Број 3659  четврток, 18 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спор��
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
3659

Ахмети добро се испазари со Груевски

Сопартијци на Ахмети ќе им ги земат столчињата на Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Љупчо Тодоровски

Светлана Унковска
Жаклина Ѓорѓевиќ

Завршување на музејот на Кале и изградба на црква во центарот на Скопје во замена за затворање на хашките случаи и решавање на статусот на борците на ОНА. Таков договор, наводно, бил постигнат меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Вчера никој од двете партии не сакаше ниту да ги потврди ниту да ги демантира ваквите информации, бидејќи и натаму стоеле на принципот да не зборуваат ништо за преговорите додека не се постигне договор.

Според неофицијални информации, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, било многу важно да ги истурка проектите од „Скопје 2014“, меѓу кои е и музеј-црквата на Кале, околу чија изградба во февруари се случи сериозен инцидент. Оттука станува јасна и политиката на ДУИ, чии членови и функционери тогаш насилно го уриваа објектот и не дозволуваа да се изгради, така што тој стана дел од коалициските преговори. Исто така, било договорено ДУИ да не се спротивставува на изградбата на црквата. Но, дознаваме дека партискиот лидер, Али Ахмети, ги условил коалициските партнери да се откажат од идејата таа да биде на плоштадот, туку да се избере друга локација. Ахмети го објаснил тоа со фактот дека би можело да се случи повторно да има протести од албанската етничка заедница и дека притоа повторно ќе бараат заедно со црквата да се гради и Бурмали џамија. Груевски, наводно, бил принуден да се согласи и за тоа, па како алтернативен простор бил избран паркот кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, пред Домот на АРМ.

ДУИ, како што тврдат нашите извори, за возврат добила ветување дека во најкус можен рок по формирањето на Владата ќе бидат затворени хашките случаи, кои за интегративците се една од најболните точки. Во истиот пакет е и решавањето на статусот и обезбедување пензии за борците на поранешна ОНА. Во претходниот мандат ДУИ не успеа да го истурка тоа. Но, Ахмети не сакал да остави се' на случајот, па затоа инсистирал прво да се затворат прашањата што ги бара ДУИ, а дури потоа би се почнале проектите на ВМРО-ДПМНЕ со музејот и црквата.

Дознаваме и дека во меѓупартиските преговори било договорено местото шеф на парламентот, дефинитивно, да го добие ДУИ, но дознаваме и дека во ВМРО-ДПМНЕ не биле многу расположени потпретседателката на интегративците, Теута Арифи, да седне во првата собраниска фотелја, поради нејзините отворени критики за владините потези во претходниот мандат. Како едно од можните решенија, покрај Ермира Мехмети, се спомнува и Џевад Адеми. ВМРО-ДПМНЕ го преферира Адеми бидејќи како претседател на Комитетот за меѓуетнички односи успешно изигра да не се одржат седниците на кои требаше да се отворат многу жешки теми, како проектите „Скопје 2014“, македонски јазик за албанските првачиња...

Од кадровските комбинаторики се шпекулира дека Горан Трајковски, првиот човек на Управата за јавни приходи, ќе дојде на местото на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која, пак, најверојатно, ќе ротира во ресорот правда. Како имиња за првата позиција во полицијата се вртат и началникот на штипската полиција Ѕвонко Каширски и актуелниот министер за образование, Никола Тодоров, за кој, исто така, се шпекулира дека би можел да биде испратен за амбасадор, иако самиот коментира дека дипломатијата за него не е предизвик.

Но, еден од најновите моменти во преговорите е тоа што ДУИ, според нашите извори, најверојатно, ќе го добие Бирото за јавна безбедност, каде што се слеваат информации за сите форми на организиран криминал, безбедност во државата, граничната полиција, потоа информациите за државјаните, пасошите, личните карти, сите форми на лични документи. Во ресорот полиција, како и досега, се шпекулира дека ќе го задржат досегашното заменичко место, но, можеби, со друга политичка фигура.

Како сигурно се смета дека Министерството за транспорт и врски го губи ВМРО-ДПМНЕ, а го добива ДУИ. Досега на негово чело беше Миле Јанакиески, но неговото име досега не се спомнува во кроењето на идните министерски места. Сепак, „битката“ во овој ресор се' уште трае во меѓукоалициските преговори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ инсистира да ги задржат клучните фондови на Министерството каде што најмногу се вртат парите. ДУИ, според неофицијални информации, ќе го добие министерското место во одбраната, а се' поизвесно е дека ќе ги задржи и економија и труд и социјална политика, но не се знае дали тоа ќе бидат истите личности што и досега раководеа со овие ресори.

Конечната распределбата на ресорите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се очекува да биде позната денеска или најдоцна утре.

 


#
Статијата е прочитана 9412 пати.

Испрати коментар

Од: evropa
Датум: 24.06.2011 00:10:23
bravo znaci onie koi ubivaa makedonci i sakaa da ja srusam mak ce dobijat kako nagrada i zasluga penzija...a makedoncite pat pod noze i snaodjaj se po svet ocigledno sprema vmro va mak ima mesto samo za albanci............
Од: Itar Pejo
Датум: 24.06.2011 00:31:28
Na poslednive izbori VMRO izvojuva golema pobeda, kako sto se gleda od statijava. Na zdravje. Sega uste da vidime sto ce podpise Nikola so grcite.
Од: Еко свест
Датум: 24.06.2011 04:49:14
Сакам да има црква во центарот на Скопје, но никако да не го уништуваат паркчето кај Мајка Тереза. Постојано се сечат дрвајта и се уништува зеленилото, не можеме да живееме во град од бетон и асфалт. Сигурно можат да ја изградат црквата на подобра локација од таа.
Од: Prav Makedonec
Датум: 24.06.2011 06:22:07
Go glasavte, e sega jadete go, Drzavata ke ja prodade ama na vlast saka da ostane, sram za oni sto go dadoa glasot za Prodadenata koalicija, vie ja unazadivte Makedonija i pravite Makedonci
Од: Makedonija
Датум: 24.06.2011 06:51:27
Itarecu, ne mislis deka e vreme da se obedinat Makedoncite ili poarno vie vas sdsmovci da se unistuva Makedonija pa da mozete da go obvinuvate grujo?? Zosto barase crvenkovski bash sega izbori? Ne mislis deka poarno ke bese da se sprovede popisot odnosno da se zdruzhat makedonskite sili da go sprecat albanskoto nasilstvo? Odgovori na ovie prasanja ili si samo uste eden lev "Makedonec" sto turka partiska agenda nad drzavna/nacionalna? Nikoj ne moze da reci grujo e kriv za albanizacijata na MKD toa odamna e spusteno od crvenkovski, georgievski itn.
Од: Jovanka
Датум: 24.06.2011 07:12:45
Bravo za Gruevski, nasite braniteli po zatvori i po ulicite, a borcite na ONA vo penzija
Од: Битолчанец 963
Датум: 24.06.2011 07:35:57
Со давањето на Бирото за јавна безбедност кое има контрола врз издавањето на лични карти и пасоши да не не чуди ако за рекорден брз период македонците станат малцинство бидејки не е чудно цело Косово да добие и македонски лични карти (па нели треба да се лекуваат рамноправно де) РЕЗИЛ ЗА КОЈ НЕКОЈ ЌЕ ДОБИЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА
Од: do evropa
Датум: 24.06.2011 07:37:31
Nemoj Evropo mnogu da se cudis, pa ti sesrdno gi podrzuvase vo 2001, kako i proevropskata ni opcija, koja sega na "ubijcite" neli im ponudi premiersko mesto. Deplasirane se vekje vakvite komentari vo soglasnost so dnevnop'olitickata potreba.
Од: Nato-Jato
Датум: 24.06.2011 07:51:48
Nie kje gradime crkvi kje gledame kolku bil golem Voinot na Konj , za da ne vidime kako ja gubime drzavata .... Eh patrioti, patriotiii Anticki Makedonci:)
Од: Јосиф Давидов
Датум: 24.06.2011 08:35:17
Колку е лесно да си новинар во Македонија Ако го прочита текстов некој од професорите што им предавал на авторите на на текстот, сигурно ќе се запраша, сигурно не ми било добро кога полагале кај мене, па добиле преодна оценка.За една сериозна тема каде се работи за формирање на влада на РМ да се користат термини од типот, наводно,се шпекуира,ниту демантира ниту потврдува,неофицијални информации,нашите извори. За беспрекорно да функционира една влада на држава се предлагаат најдобрите кадри од партиите кои коалицираат за состав на новата влада и тие не се пазарат туку се договараат за да дојдат до квалитетни решенија за соств на владата како би се релизирале програмите кои ги ветиле на граѓаните во предизборните птердставувања, а јас сум уверен дека тоа ќе го направат најдобро за добробит на сите граѓани во Македонија. За добро да фунционира една држава како што е Македонија има компромис а не пазарења како што пишувате вие.
Од: Горан Атанасовски
Датум: 24.06.2011 08:40:21
Убијците-терористи од УЧК во ниеден случај не СМЕЕ да се дозволи да користат дел од буџетот на Р. Македонија. 10 години оваа земја оди назад со дополнителните барања на рамковно обезправените. НЕ ИМ ДАВАЈТЕ НИШТО! Зашто да добиваат плати или пензии , зашто можеби станале на интонирање на химната или пак можеби го завеале македонското државно знаме ?
Од: Вано
Датум: 24.06.2011 09:01:15
“за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, било многу важно да ги истурка проектите од Скопје 2014“ ОВА СЕ ПРИОРИТЕТИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ!!! ОВА МУ Е НАЈВАЖНО НА ЧОВЕКОТ КОЈ ИМА МАНДАТ ДА ВЛДЕЕ СО ДРЖАВАТА!!!! НЕ РАЗБИРАМ, СТВАРНО НЕ РАЗБИРАМ!!! ОВА Е БОЛНО!!!
Од: kiki makedonski
Датум: 24.06.2011 09:26:54
Браво Грујо. Така се преговара. ДУИ добиваат претседател на парламент ( кој во одредени околности може да врши должност претседател на држава ) две од најважните мистерства, пензии за ОНА, затварање на хашките случаи и и и и и кој знае уште што. ВМРО ДПМНЕ во разговорите е македонски ориентирано. НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ ОБЕЗБЕДИ ДВЕ ЦРКВИ ЗА МОЛЕЊЕ. и можеби навистина ќе ни бидат неопходни
Од: Трпе
Датум: 24.06.2011 10:20:25
На Грујо,му се досадија овие 5 години на владеење со ова жална државичка со крв створена,па сега ја нуди на распродажба.Сигурно планира друг бизнис.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 24.06.2011 10:44:14
А споменици на Кемал Ататурк и ТИТО
Од: mark
Датум: 24.06.2011 10:47:50
Pa dragi moi neli i 1903 g imase manifest se molea brakata albanci turci da ni pomognat za osloboduvanje i vidovte sto se sluci taka i sega Grujo znae sto ke bide pa ne slucajno gradi crkvi i spomenici narodot da mu se moli po crkvite tamo popovite ke mu go perat mozokot a koga ke izleze od tamo da se moli pred Ace da ozivee i da se vrati da ja do unisti Makedonija bidejki istoriski gledano toj ja unisti drzavata sakajki da osvoi drugi narodi na kraj majka mu rasplakaa negovite a posle ke odime kaj Filip preku most da go molime da napravi uste eden Ace i belki nema da gi pravi istite greski ke si ja gleda idninata na drzavata veruvam deka za ovie 4000 g odmarajki se mu dosol umot pa ke znae kako da ja zacuva svojata drzava a ne da koli i besi drugi narodi i sto e najloso seme ostavi i denes imame braka hunzi koj ako nebese prerodbata nemase nikoj da gi znae deka postojat e ova tie manifestot na grujo davam nedavam kako petelot i kokoskata na buniste na kraj ke dade ama go izmaciv .
Од: Evroazija
Датум: 24.06.2011 11:39:10
Бранко да може со две раце ќе им понуди и премиерско место, а да имаше ВМРО повеќе пратеници, подруг ќе беше пазарот.
Од: teroristi plateni so pari od gragjanite
Датум: 24.06.2011 11:51:35
ZAPOCNA PRODAVANJETO NA ZADNICATA, SAMO DA SE BIDE NA VLAST. NA ZDRAVJE NEKA VI E MAKEDONCINJA, ONIE STO 2001 PUKAA PO NASITE BRANITELI SEGA KE SI DOBIJAT PENZII I TOA ZAMISLETE OD NASITE PARI, OD NASITE DANOCI. PLUKAA PO SDSM DEKA PRAVELE KOALICIJA SO TERORISTI, A SEGA NA ISTITE TIE TERORIST KE IMA DADAT PENZII, PA OVA NI NA OSAMA BIN LADEN MU NEMA USPEANO, DRZAVATA DA FIINANSIRA TERORISTI. EDNO GOLEMO BRAVO ZA NASATA NI VLADA, ZA VMRO DPMNE, NE DOTURKAA DO AMBISOT PA I MALKU PODOLU OD TOA. REFORMITE PRODOLZUVAAT, MEGJUTOA ZADNICATA E PRODADENA,
Од: MENE
Датум: 24.06.2011 11:55:17
Од сево ова само ми е криво што не сум роден во некое село што го нема на карта, што не сум од друга националност различна од МАКЕДОНСКАТА и што не бев командант во 2001...изгледа тоа е формулата за успех во нашава држава...барем додека ја имаме!!!
Од: jovan
Датум: 24.06.2011 11:58:33
A sto tolku dobro se "ispazaril" DUI?
Од: elvis
Датум: 24.06.2011 11:58:36
jaknenje na SDSM slabeenje na poziciite na bilo koja vlada ,toa ti e daden glas za SDSM sega slikajtese
Од: Charli
Датум: 24.06.2011 12:09:36
Eden odi 450000 slepci vodi. Eve vi go manifestot i vasite "patirotski" cuvstva -edni se predavnici edni se nemakedonci edni onakvi edni onakvi - E MOJ MAKEDONSKI NARODE DO KOAGA KE SE UCITE ILI SE ZNAETE!!!!
Од: Vlatko
Датум: 24.06.2011 12:29:41
Sto sakate sega VMRO-OVCI ? go glasavte li neli, e pa sega udirajte so glava vo zid.E jadno Makedonce sega li vi stana jasno koj e Gruevski i sto saka,za nego Makedonija nee bitna, i ne mu e bitno sto ke se sluci so nea.Strasno ste izmanipulirani site vie sto go glasavte. Ovaa greska tesko ke se ispravi,site vie sto go glasavte ste direktni soocesnici vo ovoaa predavstvo,ovoaa se vika PREDAVSTVO.
Од: Sem
Датум: 24.06.2011 12:37:51
na zdravje Makedonijo !!!
Од: од мене
Датум: 24.06.2011 12:51:27
Шизикот кој немаше никогаш да коалицира со терористи ќе им даде и пензија.А оние кои ја бранеа земјата ќе завршат како Љубе. Патетика Го гласавте сега уживајте!
Од: da toa sum jas
Датум: 24.06.2011 12:59:58
DA za reformite:)eh moj narode narode!!!ovci za 500den!
Од: CVORKI
Датум: 24.06.2011 13:41:13
Kakov dobar pazar, DUI dobiva CVORKI, naslovot e samo zamagluvanje na OCITE za DUI ne se razbudi od opivkata na VMRO. Kako moze da bide dobar dogovor koga drugata strana nudi PREMIRSKO mesto. DIU dobi t.n tender ministerstvo da zivee korupcijata.
Од: goc
Датум: 24.06.2011 13:42:01
a be moralnite pobednici od SDS sakaat da go dadat premierskoto mesto ,a vie se vozbuduvate za haskite slucai.Do koga be ke ne masirate nas 450000 .Pozdrav do slednite izbori 2015
Од: Komentar
Датум: 24.06.2011 13:42:52
Do site komentatori i sugestii dadeni do ovoj moment.Sto se cudite,ovaa ne mislevte deka ke ne najde.Doprvo ke vidite posle novite izbori uste poveke ke paga procentot na mk.pratenici a ke raste na dr.nacionalnosti vo drzavata.Edinstven narod sme nie koi si rabotime protiv sebe.Duri i najlojalnite mk.so islamska veroispovest od popis na popis gi gubime vo dr.nacionalnosti,a za toa se krivi i prethodnite i segasnata vlast.Kolku samo bugari ke imame sega ke treba i Bugarski spomenici po 5-6 god.da pravime vo Skopje.OSVESTISE MAKEDONSKI NARODE.
Од: spase avstralija
Датум: 24.06.2011 13:43:40
Namesto REFORMI vo samata crkva da bidi poveke so narodot tie pravat crkvi koji narodot samiot ne e vo potpolna sloga i bara bez izgovori kaj SINODOT deka nemaat kapacitet da gi OBEDINAT vernicite toj nas sinod nema nikakva strategija. Eden problem ne resil i sega nova crkva ne e problem i toa NO sustinski promeni nema toa e maked.tkovo a za pazarlokot VMRO ke izgubi mnogu ako sve ova e tocno ova e golem udar na doverbata.
Од: Vmrovec
Датум: 24.06.2011 14:34:53
Da dobies crkva na plostad a za vozvrat da dobijat transport i vrski i odbrana??????????
Од: jovan
Датум: 24.06.2011 14:51:48
kako stojat rabotite po se izgleda vo idnata vlada ke nema mesto za avdi bajram.steta ne ke moze evropa da vidi eden vrven politicar koj koga izleguva na govornica i samiot ne znae sto kazal.
Од: flying-monaco
Датум: 24.06.2011 14:59:59
Da se ispazari,blagodarenie na prodadenite ligushi na RM. Kako vo prikaznata: da mu pukni kozata na komshijata, No pak kje se spravat, i ke ja dochucat RM i samostalna, i bez prodavachite na MKD.se misli na komunistite na celo so BC.
Од: ali
Датум: 24.06.2011 16:33:23
Abe sto go obvinuvate Grujo.....pa i za ovaa rabota vinoven e DEZURNIOT BRANKO...za se e on vinoven neli?
Од: aleks
Датум: 24.06.2011 16:39:49
Bog da cuva do vcera se borea branitelite sega ke imaat minister za odbrana od uckite katastrofa so vakvi potezi se unistuva moralot kaj makedoncite jabe spomenici posle toa.
Од: Dare
Датум: 24.06.2011 16:55:02
eeeeeeeee koja tragedija, namesto ovoj ahmeti da e vo hag, toj ke ni popuva za zivotot vo makedonija! ubij se makedonijo....bezglasna bukva sme!
Од: Виктор
Датум: 24.06.2011 17:43:45
Тие што убивале и киднапирале не само што нема да ги судиме, туку и пензии ќе им дадеме, ама битно кејфот на Паско ќе го истераме.
Од: Arber
Датум: 24.06.2011 18:28:11
Jas neznam zasto se bunaat Makedoncite, neli sakaat da zivime vo zaedniocka drzava, neli ova drzava e i moa kolku i nivna...Jas mislam deka i resorto Nadvoresni raboti bo treba da se rakovodi od Dui i najsperioen kandidat bi bil Agron Buxhaku
Од: bez imen
Датум: 24.06.2011 19:13:17
KRAJNI VRENE BESE DA SE OTVORAT KARTITE ?NIKOJ NE JA PRIFAKA FTORATA SVETSKA VOJNA ZA REALNOST POSLE PAGANJETO NA BERLINSKIOT ZID , AMA OVA E TIFKO PRODOLZENIE OD TIE STO IZGUBIJA VO TAA VOJNA .NO KADE BESE VMRO VO TOA VREME .TAMO E I DENES SO TIE STO JA PODELIJA .
Од: Od Prijatel
Датум: 24.06.2011 20:00:09
Nee kriv Grujo krive ste vie sto glasafte za bc toj bese spremen sve da dade i premiersko mesto i Ime e drzava zname samo Makedonija da ne postoii vie se samite unistuvate...............
Од: megi
Датум: 24.06.2011 23:24:38
ZALNO , ZALNO , DO BOLKA.KAKOV NAROD SME NIE?STO LUDJE SME?ZASTO OVA NI SE SLUCUVA? EPA NEKA NI E NAZDRAVJE..KOJ GO GLASASE OVOJ COVEK STO GRADI SPOMENICI NAMESTO DA JA GRADI MAKEDONIJA....VO SLOGA SO DRUGITE NACIONALNOSTI...NO SO MERKA...BOLNO I TAZNO...TUKU DA SI ZIMAME BUGARSKI PASOSI...OVA NE ODI NAPRED.....BOLNO..........

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ГЛОБАЛИСТ
Љупчо Поповски
Поглед
Јасминка Павловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Тина Иванова
Мислења
Драган Поповски
Комплексот над Јужен булевар порасна за 18 ката

Европската „кралска двојка“ како утеха

Лацио ќе напаѓа, Работнички ќе демне

 
Пет минути интервју
Мојата кожа одамна е испечена

Гоце Арнаудов - пејач
Војвотката од Алба
Разделила 5 милијарди долари за дозвола за брак

"""