Што прават денеска
Трајче Георгиевски
актер
Утрово од 10 часот во дневниот распоред ми е синхронизацијата на цртани филмови. Штом завршам таму, ја земам ќерка ми од градинка, па попладнето и' го посветувам неа. Вечер во МНТ играм во веќе не знам која по ред изведба на „Буре барут“. И по претставата, повторно се чуваме со ќерка ми.
Ана Зафировска
ТВ-водителка
Започнавме со есенската сезона на емисијата „МК проект“. Денеска сум во монтажа и ја подготвувам новата емисија, која ќе се емитува в недела од 20 часот на ТВ Телма. Главниот лик во идната емисија е фоторепортерот со кариера од „Њујорк тајмс“, Марко Георгиевски.
Ненад Стевановиќ
менаџер во „Елипса“
Денес нашата специјализирана продавница за хај-тек производи, спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, ја опремуваме со нова спортска, планинарска и воено-тактичка софистицирана опрема, со врвен квалитет. Она малку време што преостанува го минувам со најблиските и со пријателите во релаксирана атмосфера. |