Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Едиторијал

Едиторијал

Бугарски пасош за „европски рај“

Тамара Грнчароска

Европа на мала врата пак се алармира за можна инвазија на работна сила од Источна Европа овојпат олицетворена во имигранти од Западен Балкан. За разлика од „водоводџиите од Полска“, кои ја преминаа европската граница откако нивната држава стана членка на ЕУ, балканските емигранти, според некои европски медиуми, границата ќе ја поминат затскриени зад двојното државјанство од некоја од земјите од регионот кои веќе е членки на Унијата.

Алармот на европската ксенофобичност пред неколку дена го притисна француски „Фигаро“, кој изнесува фрапантни податоци за баратели на двојно државјанство во регионот. Како најбарани пасоши од жителите на Балканот на тапет, според она што го тврди весникот , се најдоа пасошите на Унгарија и на Бугарија, додека Македонците според нив се едни од најжелните за второ државјанство, и тоа за бугарското. Весникот изнесува фрапантни цифри за тоа колку македонски државјани побарале резервна татковина во нашиот источен сосед, изразувајќи с�� во „десетици илјади“ во изминатите години. Иако по прашањето за Унгарија се изнесуваат најнови статистички податоци за бројот на поднесени барања добивање нејзин пасош, за Бугарија се изнесуваат податоци со кои во основа се актуелизираат старите бројки со кои со години наназад оперира официјална Софија.

Додека за Унгарија за знае дека само во јануари оваа година се поднесени 4.000 барања за пасоши, со предвидување на властите во Будимпешта дека таа бројка до крајот на годината ќе се искачи на 250.000, за Бугарија се вртат старите податоци, како на пример дека само во 2004 година за бугарски пасош аплицирале 40.000 Македонци. Од илјадниците барања од 2001 година до денес Бугарија одобрила 20.000 државјанства.

Податокот, иако не е нов и никогаш официјално потврден од македонските власти, повторно ставен на хартија, звучи фрапантно и поразително за македонската држава и за нејзините граѓани. А токму тивкиот одговор кој повеќе наликува на молк од македонските власти за бројките со кои се расфрла Бугарија за припадници на бугарската етничка заедница во Македонија, уште повеќе им дава тежина на ваквите информации.

Втора работа која произлегува од текстот на „Фигаро“ и од она што го пренесуваат „Новините“ е дека бугарските или унгарските пасоши се бараат поради галопирачката сиромаштија која го притиска регионот. Потрагата по подобра егзистенција ги прави резервните пасоши од некоја држава од ЕУ исплатлива инвестиција кога ќе се дојде до емигрантските власти во некоја од европските држави, но тоа истовремено е пораз за економската политика на балканските држави. Неуспехот за социјално јакнење на положбата на граѓаните е првиот предуслов за барање излез во поседување „туѓ“ пасош. Во тој контекст „Фигаро“ прецизно ја отсликува добрата волја на Софија за лесно делење бугарски пасоши на Македонци. Процедурата која ја предвидува Бугарија им овозможува на сите Македонци со словенско потекло да аплицираат за бугарски пасош.

И доколку ваквите текстови на европските медиуми можат да ја растревожат нивната јавност од можен нов бран на „водоинсталатери и берачи на јагоди од исток“, истите треба да ја растревожат и нашата јавност, а пред се државна политика од се поголем бран на иселување од Македонија под превезот на двојните државјанства. Ако не не алармираше анкетата во која над 60 проценти од средношколците изразиле желба да ја напуштат Македонија, тогаш дефинитивно треба да се запали црвеното светло кога и средната старосна популација со втор пасош бара начини да замине од „македонскиот рај“.


#
Статијата е прочитана 2577 пати.

Испрати коментар

Од: kocancanec
Датум: 25.01.2011 12:12:49
Epa ako ne bea tie bugarski pasosi vo makedonija ke imase uste edna vojna ... gledam vie skopjani mn fabriki otvorivte vo istocna makedonija pa nema da vadat bugarski i grcki ke pocnat da vadat nema spomenici da jadat
Од: pero magacinero
Датум: 25.01.2011 12:30:30
edni ke se iselat a drugi ke pristigna vo makedonija,ete citame deka grcki penzioneri veke se naseluvale vo gevgelija,a nee cudno okulu 200 iljadi kosovci da ni dojda vo makedonija koi se zdobile so makedonsko drzavjanstvo za vremeto na gligorov a potoa na lupco
Од: бугарче
Датум: 25.01.2011 13:33:10
"им овозможува на сите Македонци со словенско потекло да аплицираат за бугарски пасош" а што ќе праваат сите Македонци со античко потекло - дали нема пасоши и за античкиот свет
Од: ilija
Датум: 25.01.2011 13:35:55
se poveke i poveke makedonci apliciraat i dobivaat bugarski pasosi i toe e proces sto niedna vlast vo fyrom ne moze da go zapre zatoa sto bugarija e evropska drzava sto se grizi za svoite gragjani a fyrom e drzava sto se grizi edinstveno za antickite makedonci pa zatoa i fyrom ke si ostane vo bliska idnina istoriska drzava na istoriskite anticki egejci
Од: Давор
Датум: 25.01.2011 13:46:33
На оваа тема во вчерашното издание на Утрински се искажаа и повеќе читатели, некои укажувајќи токму на неповолните реперкусии за државава од заминувањето на, главно, интелектуалниот потенцијал во странство. Пасошот БГ, не се зема заради љубов кон Бугарија, која економски гледано, не е ниту за влакно поасолна од Македонија. И врапците знаат дека таа не влезе во авропското семејство пред нас поради нејзиниот квалитетен демократски или економски статус, туку главно од интересот на Европа кон нејзината стратешка позиција. Софија ги пумпа состојбите со пасошите и наводно огомниот број Македонци кои ,,трчаат,, по бугарско државјанство, одродувајќи се за да му се вратат на ,,бугарскиот,, корен на нивните претци. Барањето бугарски пасош е чиста математика и економски мотивирана.
Од: zapadev
Датум: 25.01.2011 13:52:33
za crveno svetlo na vladata od ova opasnost gi zabole vmro no isto bese i si sds dvete partii nemat strategija za nevrabotenost,vlez vo eu i socijalna programa...no ludje ne barat bug pasos za eu bidejci nemozat so toj pasos da ziveat vo eu no i nemaq rabota vo eu za nivni a ne pa za tudjinci...no slusam makedoncite so bug pasos se naseluvat masovno vo bug kade vednas naodjat rabota preku noc nesto sto e nezamislivo vo maked...veruvajte i jas toa bi go napravil veruvajte podobro vo bug blizok narod sme ne sfacat kako svoi a tuka na zapad i posle 50god si tudjinec i nikoj netesaka...veruvajte bug e vo eu sekoja god ce odi nagoru ce se doblizuva do ekonom na eu mak se nadolu znaci vo idina ako mak ne vleze vo eu prirodno koga eu standard ce im bide do g.... jasno ce se iseluvat vo bug sto samo posebe moze da znaci raspadjanje na mak od prosta pricina sto ce bideme malcinstvo vo mak a od druga str vo mak site javni ustanovi recisi i ne vraboruvat makedonci a na 100km gi ceka rabota zivot
Од: anoimen
Датум: 25.01.2011 13:52:43
Bugaski pasosi imaat onie delovi na makedonija kade ne se investira i kade ima najgolema sitomadstija, toa e istocniot del i centralniot del na makedonija, ocigledno politicarite osven Skopje ne se zamaart so drugoite delovi na makedoonija, pa ovaa masa na narod e prinudena da si bara ezistencija so spored mene se za opvaduvanje, koga ke izlezat so tocni podatoci koolku bugari imame vo makedonija duri togas politicarite ke se osvestat ama ke bide kasno, ke bideme malcinsvo Makedoncite vo sopstevanata drzava.
Од: dilan
Датум: 25.01.2011 14:20:42
Letoska bev do CH pa na Bregana so MK pasosh osetiv sto znaci da si nepozelen kaj dovcerasnite braka slovenci dodeka drugarite so BG pasos pominaa kako carevi ostanatite bevme tretirani kako pakistanci!!!!!!na granica se gleda kolku se ceni drzavata ni
Од: SOBIRANJE NA ISELENIOT NAROD
Датум: 25.01.2011 15:03:51
VIZIJA NA SPASOT. Dali e mozno Makedonija da dade makedonski pasosi na najmalku 500.000 bugarski gragjani od onie raselenite od Egejot,Vardarot tri milioni nasi lugje?Krajno vreme e Gruevski i Ivanov da obrnat vnimanie i ja ublazat makedonskata tragedija na egzodus.
Од: VP
Датум: 25.01.2011 15:49:31
Гледам редиците пред Министерството за правда во Софија - тоа е на аголот на Аксаков и Бенковски. Повеќето се млади луѓе, симпатични. Очигледно е дека изборот е нивен, дека проблемот е економски - пред се. Некој навистина остануваат во Бугарија, почнува да се чувствува тоа - барем во Софија. Има и нешто друго - во Источна Македонија, јазикот е многу блиску до литературниот бугарски, иако Македонци - луѓето од таму имаат сфаќања за Бугарија, различни од оние во Скопје. Многу луѓе имаат и роднини во Бугарија. Значи братучед ти е Бугарин, ти си Македонец, но пак си останувате братучеди, нели? Многу деликатна тема е тоа и дефинитивно нема место за политика! Ова за жал сосема не значи дека Бугарија или Македонија немаат своите интереси и не гледам зошто овие интереси мораат да се совпаѓаат. Еден дечко од Петрич ми раскажуваше како пред Серес редовно го казнели исти полицајци. Додека Грците поминале от грчки на стар македонски и го прашали - гледаме ти името - ти да не си од тој и тој род
Од: Pantelejmon
Датум: 25.01.2011 18:05:41
Cestitki za komentarot! No, ostanuva otvoreno edno drugo prasanje koe treba i novinarski da se odgatne: Kolku Vlasi od Republika Makedonija dobile grcko drzavjanstvo? I kolku li makedonski Albanci dobile albansko? Vo sekoj slucaj, zalna ni e sostojbata, mnogu zalna...
Од: Karokan
Датум: 25.01.2011 19:55:13
G-dine VP,koga vece velis deka vo istocniot del od zemjata jazikot e mnogu slicn na bugarskiot,kazi mi kakov e jazikot vo severniot del od republikata kumanovsko-krivopalaneckiot region.Kakov pag srbite go smetaat vranjanskiot govor.Toa i imalku popismen covek mu e sovrseno jasno.I da se razbereme, istocnite makedonski govori se mnogu slicni duri i isti so soodvetnite govori vo gornodzumajskiot,petrickiot,sandansko-melnickiot govor,no dali ce priznaes deka toa se dijalekti na eden jazik-makedonskiot. Ti si slusnal li severno-bugarski govor i kolku istiot ti e razbirliv.Veruvaj deka severno-bugarskite govori mi se ponerazbirlivi da receme od primorskite (dalatinskite) govori vo Hrvatska!!!!!
Од: Филип
Датум: 25.01.2011 21:39:38
Две прашања. Зошто новинарката вели дека со добивањето бугарски пасош некој Македонец бара резервна татковина? Проблемот е економски и ке се реши кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Тогаш ќе видиме колку пасоши ќе останат во Македонија. 2. Зошто Македонија ова прашање не го покрене во Брисел? Португалија почна да им дава свои пасоши на Бразилците, но Брисел реагираше и се престана со таа практика. Додуша тука има некоја разлика Бразилците се над сто милиони, а Македонците 2. Уште еднаш, овојпат од коментаторите, барам да пишуваат на кирилица. Набавете си македонски фонтови и почитувајте го Законот за македонскиот јазик.
Од: do VP
Датум: 25.01.2011 22:19:43
Ne se bas tolku bliski.Mojot bratuced od Stip,a i drugi, pred da odi da studira vo Sofija,odese na privatni casovi po bugarski jazik za da go nauci i da studira tamu.Makedoncite od bilo koj del na Makedonija,ako ne go naucat dobro bugarskiot jazik,ne mozat da go zboruvaat.
Од: Procesot prodolzuva
Датум: 25.01.2011 22:28:21
Kako odaat pregovorite za imeto , a i procesot na integracija vo EU , se mislam deka dodeka toa se zavrsi 90% od naselenieto vo Makedonija ce imaat tudji pasosi Cekajte koga ce vleze i Srbijha, ce pocne zemanje i na srpski pasosi, taka da imame sansi vo Makedonija da ostanat samo umrenite i vmr-ovcite.
Од: devicanecot
Датум: 26.01.2011 09:42:50
Почитувана Тамара! Не се одобрени 20 000 пасоши за македонците, туку 20 001, заедно со пасошот бугарски на Владо Димов.

Најди! во Утрински
Едиторијал