Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Ќе станат ли барањата на Атина заклучоци на ЕУ?

Грција бара во заклучоците да влезе дека реформите во земјава не се постојани

Тамара Грнчароска


Министрите за надворешни работи на ЕУ, конечно, денеска ќе го усогласуваат заклучокот за Македонија, кој треба да биде усвоен на самитот на ЕУ. Дискусијата за Македонија се одложуваше од минатата недела поради неусогласеност, пред се', поради притисокот што го врши Грција во него да влезат заклучоци кои таа ги бара - дека спроведувањето на реформите во Македонија не се постојани и Советот да не поставува рок кога повторно ќе го отвора прашањето за Македонија.

Она што се дознава од Брисел е дека се прави нова верзија на текстот во кој во основа ќе биде наведено дека ЕУ е задоволна од прогресот на реформите, но со изразување на незадоволството дека тие се прават со непостојано темпо, повикувајќи се на извештајот од ЕК. Спорниот момент е дали Грција ќе успее да издејствува Унијата да не се навраќа на прашањето за Македонија на следниот самит, кога претседавач ќе биде Унгарија, туку да се даде безвременска рамка за тоа.

Доколку заклучокот ги содржи овие одредби, ќе значи дека недавањето датум за старт на преговорите со Македонија ЕУ го прави поради непостојаноста на реформскиот процес во земјава, а не само поради нерешениот спор околу името со Грција, т.е. неможноста да се обезбеди консензус во ЕУ да ни се даде датум за преговори. Министрите денеска ќе решат и дали да ја послушаат Атина, политичкиот став на ЕУ за изнаоѓање решение за спорот за името да се вметне како заклучок во документот, со што тој ќе се формализира во конкретен услов за земјава.

Ден пред расправата на министрите за Македонија, од Словенија пристигна одговорот на писмото на македонскиот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, со кое тој бараше поединечно од секој свој колега Советот на ЕУ годинава да ни одреди датум за преговори. Во одговорот на словенечкиот министер Самиел Жбогар се наведува дека „што се однесува до пакетот за проширување во 2011 година, особено сум задоволен што ЕК ја повтори препораката до Советот за почеток на преговори“. „Знаеме дека препораката е повторена врз основа на постигнатите реформи и поради тоа сме подготвени да ја поддржиме одлуката на Советот за давање датум за почеток на пристапните преговори“, наведува Жбогар. Сепак, словенечкиот шеф на дипломатијата не испушта да потенцира дека во насока на продолжување на реформите за бенефит на граѓаните „изразува искрена надеж за изнаоѓање решение во врска со прашањето за името со Грција“. Од писмото на Жбогар до Милошоски не може да се насети во која насока ќе се движи дискусијата околу Македонија, но, сепак, се покажува промена на решението и од нашите најголеми поддржувачи во ЕУ, како што се Словенците, кои ако досега „се заложуваа Македонија да добие датум“, сега реториката ја модифицираа во „поддршка на одлуката на Советот за датум за Македонија“. Преведено од дипломатскиот речник, Македонија по малку ги губи земјите кои до скоро беа подготвени да стават рака во оган за неа.

И додека министрите за надворешни работи на ЕУ го финишираат заклучокот за Македонија, кој може да биде и пресвртница во досегашните ставови и заклучоци на ЕУ за пристапувањето на земјава, министерот Антонио Милошоски вчера отпатува во официјална посета на Андора, една од најневлијателните држави во Европа. Во соопштението од МНР за посетата на Милошоски се наведува дека со неа се остварува прва официјална посета на Андора од министер за надворешни работи на Македонија и таа „го одразува интересот и подготвеноста на нашата земја за натамошно развивање на билатералните односи и соработката со оваа земја“.


#
Статијата е прочитана 1039 пати.

Испрати коментар

Од: Секој што фатил работа со Грците...
Датум: 14.12.2010 12:43:10
И после ке кажат - не било тоа вето од Грција, ��уку заеднички заклучок. Пфффф. Затоа и никогаш нема да ги биде. Најдобро да си бараме друго чаре кај некој што вистински не цени и сака, а на ЕУ ете им ги Грците - нека им се со среќа, нека и нив ги стаса клетвата на Александар.
Од: Јован АН
Датум: 14.12.2010 13:01:31
Пофторно вицот за прием во ЕУ:Се кандидираат за ЕУ Бугарија,Романија и Македонија.Прашање за Бугарија:-Кога е фрлена првата атомска бомба? - На 6 август 1945! - Одлично,примени сте! Прашање за Романија: - Врз кој град е фрлена првата атомска бомба? - Врз Хирошима! - Одлично,примени сте Прашање за Македонија: - Колку жртви имаше од првата атомска бомба? - Сто илјади - одговара Македонија. - Ајде,ајде,наброј ги по име и презиме! - бара Европа.
Од: Вицкастиот
Датум: 14.12.2010 13:49:14
Страшен виц,Јоване и ептен тазе!Така е кога учиш вицеви од берберот!И сега што правиме?Ќе се здружиме со Зимбабве и Казахстан и ќе правиме конфедерација со Хунзите?Или ќе колнеме како стрини како овој коментатор после тебе:За вас се само Мугабе и Газафер!
Од: oko
Датум: 14.12.2010 14:27:32
Она што се дознава од Брисел е дека се прави нова верзија на текстот во кој во основа ќе биде наведено дека ЕУ е задоволна од прогресот на реформите, но со изразување на незадоволството дека тие се прават со непостојано темпо, повикувајќи се на извештајот од ЕК. A zasto ne se povikuvaat na EK koga taa veke vtorpat preporaca pocetok na pregovorite.....EU go zagubi celiot kredibilitet i navistina ne e vazno sto tie mislat......Poglednete ja ROMANIJA otkoga vlegoa vo EU 3 milioni Romanci zaminaa od Romanija pa neli ke bilo podobro zasto ovie luge zaminale
Од: kole
Датум: 14.12.2010 20:06:04
E dobro de, EU ne cini, uaaa EU. Pa da se zdruzime so tie sto stvarno ne sakale. Navedete mi eden sto stvarno ne saka.
Од: nekoj
Датум: 14.12.2010 20:17:21
Jovan AN mozete da izmislite i 100 vicovi za sekoj cekor po eden, toa nema nisto da ja smeni nasata situacija. Se znae koj e uslovot za nas, ako sakame tamu treba da se ispolni i toa e. Toa kako bilo za drugi ne e nas problem, a moze i da se iznenadis ako vidis deka ovie zemji sepak imaat 30 milioni ziteli. Mozebi tokmu EU sp proanjeto na vakvi nezreli zemji sega ke se pazi od ostanatite balkanci. KAko i da e od vas se bara da najdete resenie za svojot problem a so komentiranje na tugi nisto nema da postignete.
Од: Професорка до Око
Датум: 14.12.2010 21:21:07
Гледам ЕУ пропаѓа и ќе пати ние ако не влеземе. Ај доста од наивни и испрани мозоци. Да ти кажам нешто Око. Од цела планета никаде не ми е поубаво одошто во Лондон, Париз, Барцелона.....А тука само мизерија. Дај боже побргу да влезевме.ама се немало ксмет од неспособни и арамии.

Најди! во Утрински
Втора страница
Пара(лелен) попис?!
Бугарија крена раце од пријателството со Македонија
Вербатим
 

Kosovo and Albania reject accusations of organ trafficking
Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister