Што прават денеска
Данило Коцевски
дир. на СВП
Денеска очекувам да ми се случи еден од најубавите денови во годината. Вечерва е отворањето на 49. издание на „Струшките вечери на поезијата“, на што сме посветени со работа цела година. Пристигнуваат гости од пет континенти, пријатели на Струга и на поезијата. Свеченото отворање ќе се пренесува и на МТВ, со почеток во 20,30 часот.
Шенка Колозова
актерка и сценаристка
Речиси цело лето сум во Охрид, па времето го минувам и работно и одморски. Покрај тоа што се грижам за внуката и за нејзината другарка, работам и на сценаријата за Македонските народни приказни, што од септември треба да продолжат да се снимаат за МТВ. Во меѓувреме снимивме и две приказни за една локална охридска телевизија.
Весна Станоевска
харфистка
Тукушто се вратив од одмор од Хрватска и од Австрија, но, за среќа, имам време до почетокот на пробите во Операта, па можам да се адаптирам на скопскиот амбиент. Деновите до 30 август, кога започнуваме со пробите, ќе го искористам да се видам со пријатели што се дојдени од странство. |