Број 3366  вторник, 24 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Циганите летаат на небо

ПАРИЗ - Депортирањето на Ромите од Франција во нивните земји на потекло ќе почне денес, најави француската влада. Со 51 камп на Ромите низ земјата, кои се демонтирани во текот на август и уште речиси 250, кои ќе ја доживеат истата судбина до октомври, околу 700 Роми ќе бидат авионски депортирани до крајот на август.

Првата група Роми ќе ја напушти Франција денес, при што ќе бидат вратени 79 Роми. Министерот за имиграција, Ерик Бесон, изјави дека Ромите се согласиле да се вратат по сопствена волја, пишува „Ле монд“. Возрасните добиваат по 300 евра во готово за враќањето, додека за децата е предвидено по 100 евра. За да го спречат нивното враќање и да добијат повратни пари француските органи планираат да ги соберат биометриските податоци од оние што се испраќаат во своите земји.

Според правилата на ЕУ, Ромите можат слободно да патуваат во Франција, но треба да докажат дека можат да се издржуваат, со цел да им биде дозволено да останат подолго од три месеци. Се проценува дека околу 15.000 Роми од Централна и од Источна Европа, претежно од Романија, се наоѓаат во Франција.

Демонтирањето на камповите е дел од пошироките безбедносни ограничувања, што ги најави францускиот претседател Никола Саркози на крајот од јули. Тој чекор веднаш наиде на критики кај левоориентираната опозиција, но во поново време, исто така, и кај политичарите од централно-десничарската партија УМП на претседателот. „Ние не стигматизираме заедница, туку ги тераме луѓето да го почитуваат законот“, изјави министерот за внатрешни работи, Брис Кортефокс, оправдувајќи ги потезите на владата. Француските власти укажуваат дека минатата година околу 10.000 Роми биле депортирани од Франција во Бугарија и во Романија.

Бесон од своја страна призна дека некои од депортираните можат да се вратат и дека тоа им е дозволено „како што е наведено во законот“, но тие „не можат илегално да се населат, а не, пак, да добиваат доброволни приходи за помош. Тој, исто така, возврати на критиките од еден политичар на УМП, кој ја спореди евакуацијата на камповите со собирањата во Втората светска војна, изјавувајќи дека не би сакал да се користат такви зборови. „Со луѓето се разговараше, нивниот идентитет е потврден и им нудиме пари да се вратат во земјата од каде што потекнуваат“, изјави тој за радиостаницата РТЛ. „Би сакал некој да ја објасни поврзаноста со собирањата од Втората светска војна“.

Во меѓувреме, Романија изрази загриженост поради потенцијалните проблеми што произлегуваат од политиката на Франција. „Загрижен сум поради ризиците дека ова ќе навлезе во популизам и ќе доведе до одредена реакција на ксенофобија во услови на економска криза“, изјави министерот за надворешни работи, Теодор Баконши, во интервјуто за РФИ Романија. „Ако разменуваме обвиненија или колективно ги криминализираме етничките групи, ги оживуваме сеќавањата, меѓу нив и оние непријатните, и место да најдеме решение ќе создадеме тензии“, додаде тој.

Двајца државни секретари на Романија треба да отпатуваат во Франција на 30 август за да разговараат за интеграцијата на Ромите и „како да се спречат злосторствата“. (ЕУ обсервер)


#
Статијата е прочитана 2163 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 19.08.2010 03:42:56
samo amdi ,,na' bajram moze da go resi slucajov so protesti pred francuska ambasada
Од: SARPLANINAC
Датум: 19.08.2010 04:47:04
Zasto svetov igrrt igracki so ovoj narod zasto gi maltretiraat i gi vrakaat vo ROMANIJA BUGARIJA SRBIJA MAKEDONIJA zasto ne gi vrakaat od tamo i od kade ORGINALNO DOSLE I KOE ISTORISKI JE DOKAZANO DEKA DOSLE od INDIJA vo evropa da se macat vo BEDA I SIROMASTIJA indija je golema i so mineralno bogatstvo je od najbokatite drzavi vo svet plus na romite ke im odgovara INDISKATA KLIMA kade kukite se bezpotrebni moze komotno da se zivee pod sator 365 dena godisno. Sto se macite tuka na ovoj PROKLET BALKAN kade i nie HRISTIJANITE dojdovme do STAP I TORBA i postanavmo novi BALKANSKI ROMI .Jas licno bi vi posakal SREKEN PAT VO VASATA STVARNA TATKOVINA INDIJA.Blagodaram za vaseto vnimanije.
Од: birhan.k
Датум: 19.08.2010 07:15:17
tipična fašistička ideologija!!
Од: ace
Датум: 19.08.2010 10:13:54
a so fajde od ciganite za francija???samo da im tezat na grbot,da ja cicaat drzavata,da zemaat socijalno,da kradat..klasicni nerabotnici.normalno ne se site isti,no kaj niv procentot na nerabotnici e golem..najgolem..sekade se isti...od denes do utre...ciganska rabota zar ne?
Од: Kiril
Датум: 19.08.2010 11:18:17
Добро бе, не ви страм да пишувате вако наслов? Вие сте еден од главните медиуми во Македонија, како можете да си дозволите расизам?
Од: feko
Датум: 19.08.2010 12:12:45
navistina zalosno sto nekoi kako vas vaka mislat za Romite(ciganite).Zosto ne gi osudite postapkite na Sarkozi koj im go uzurpira pravoto na izbor na mesto na ziveenje bidejki poteknuvaat od Romanija i Bugarija koi se vnatre vo Evropa, koja nema granici i koja bozem gi garantira pravata na svoite gradjani. Eve vo kakva Evropa sakate da odite.A vie vakvi koi mislite deka treba da se deportiraat vo Indija imate iskustvo sto vi se sluci koga mislevte i nekoi drugi ke gi vratite vo nivnite maticni drzavi a tie dojdoa na vasite rabotni mesta koi nasledno gi drzevte. I tie sto gi narekuvate ne rabotnici koi poradi vakvite kako vas se 90% nevraboteni eden den ke im gi ostapite udobnite rabotni mesta, se budi svesta i kaj niv nemajte gajle. Ja osuduvam postapkata na Sarkozi koj javno vo 21 vek manifestira ksenofobija i nasionalizam kako presedatel na edna mnogu vazna drzava kako sto e Francija sto e sram za demokratska Evropa.
Од: ROM
Датум: 19.08.2010 15:05:29
Uuuaaaaa rasisti.............

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Невена Поповска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски