со Нимиц
Лекцијата е научена